Преземете ја контролата врз режимите, поставките и осветлувањето со панелот на допир што е едноставен за користење. Интуитивен е и осветлен за да можете да управувате со забавата дури и во темно опкружување.
Не прекинувајте ја забавата
Ако временската прогноза не е поволна, нема потреба да се грижите. XV800 има ознака IPX4 за водоотпорност1 кога е поставен во вертикална положба и ознака IPX21 во хоризонтална положба, за да можете безгрижно да го користите надвор, дури и ако зароси.
Горе или долу? Изборот е ваш
XV800 нуди моќен звук независно дали е позициониран вертикално или хоризонтално0. Сензорот ќе го утврди распоредот и автоматски ќе ги прилагоди поставките за да добиете најдобар звук без напор.
Bluetooth® Fast Pair0
Вашите уреди со Android™ ќе можат да го откријат веднаш откако ќе го вклучите.
Party Connect
Поврзете се со најмногу 100 компатибилни звучници и синхронизирајте ја музиката со светилките за сите да може да танцуваат во истиот ритам.
Репродукцијаи полнење уреди преку USB
Приклучете и репродуцирајте музика преку USB-приклучокот и користете го XV800 за да полните други уреди.
Sony | Music Center
Оптимизирајте ги поставките за звук, избирајте листи за репродукција и контролирајте ја функцијата Party Connect. Управувајте со вашите уреди преку вашиот телефон со апликацијата Sony | Music Center.