Длабоки црни тонови. Светли и детални сцени

Самоосветлувачките OLED-пиксели ќе ви понудат ново ниво на гледање, со бесконечни црни тонови, понагласени светли тонови и богати бои. Неверојатните 4K HDR-детали нудат јасен приказ на лицата, текстурите и текстот - од секој агол.

Слика создадена со извонредни бои

Технологијата Triluminos Pro™, која е ексклузивна за Sony, го збогатува вашето доживување при гледањето со поширока палета на бои и поприродни тонови и нијанси.

Дење или ноќе - сликата се приспособува автоматски

Нема потреба ништо да приспособите. BRAVIA ја открива светлината околу вас и автоматски ја приспособува сликата, за удобно гледање на филмовите во секое време.

Кажете што сакате да гледате

Пронајдете ги омилените содржини побрзо, со гласовно пребарување. Почнете да гледате серија или филм со изговарање на името или пребарувајте гласовно изговарајќи „find action movies“. Притиснете го копчето за гласовна контрола на далечинскиот управувач за да започнете.

Различни функции на HDMI 2.1

Нашите телевизори се опремени со четири приклучоци HDMI 2.1, кои нудат многу опции за поврзување со голем избор на уреди. Со поддршка за 4K со 120 fps, променлива стапка на освежување и автоматски режим со мало доцнење, тие нудат рамномерни и јасни движења и одзив каков што е потребен дури и за брзи игри - на голем екран.

Пренесете го стандардот од кино салите во вашиот дом

Уживајте во навистина незаборавни филмови во домот. Нашиот телевизор ги исполнува строгите стандарди за Dolby Vision®/Dolby Atmos® и DTS:X®, за да овозможи неверојатно амбиентално и реално доживување при гледањето.

Дизајниран да се вклопи. Создаден за вашата просторија

Рамниот дизајн со тенки лајсни ќе го задржи вашето внимание на екранот, за да се задлабочите уште повеќе во содржините кои ги гледате. Приспособливиот држач со две положби ви овозможува да го подигнете телевизорот за да може да ставите долгнавест звучник или други поврзани уреди под него, за вашиот систем да изгледа уреден, балансиран и лесно интегриран.

Технологија за пристапност на Google TV

Може да користите функции за отчитување, транскрипција на звук, пристап преку други уреди и многу повеќе, за да ја зголемите пристапноста на вашиот уред со Google TV.

OLED/4K HDR: Длабоки црни тонови. Светли и детални сцени

Triluminos Pro™: слика насликана со повеќе бои

Автоматско приспособување на светлината: Дење или ноќе - сликата се адаптира автоматски

Google TV: Беспрекорно гледање, овозможено со паметен телевизор

Dolby Vision®/Dolby Atmos® и DTS-X: Филмски стандарди

ДИМЕНЗИИ

КОМПОНЕНТИ

Еко порака

Дизајн со кој се води грижа за животната средина

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ ЗА SONY И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности.

ЕКОЛОШКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ОВОЈ ПРОИЗВОД
  • Контролата на динамичкото задно осветлување, или контрола на осветлување на ниво на точки, ја подобрува енергетската ефикасност преку прилагодување на светлината на екранот според промените на содржината на сликата
  • Режимот за заштеда на енергија заштедува енергија преку прилагодување на светлината на екранот
  • Режимот за исклучување на екранот заштедува енергија преку исклучување на сликата на екранот без потреба да го активирате режимот на подготвеност на телевизорот, а сепак да уживате во звукот