Носете ја вашата музика секаде

Не дозволувајте ништо да ви пречи

Излезете и истражувајте со XB100 покрај вас. Овој пренослив звучник е создаден за живот во движење и нуди доволно издржливост и енергија за да ве следи каде и да одите. Исто така, се испорачува со ремен што може да го користите за носење или закачување. 

 

Да живее вашата музика

XB100 има батерија што трае до 16 часа0 за да можете да слушате музика со пријателите преку целиот ден и во текот на ноќта. Процентот на преостаната енергија во батеријата јасно се прикажува на вашиот паметен телефон, доколку го поврзете со XB100, за да знаете кога треба да ја полните батеријата.
Слика од икона за полна батерија и текст „16 часа“ покрај неа

Носете го со вас секаде каде што ќе посакате

Издржливата надворешност и ременот го прават звучникот подготвен за сè. Закачете го на ранецот, на рачниот зглоб, па дури и на дрво кога се сончате, а звучникот завртен надолу ќе го проектира звукот надолу кон вас.

Слушате надвор? Нема проблем

Звучникот е отпорен на вода и прав со ознака IP67,0 па затоа може да го користите и внатре и надвор. Понесете го со вас на базен, покрај река или во парк и слушајте музика додека уживате под сонцето со вашите пријатели.1
Слика од мокар син звучник SRS-XB100 ставен покрај базен. Околу звучникот има дамки од прскање