Слика од ушна влошка на слушалките WF-1000XM5 пресечена на половина заради приказ на внатрешните компоненти

Подобра изолација на звукот

Овие меки и еластични ушни влошки, направени од уникатна полиуретанска пена создадена од Sony, нудат подобро прилепување за ѕидот на ушниот канал, а тоа ја подобрува изолацијата на звукот и го блокира шумот - особено во опсегот на високи фреквенции. На тој начин добивате поудобно и пореално доживување при слушањето01.

 Слика од ушната влошка на слушалката позиционирана во компјутерски генерирана 3-D-слика од уво

Стабилно и удобно вметнување

Комбинацијата од еластичен материјал и пена, заедно со новодизајнираната форма, го намалува притисокот во увото и затоа овие слушалки се исклучително удобни. Лесни се за чистење0, а благодарение на четирите големини во кои се достапни, ќе добиете совршено вметнување независно од големината и обликот на вашите уши.

 Слика од бришење и чистење на ушната влошка со памучно стапче покрај слики со линии од марамчиња и стапче со стрелка за надолу

Како да се грижите за ушните влошки на слушалките

Кога ги чистите ушните влошки за изолација на шум, немојте да ги миете со вода, влажни марамчиња и органски средства за растворување како алкохол, бидејќи тие може да предизвикаат предвремено оштетување. Ако на мрежестиот дел на ушната влошка има наталожено надворешни честички како ушен восок, тогаш звукот може да биде придушен или да не се слуша убаво. Отстранете ја ушната влошка од слушалката, нежно допрете го мрежестиот дел со памучно стапче, а потоа ротирајте го памучното стапче за да ги избришете нечистотиите. Внимавајте да не го скинете мрежестиот дел.

Добијте врвна изолација на звук за реално доживување при слушањето

Уникатната полиуретанска мемори пена нуди подобро вметнување и извонредно филтрирање на шум

Комбинацијата од еластичен материјал и пена е удобен, стабилен и лесен за носење

Се испорачуваат во четири големини: SS, S, M, L

ДИМЕНЗИИ

КОМПОНЕНТИ

Еко порака

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности.