Одличната резолуција и врвниот контраст низ целиот опсег на зумирање се резултат на асферичните и AA-елементите (напредни асферични). Трите елементи од ED-стакло (исклучително мала дисперзија) и елементот од супер ED-стакло ја намалуваат хроматската аберација и разлевањето на боите. Кружната решетка со 9 ливчиња и оптимизираната сферична аберација ги подобруваат ефектите на дефокусирање низ целата слика.
Врвни перформанси за снимање одблиску
Ова е првиот0 објектив со зум во светот во својата класа што нуди опции за полу-макро1 низ целиот опсег на зумот. Минималното фокусно растојание е 0,26 м при максимален широкоаголен зум и 0,42 м при максимален телефото зум, со максимално зголемување од 0,5x низ целиот опсег. Новите нивоа на зумирање одблиску нудат ненадмината слобода и разновидни опции за снимање и фотографирање.
Брзиот автоматски фокус е соодветен за брзите фотоапарати
Четирите оригинални линеарни XD-мотори со голема моќ од Sony и прецизниот лебдечки систем за фокусирање овозможуваат многу брзо и прецизно фокусирање. Ефикасноста на погонот е значително поголема, што резултира со приближно 20% поголема брзина за автоматско фокусирање низ целиот опсег на зумот при фотографирање. Потенцијалот за брзина на фотоапаратите од серијата α со високи перформанси се искористува целосно. Следењето со фокусот не прекинува додека зумирате, за да не ги пропуштите најважните моменти од случувањата.
Подобри перформанси за видео и слики
MF со линеарен одзив овозможува директна и линеарна реакција на рачниот фокус. Функцијата за компензирање на промените во фокусната должина, што е достапна кај компатибилни фотоапарати од серијата α, ги намалува поместувањата на сликата при фокусирање. Вградената оптичка стабилизација, заедно со стабилизацијата на компатибилни фотоапарати од серијата α, нудат екстремно јасни и стабилни рачно снимени содржини.
Врвни перформанси со телеконвертори
FE 70-200 мм F4 Macro G OSS II е компатибилен со телеконверторите од 1,4x и 2,0x од Sony. Освен поголема максимална фокусна должина, телеконверторот од 2,0x овозможува и фотографирање со сооднос 1:1 во макро режим при сите фокусни должини. Ако прикачите телеконвертор од 1,4x, ќе можете да фотографирате макро слики со макс. сооднос од 0,7x при сите фокусни должини. Бидејќи работното растојание не се менува кога е прикачен телеконвертор, може да се доближите до субјектот и да снимите прекрасни слики.
Компактен, пренослив, сигурен и едноставен за користење
Овој објектив нуди спој на перформанси и компактна преносливост. Има дијаметар од 82,2 мм (3-1/4 инчи) и должина од 149,0 мм (5-7/8 инчи) при широкоаголен зум и тежи 794 грама (28,1 oz.). Избравме дизајн на извлекување за објективот за да ја максимизираме преносливоста, а преклопникот за заклучување на зумот спречува случајно извлекување на објективот при транспорт.