Човек кој поврзува паметен телефон со фотоапарат

Лесно и стабилно поврзување со паметни телефони

Стабилноста на врската при пренос на слики од фотоапаратот во Creators' App на паметен телефон е значително подобрена, со стабилни преноси во заднина. Ознаките за снимки овозможуваат полесно и поефикасно вчитување видеозаписи на интернет.
Жена која проследува во живо, пред лаптоп и фотоапарат ставен на статив

Проследувајте содржини во живо со врвен квалитет

Ако го поврзете со компјутер или телефон преку USB, тогаш ZV-E1 може да се користи како квалитетна веб-камера. Искористете ги придобивките од малата длабочина на полето, одличното дефокусирање и напредниот AF за да создадете уникатни слики.
Фотографија од две жени кои гледаат слики снимени со фотоапарат преку апликацијата Creators' App за паметни телефони

Creators' App

Creators' App е апликација за паметни телефони наменета за пренос на датотеки, далечинско фотографирање, управување со меморискиот простор на Cloud и многу повеќе.
Дознајте повеќе за Creators' App
Видеограф кој снима жена. Паметен телефон кој е поставен на горна страна на фотоапарат и кој го прикажува видеото кое се снима преку екранот на апликацијата Monitor & Control

Monitor & Control

Monitor and Control е апликација за мобилни уреди, наменета за креатори на визуелни содржини, која овозможува безжично следење, приспособување на експозицијата со голема прецизност и контрола на фокусот преку големите екрани на паметните телефони, таблет-уредите или Mac-уредите.
Дознајте повеќе за Monitor & Control
На масата има компјутер и фотоапарат, а на екранот се прикажува уредување со Catalyst

Catalyst Browse / Prepare

Catalyst Browse / Prepare се компјутерски апликации за брзи и прецизни корекции и уредување, кои ги користат информациите и метаподатоците од фотоапаратите. Catalyst Prepare Plugin е алатка, во форма на дополнителна компонента, која овозможува користење на моќните функции на Catalyst Prepare со вашиот софтвер за уредување.
Дознајте повеќе за Catalyst Browse / Prepare