Серија0 ULT POWER SOUND™1 - чувствувајте се како да сте во прв ред на концерт со слушалките и звучниците создадени за љубителите на музиката. Уживајте во возбудливо аудиодоживување со динамички звук и масивен бас. Подгответе се за максимално уживање.2
Благодарение на звучниците специјално дизајнирани за серијата ULT POWER SOUND, огромниот новосоздаден кружен вуфер, специјално избраниот засилувач, звукот создаден во соработка со хип-хоп професионалците и 360° Party Sound, ULT TOWER 7 испорачува моќен, громогласен звук со длабок бас што може да го почувствувате во вашето тело.
Поврзете ја вашата диџејска опрема и почнете да пуштате музика веднаш, без разлика дали ги забавувате пријателите или организирате поголеми собири. Кога е време за караоке, едноставно поврзете микрофон0 и дозволете сите да учествуваат во забавата.
Дизајниран да биде совршено пренослив за организирање забави, ULT TOWER 7 нуди до 30 часа0 траење на батеријата. Благодарение на водоотпорноста IPX41 и практичните рачки за носење и тркала, тој е подготвен да испорача моќен звук насекаде.
Благодарение на стилскиот дизајн и динамичкото осветлување на светилките, ULT TOWER 7 е усовршен до последниот детаљ за да ја однесе вашата забава на следното ниво.
Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности.