Пренослив и лесен за носење

Носете го со вас, каде и да одите

Компактниот звучник комбинира дизајн при кој можете само да го земете и да појдете, со издржливост и отпорност на вода, прав и удари со ознака IP66 и IP67. Има отстранлива лента за на рамо наменета за пренесување и батерија која трае долго, за да ја носите вашата музика со вас, каде и да одите.
Еден човек на скејтборд го носи звучникот ULT FIELD 3 преку рамо
Еден човек го става звучникот ULT FIELD 3 во раката на неговиот пријател

Земете го и појдете

Благодарение на неговиот компактен дизајн што е лесен за носење, овој звучник може да го носите со вас насекаде.
Еден човек го става звучникот ULT FIELD 3 во раката на неговиот пријател
Човек оди по улица и го носи звучникот ULT FIELD 3 во рака

Лесно носење

Отстранливата лента за на рамо нуди повеќе опции за носење. Може да виси од вашето рамо или да го поставите да проектира звук каде и да ви треба. Поради тоа е идеален за авантури на велосипед, скејтборд или одење пеш0.
Звучникот ULT FIELD 3 на под до скејтборд
Човек оди на плажа и го носи звучникот ULT FIELD 3 преку рамо со лентата за на рамо

Носете го надвор

Одликувајќи се со ознака IP66 и IP67 за отпорност на вода и прав0, овој звучник е подготвен за слушање покрај базенот, во паркот или други места по ваша желба, независно колку е валкана површината - може и да го миете1. Отпорен е и на сол, што значи дека може да уживате во музиката и на плажа.
ULT FIELD 3 се испушта во песок, се гледа како паѓаат капки вода и прав на производот
Звучник ULT FIELD 3 што стои на песок на плажа

Создаден да трае

Темелно го тестиравме ULT FIELD 3 за удари0 за да бидеме сигурни дека ќе ги издржи неизбежните потреси, паѓања и гребнатини што се дел од секојдневната употреба1.
ULT FIELD 3 се испушта во песок, се гледа како паѓаат капки вода и прав на производот
Икона за батерија со текст „24 часа“.

Уживајте во музика цел ден

Батеријата што трае до 24 часа му овозможува на ULT FIELD 3 да ја репродуцира музиката што ја сакате цел ден.
Цртеж на кој е прикажано дека полнењето од 10 минути нуди издржливост на батеријата до 2 часа.

Полнете само 10 минути

Благодарение на брзото полнење, ќе добиете време за репродукција до 120 минути со полнење од само 10 минути.
Лого за грижа за батеријата.

Грижете се за батеријата

Функцијата за грижа за батеријата ќе ги елиминира вашите грижи за прекумерно полнење на звучникот - тој ќе биде во оптимална состојба подолг период.

Проверете го нивото на полнење на апликацијата

Внимавајте на нивото на батеријата со апликацијата Sony | Sound Connect.
Мобилен телефон на кој е прикажана апликацијата со која се следи нивото на батеријата на ULT FIELD 3

Горе или долу. Изборот е ваш.

Поставете го вертикално или хоризонтално. ULT FIELD 3 е дизајниран за оптимален звук на кој било начин, поради што можете да го користите како и да ви одговара во вашата соба.
ULT FIELD 3 прикажан на страна, а до него има вертикално поставен ULT FIELD 3

Бои што ќе одговараат на вашиот стил

Изберете ја бојата која најмногу му одговара на вашиот стил, од црна, кремаста бела и шумска сива0.
Варијации во 3 бои на ULT FIELD 3 прикажани во група, на црната верзија има лента за на рамо
Бел звучник ULT FIELD 3 што стои на песок на плажа
Звучник ULT FIELD 3 во зелена боја на шума стои на песок на плажа до крпа за на плажа