Моќен звук за забава насекаде

Моќен звук од пренослив звучник

Носете ја забавата секаде со звучникот SRS-XV500. Тој нуди моќен звук благодарение на X-Balanced Speaker Unit, батерија што трае долго и рачка за лесно носење, за да можете да уживате во одличен звук и внатре и надвор.
Група луѓе се забавуваат со SRS-XV500 што репродуцира музика
Слика од тројца луѓе кои седат околу SRS-XV500 со розово амбиентално осветлување

Моќен звук за забава

SRS-XV500 користи вуфери и предни високотонци за да репродуцира длабок и моќен бас и јасни вокали. Поради поголемиот притисок на звукот, нема да може да одолеете на желбата за танцување.
Звучникот SRS-XV500 емитува визуелизирани звучни бранови
Приказ од предната страна на звучникот SRS-XV500

Моќен звук со X-Balanced Speaker Unit

Нашиот X-Balanced Speaker Unit се одликува со приближно правоаголна мембрана што има поголема површина во споредба со стандардните звучници. Големиот вуфер со димензии од 140 мм x 140 мм нуди јасен и длабок бас.
Слика од кружен звучник со двонасочна стрелка, под правоаголен звучник со подолга стрелка под него

Побогато, појасно, подлабоко доживување

Правоаголната мембрана не само што максимално ја искористува површината предвидена за мембрана на звучникот, туку и го зголемува звучниот притисок за да овозможи подлабок и помоќен бас, помало изобличување и поголема острина на вокалите. За побогато, појасно и позадоволително доживување при слушањето.

Слушајте гласно и јасно

Комбинацијата од звучници X-Balanced Speaker Unit и предни високоефикасни високотонци нуди моќен, богат и остар звук. Тоа значи дека сите ќе уживаат во одлична музика.
Приказ од предната страна на звучникот SRS-XV500
Голема толпа луѓе ужива во музички концерт на стадион

ЗВУК ВО ЖИВО

Режимот LIVE SOUND е совршен за музика во живо и XV500 ќе ви овозможи одново да ги доживеете вашите омилени концерти.
Лого за MEGA BASS

Засилете го басот

Активирајте MEGA BASS за да го засилите басот и да ги слушате омилените песни со моќ каква што заслужуваат.
Икона за батерија што прикажува времетраење од 25 часа

Забавата никогаш не запира

Благодарение на батеријата што трае до 25 часа, XV500 ќе ви овозможи да се забавувате цела ноќ.
Мала икона за батерија што прикажува дека 10 минути полнење е еднакво на 2,5 часа користење

Добијте енергија за само 10 минути

Благодарение на брзото полнење на XV500 може да добиете доволно енергија за репродукција до 2,5 часа со полнење од само 10 минути.
Слика со икона од две дланки што држат батерија

Грижете се за батеријата

Благодарение на функцијата за грижа за батеријата, никогаш не треба да се грижите за прекумерно полнење на звучникот, поради што тој ќе биде во оптимална состојба подолг период.

Земете го и појдете

XV500 има удобна рачка за да можете лесно да го носите. Ако звучникот ви е внатре во домот, но сакате да слушате музика во градината, треба само да го земете звучникот и да го изнесете надвор.
Слика од човек кој го качува SRS-XV500 по скали

Изборот е ваш

XV500 може да се позиционира хоризонтално или вертикално, во зависност од вашите потреби.
Слика од предната страна на SRS-XV500 со амбиентално осветлување во зелена и сина боја
Слика од SRS-XV500 ставен хоризонтално, со осветлување во зелена и сина боја

Не прекинувајте ја забавата

Ако временската прогноза не е поволна, нема потреба да се грижите. XV500 има ознака IPX4 за водоотпорност0, за да можете безгрижно да го користите надвор, дури и ако зароси.
Слика од горната страна на SRS-XV500 каде што се гледа панелот за контрола

Амбиентално осветлување и стилски дизајн

Индиректното и амбиентално осветлување што го нуди звучникот може да се вклопи во сите опкружувања. Неговиот едноставен и прегледен дизајн одговара во секоја просторија.
Звучник SRS-XV500 во спална соба каде што преовладува чувство на опуштеност
Звучник SRS-XV500 поставен хоризонтално во спална соба каде што преовладува чувство на опуштеност