BRAVIA Theatre Sub 8 ставен покрај ѕид, со нацртани звучни бранови кои се распространуваат по подот

Бас кој удира длабоко. Деталите остануваат реални.

Откријте ги скриените детали. Задлабочете се во ниските фреквенции и откријте ги дискретните бас ноти, кои ќе ја збогатат реалистичноста на секој филм. Звучникот од 200 мм и моќноста од 300 W ги збогатуваат песните со бас, кој звучи моќно и прецизно.
 
Дневна соба со телевизор, долгнавест звучник и неколку сабвуфери, поставени околу зоната за седење

Засилете го басот: Пронајдете го совршениот партнер

Додајте сабвуфер за да го подобрите вашиот звук. Ако го впарите со долгнавест звучник, систем за домашно кино или компатибилен телевизор BRAVIA, тој ќе ви понуди поголема длабочина, поголема моќ и побогато доживување при слушањето.
 
Долгнавест звучник, сабвуфер и задни звучници прикажани заедно

Хармонично присуство. Одговара во вашата соба.

Се адаптира на вашата просторија, без разлика дали ќе го ставите покрај мебел или до ѕид. Каде и да го поставите BRAVIA Theatre Sub 8, ќе ја почувствувате длабочината и моќта на басот, кој ќе се вклопи природно во вашата просторија. 
 
Лого за BRAVIA Connect покрај екран на паметен телефон кој прикажува инструкции за поврзување долгнавест звучник со сабвуфер

Лесно поставување и ракување

Сè што треба е да го вклучите безжичниот сабвуфер и да го поставите преку апликацијата BRAVIA Connect за да го поврзете безжично со вашиот систем за домашно кино или долгнавест звучник - не се потребни кабли.
 
Раскошен пејзаж и група различни луѓе кои ја симболизираат посветеноста на BRAVIA за одржливост на животната средина и пристапност за сите

Сакајте ја планетата, паметен избор за сите

Ги засилуваме нашите иницијативи за пристапност, за да им овозможиме на луѓето со оштетен вид или слух да ги користат уредите од Sony и ги прошируваме нашите иницијативи за животната средина преку употреба на рециклирани пластики во нашите производи.
 
Икона за звучник со звучен бран

Длабок нискофреквентен одзив

Икона за звучник

Звучникот од 200 мм создава врвен бас

Икона за два сабвуфери ставени еден покрај друг

Можност за поврзување два сабвуфери

Икона за телевизор поставен на држач

Директно поврзување со компатибилни телевизори BRAVIA

Икона за лакови за сигналот на Wi-Fi

Безжично поврзување, лесно поставување

Икона за апликацијата BRAVIA Connect

Поставување преку апликација за паметни телефони, за лесен почеток

ДИМЕНЗИИ

КОМПОНЕНТИ

Еко порака

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности.