Листа со функции

Слика од жена на урбана локација со висока резолуција и ефект на дефокусирање во заднина

Неверојатни слики од лесен и компактен објектив

Најновата технологија за објективи на Sony нуди извонредна резолуција и ефекти на дефокусирање во компактен и лесен објектив со фокусна должина од 50 мм. Одликувајќи се со неверојатна резолуција низ целата слика и контраст од решетката F1,4, овој брз објектив нуди остри и реална слики и видеоснимки што ќе ги задоволат корисниците, почнувајќи од напредни аматери па сè до професионалци.
Слика за пример

со G Master™-квалитет за сите вредности на решетката

Двата XA-елементи (екстремно асферични) со голема прецизност ефикасно ги коригираат изобличувањата и повеќето видови на аберација за да обезбедат висока резолуција дури до рабовите на сликата. Овој нов оптички дизајн содржи и елемент од ED-стакло (исклучително мала дисперзија) што ја намалува хроматската аберација и создава јасни и остри слики без прелевање на боите.
Пример за ефектот на дефокусирање

Ненадминати ефекти на дефокусирање со G Master

Иновативна оптика и максимална решетка од F1,4 за прекрасни ефекти на дефокусирање. Елементите XA (екстремно асферични) спречуваат прстенести ефекти на дефокусирање, а оптимизирањето на сферичната аберација при дизајнот и производството придонесува за прекрасни ефекти на дефокусирање со помало прелевање на боите. Кружната решетка со 11 ливчиња создава прекрасни ефекти на дефокусирање кога е избрана максималната вредност на решетката.
Сцена со задно осветлување

Анти-рефлективен нано слој II за неверојатна острина

Оригиналниот анти-рефлективен нано слој II од Sony е тенок и рамномерно нанесен слој врз површините на објективот, што значително ги намалува внатрешните рефлектирања што предизвикуваат одблесоци и отсјај. Одличниот контраст и острина не се намалуваат дури и кога во кадарот е опфатено сонцето или други силни извори на светлина.
Слика одблиску

Доближете се до извонредните детали

Минималното фокусно растојание е 0,41 метри, а максималното зголемување е 0,16x при користење на AF (0,38 метри и 0,18x за MF), за да добиете поголема флексибилност за снимање фотографии и видеоснимки. Елементите XA (екстремно асферични) на објективот ја задржуваат острината на секое фокусно растојание, а рамномерните и длабоки ефекти на дефокусирање при F1,4 го издвојуваат субјектот од заднината.
Слика од жена на урбана локација со висока резолуција и ефект на дефокусирање во заднина

Елементи XA за компактен и лесен објектив

Најнапредната оптичка технологија на Sony нуди извонредна резолуција од компактен и лесен објектив. Елементите XA (екстремно асферични) со иновативен дизајн, линеарните XD-мотори со голема моќ и компактната кружна решетка се вградени во објектив со голема решетка чиј дијаметар е само 80,6 мм, има должина од 96,0 мм и тежи само 516 грама (18,3 oz.).
Слика на која се прикажани механизми за придвижување

Брз, прецизен и тивок AF со следење

Овој објектив со високи перформанси ефикасно го максимизира потенцијалот за брзина на фотоапаратите од серијата α и брзо го одредува фокусот врз субјектите, дури и при користење мала длабочина на полето. Линеарните XD-мотори (екстремно динамички) со голема моќ од Sony и напредниот алгоритам за контрола овозможуваат рамномерен и брз погон за фокусирање и за фотографии и за видеоснимки.
Снимање видео

Рамномерен и тивок AF за видеоснимки

Линеарните XD-мотори и напредниот алгоритам за контрола го оптимизираат одзивот за контрола на сигналите, поради што фокусирањето е прецизно и вибрациите се минимални, а тоа овозможува одлично и тивко функционирање на AF што може да биде огромна предност при снимање видео, дури и при високи стапки на слика. Поддржана е и функцијата за компензирање на промените во фокусната должина кај компатибилни фотоапарати од серијата α 0.
Приказ на објективот со стрелка што ја покажува ротацијата на прстенот за фокусирање

Интуитивна контрола на рачниот фокус

MF со линеарен одзив му овозможува на прстенот за фокусирање да реагира директно и линеарно за дискретна контрола при рачното фокусирање. Ротацијата на прстенот за фокусирање веднаш предизвикува соодветна промена на фокусот, слично на одзивот на механичките системи за фокусирање. Прецизната и интуитивна контрола ги претвора вашите креативни идеи во импресивни слики.
Слика одблиску од објективот на која е прикажан прстенот за контролирање на решетката

Независен прстен за решетката

Прстенот за решетката со преклопник за ВКЛУЧУВАЊЕ/ИСКЛУЧУВАЊЕ на звукот на прстенот нуди директна и практична контрола на решетката. Преклопникот за заклучување на ирисот овозможува заклучување на прстенот за решетката во фиксна положба „A“ или рачно поставување на вредност од F1,4 до F16. Кога заклучувањето не е активно, со прстенот на решетката може непречено да ги избирате сите вредности.
Слика одблиску од објективот на која се прикажани копчињата за задржување на фокусот и преклопникот за режим на фокусирање

Приспособливо копче за задржување на фокусот и многу повеќе за напредна контрола

Копчињата за задржување на фокусот и преклопникот за режими на фокусирање нудат разновидни опции при користењето. На приспособливите копчиња за задржување на фокусот, ставени на две различни места, може да им се доделат други функции од менијата на фотоапаратите, според потребите за фотографирање. На пример, функцијата за зголемување на фокусот може да се додели на овие копчиња и да ја користите за брзи проверки на фокусот додека фотографирате. 
Слика од отпорноста на прав и влага

Дизајн кој е отпорен на прав и влага

Дизајнот што е отпорен на прав и влага ви нуди поголема сигурност за надворешна употреба во лоши услови0.
Слика од производот

Компатибилност со филтри од 67 мм

На овој објектив може да ставате стандардни филтри на навртување од 67 мм. Благодарение на внатрешниот систем за фокусирање, предниот елемент не ротира при фокусирањето, а тоа ја олеснува употребата на кружни поларизирачки филтри за фотографирање пејзажи или варијабилни ND-филтри за снимање видеоснимки. Објективите FE 24 мм F1,4 GM и FE 35 мм F1,4 GM имаат ист навој за филтри од 67 мм, за да не купувате посебни филтри.
Слика од слојот со флуор

Преден елемент со слој со флуор

Предниот елемент на објективот има слој со флуор што е отпорен на отпечатоци од прсти, прав, вода, масло и други нечистотии, а овозможува и полесно бришење на сите нечистотии што се акумулираат на површината на објективот.