Вклучувањето на препознатливиот S-Cinetone од Sony, земен од развојот на FX9, ви овозможува да добиете филмски бои директно со камерата. S-Cinetone е оптимизиран за природни тонови на кожата и бои со среден опсег, нежни високи тонови за импресивно издвојување на субјектот дури и без градација при обработката по снимањето.
[1] Стандардно (Профил за слика ИСКЛУЧЕН) [2] S-Cinetone (Профил за слика 11)
Освен со компресија на повеќе кадри Long-GOP, поддржано е и внатрешно снимање со компресија на тековен кадар (All-Intra)0. Снимањето во XAVC S-I со компресија на тековен кадар врши компресија на сите кадри поединечно со висока бит-стапка, до 600 Mbps, па затоа е идеална за снимање сложени движења и овозможува максимална флексибилност и перформанси за репродукција по снимањето.
[1] All-Intra (All-I) [2] Long-GOP [3] Група слики
Профилот за слика HLG (Hybrid Log-Gamma) HDR, заедно со широката палета на бои BT.2020, може да се користи за директна репродукција во HDR (HLG) на компатибилни телевизори. Како резултат се добиваат неверојатно реалистични слики, слично како што гледа и човечкото око, со детални сенки и осветлени делови, помало избледување и затемнување, без потреба од градација на боите. Конкретно, 10-битните снимки нудат рамномерна градација и детали за извонредна реалистичност.
[1] Голема флексибилност за детално прилагодување на сликите (потребна е градација на бои) [2] Моментално снимање на висококвалитетни слики (не е потребна градација на бои)
Освен режимот [S&Q Motion] (Забавени и забрзани движења), достапен е и режимот [Fixed/Variable] (Фиксно/Променливо) што се користи кај камерите CineAlta, како што е Venice.
Со поставката за променлива стапка на слики, можете брзо да ја приспособите стапката на слики за да снимите и прегледате неверојатно забавени или забрзани движења на самата камерата, а притоа задржувајќи ја снимената стапка на слики.
Кога е вклучена функцијата за компензирање на промените во фокусната должина, фотоапаратот ви овозможува да снимате видеоснимки со поголема стабилност ако користите компатибилни објективи0. Оваа поставка е достапна во верзијата 3.00 на софтверот или понова верзија.
Метаподатоците за промени во фокусната должина може и да се зачуваат, за да може да извршите компензација со најновиот софтвер Catalyst Browse/Prepare Plugin при обработката по снимањето.
Користејќи нов уред за прецизна стабилизација, жироскоп и оптимизирани алгоритми за стабилизација на слика, активниот режим со оптички SteadyShot™ на камерата нуди прецизна оптичка компензација на слика за извонредни резултати при снимање 4K-видеоснимки0 1, дури и кога одите. Ова беспрекорно ниво на стабилизација ви овозможува да снимате само со камерата, искористувајќи ги предностите на компактната големина и преносливост.
[1] Следење на тресењето на камерата [2] Стандардно [3] Активно