Главни карактеристики

Најмалиот и најлесниот објектив со зум во светот0
што е компатибилен со форматот за целосна слика

FE 28-60 мм F4-5,6 нуди спој од квалитетот на форматот за целосна слика и водечка0 компактност и мала тежина (167 гр., 5,9 oz) благодарение на одличниот механички и оптички дизајн, вклучувајќи ги и неговата структура на вовлекување и трите асферични елементи на објективот. За секојдневни слики, патувања и видеоблогови - тој е идеален објектив за компактните фотоапарати за целосна слика со E-приклучок што нуди практичност, преносливост и висок квалитет на слика.
Слика за пример

Стандарден објектив со зум и иста резолуција низ целата слика

За да обезбеди оптички перформанси и резолуција низ целата површина на сликата какви што се потребни за снимање во формат за целосна слика, објективот FE 28-60 мм F4-5,6 е опремен со три асферични елементи. Прецизната форма на овие три елементи спречува различни изобличувања и аберации во сликите. 
Слика за пример

Идеална фокусна должина и снимање одблиску

Снимајте субјекти со флексибилен опсег на фокусирање. Со минималното фокусно растојание од 0,3 м (телефото 0,45 м) може да снимите одлични слики одблиску од храна и цвеќиња. Компактниот дизајн го прави објективот идеален за сè - од фотографирање предмети на маса до видеоблогови во формат на целосна слика.
Слика за пример

Линеарниот мотор нуди максимални перформанси за AF со фотоапарати за целосна слика

Линеарниот мотор од Sony овозможува брзо и прецизно фокусирање, како и тивко функционирање при снимање и фотографирање. Со новите фотоапарати за целосна слика α ќе можете да ги фокусирате субјектите што се движат брзо со помош на функциите за следење и AF на очи во реално време.
Слика за пример

Дизајн што е отпорен на прав и0 влага

За да овозможи стабилност, сигурност и практично ракување во различни ситуации за фотографирање, компактниот и лесниот дизајн е отпорен на прав и влага0.
Слика за пример