Листа со функции

Ненадминатите перформанси за AF се најважни за прекрасни снимки

Ненадминатите перформанси за AF се најважни за прекрасни снимки

Брзиот и прецизен автоматски фокус ви овозможува да снимате краткотрајни моменти со неверојатни детали, благодарение на комбинација од иновативни технологии. Вкупно 425 AF-точки со откривање на фаза работат заедно со функцијата за AF со откривање на контраст за да добиете неверојатна брзина од 0,02 сек.0, а технологијата за следење со густо распределени AF-точки може да ги следи дури и објектите што се движат непредвидливо.
Попрецизен автоматски фокус при недоволна осветленост

Попрецизен автоматски фокус при недоволна осветленост

Сега е можно автоматско фокусирање со голема прецизност дури и во темни опкружувања, благодарение на подобрувањата на алгоритамот за AF. Кај овој модел, долната граница на опсегот на светлина за откривање со AF е намален до EV-20 кога се користи режимот AF-S.
AF при зголемување на фокусот за попрецизно прилагодување на фокусот

AF при зголемување на фокусот за попрецизно прилагодување на фокусот

Кога ви треба екстремно прецизен автоматски фокус, на пример, кога снимате макро слики, може да прикажете зголемен приказ од површината што сакате да ја фокусирате, а потоа прецизно да ја изберете фокусната точка во визирот или на LCD-екранот.
Полесно рачно фокусирање со подобрена функција за изострување

Полесно рачно фокусирање со подобрена функција за изострување

Функцијата за изострување на фотоапаратот го означува во боја делот од сликата со најостар фокус кога користите рачен фокус. Сега ја додадовме и сината боја во изборот на бои за изострување (дрвена, жолта и бела) за да ја подобриме видливоста на површините што се изоструваат кога ви треба прецизно фокусирање за макро слики или портрети.
Следењето во реално време го задржува фокусот врз објектите што се следат

Следењето во реално време го задржува фокусот врз објектите што се следат

Кога следите објект што се движи брзо, подобрената технологија на фотоапаратот за автоматско следење на движењата на објектите користи новосоздаден алгоритам за препознавање објекти што распознава бои, шеми (светлина), оддалеченост на објектите (длабочина) и информации за лицето/очите за да може да го препознае и фокусира вашиот објект.
Подобрен AF на очи во реално време за снимање портрети

Подобрен AF на очи во реално време за снимање портрети

AF на очи во реално време ги открива и автоматски ги фокусира очите на субјектите кога ќе го притиснете копчето за блендата половично. Може да изберете лево око, десно око или двете очи, а ако изберете AF-C тогаш ќе се одржува стабилен фокус дури и ако дел од лицето е прикриен, лицето е осветлено одзади или е свртено надолу.
Брзо континуирано фотографирање со AF/AE со следење

Брзо континуирано фотографирање со AF/AE со следење

Доловете ги сите случувања со континуираното фотографирање до 11 fps0 (со приказ по снимањето) или до 8 fps1 (со тивка бленда) и 8 fps (за приказ во живо). Доцнењето на приказот е минимално, а може да снимите најмногу 116 JPEG-слики (стандардни)2 со можност за групен приказ. Исто така, ракувањето со фотоапаратот и пристапот до различни функции е значително подобрено при запишување податоци3.
Иновативен систем за обработка на слика

Иновативен систем за обработка на слика

ExmorTM  CMOS-сензорот со APS-C-големина и 24,2 милиони точки0 во фотоапаратот нуди голем опсег на чувствителност и одлични перформанси со мал шум. Заедно со новата генерација на процесор за обработка на слика BIONZ XTM , тој создава прекрасни слики со висока резолуција, извонредна острина и врвна репродукција на текстури.
Извонреден квалитет на слика, мал шум и поголем опсег на ISO

Извонреден квалитет на слика, мал шум и поголем опсег на ISO

Максималната стандардна чувствителност ISO е зголемена до ISO 32000 (може да се прошири до ISO 102400 за фотографии), а подобрените алгоритми за обработка на слика, технологијата за детална репродукција и намалувањето на шум во одредени површини создаваат пореалистични текстури, подобри детали во регионите со сенки и поживописни бои, вклучувајќи тонови на кожата кај луѓето и природни бои кај растенијата.

© Architectes Rudy Ricciotti et Roland Carta / Mucem

lumière: Yann Kersalé-Snaik

Нов сооднос на слика од 1:1 за полесно добивање слики за социјалните медиуми

Нов сооднос на слика од 1:1 за полесно добивање слики за социјалните медиуми

Освен соодносите на слика од 3:2 и 16:9 (ширина-висина), достапен е и соодносот од 1:1 што се користи во платформите за социјални медиуми. На овој начин се елиминира потребата од непријатното рачно отсекување на сликите по фотографирањето што ги подготвувате за објавување на социјалните медиуми.
Снимање во 14-битен RAW-формат за богата градација на тонови

Снимање во 14-битен RAW-формат за богата градација на тонови

Кога фотографирате во RAW-формат, дигиталните сигнали од 14 бита што се добиваат од аналоген сигнал во сензорот за слика се проследуваат до LSI и BIONZ X, каде што се обработуваат со 16 бита пред повторно да се претворат во RAW-слики со 14-бита. Тоа овозможува појасна и поприродна градација на тонови во сликите.

[1] Сензор за слика   [2] Најновиот LSI со голема брзина   [3] 16-битна обработка на слики

Снимање 4K-видеоснимки во XAVC S-формат со висока бит-стапка

Снимање 4K-видеоснимки во XAVC S-формат со висока бит-стапка

Снимањето 4K-видеоснимки во форматот Super 35 мм со обработка на сите точки без соединување на точките овозможува прекумерно семплирање со прибл. 2,4x0 повеќе информации отколку што е потребно за 4K (QFHD: 3840 x 2160), со што се добива еквивалент на 6K и сликите добиваат пореалистична длабочина. Форматот XAVC S1 со висока бит-стапка (макс. 100 Mbps), практична верзија од форматот за професионална употреба, како и поддршката за HLG[FN_4] обезбедуваат видеоснимки со подобар изглед.
AF со стабилно и прецизно следење за подобри видеоснимки

AF со стабилно и прецизно следење за подобри видеоснимки

Брзиот хибриден AF нуди голема брзина, прецизност и одлични перформанси за следење што ги исполнуваат најстрогите предуслови за автоматско фокусирање кај 4K-видеоснимките. Чувствителноста за следење со AF може да се прилагоди за стабилен фокус или брзо повторно фокусирање, во зависност од сцената, а следењето со допир ви овозможува да следите објект во движење со допирање на LCD-екранот.
Фотографирање со S-Gamut/S-Log

Фотографирање со S-Gamut/S-Log

Снимањето со S-Log ви нуди флексибилност за создавање поживописни видеоснимки преку градација на боите по снимањето. Кривите на гамата S-Log3 и S-Log2 нудат голем динамички опсег (до 1300%) што помага во минимизирање на премногу осветлените површини или премногу затемнетите сенки. Поставките за гамата S-Log3 содржат и импресивна маргина на грешка од 14 чекори. 
Бавни и брзи движења и снимање со голема брзина од 120 fps

Бавни и брзи движења и снимање со голема брзина од 120 fps

Забавените движења (до 5x) и брзите движења (до 60x) може да се снимат со фотоапаратот во Full HD со висок квалитет и не е потребна дообработка со компјутер за да може да ги гледате снимките со забавени и забрзани движења. Освен тоа, од снимките со висока бит-стапка до 100 Mbps во Full HD може да создадете видеоснимки со забавени движења и висок квалитет на слика во обработката по снимањето. 

Софистицирани функции за полесно снимање

α6400 им го олеснува работниот процес на професионалните видеографи со многубројни функции, вклучувајќи излезен сигнал преку HDMI, временски код / кориснички информации (TC/UB), контрола на снимањето, поставување/приказ на маркер, функција за црни и бели ленти, бавни и брзи движења0, истовремено снимање видео преку прокси сервер, вадење и одделно складирање на слики од видео, функција за помош за приказ на гамата и приказ на тековната вредност на ISO на мониторот кога фотографирате со автоматско ISO.
Поддршка за аудио влез и микрофон со професионален квалитет

Поддршка за аудио влез и микрофон со професионален квалитет

Може да приклучите надворешен микрофон преку приклучокот за микрофони, а достапна е и опција за влезен линиски сигнал преку приклучоците XLR користејќи го адаптерот за XLR што се продава посебно и што овозможува поврзување различни микрофони од висока класа за професионален звук.
Фотографирање во интервали за создавање видеоснимки со забрзани движења

Фотографирање во интервали за создавање видеоснимки со забрзани движења

Фотоапаратот нуди континуирано фотографирање со интервал помеѓу 1 и 60 секунди, а добиените фотографии може да се претворат во видеоснимка со забрзани движења преку компјутер со апликацијата Viewer0 од Imaging EdgeTM . Функцијата за едноставен преглед со променлива брзина ви овозможува да погледнете слика, на фотоапаратот, од тоа како ќе изгледа конечната видеоснимка.
LCD-екран што се врти за 180° со разновидни функции на допир

LCD-екран што се врти за 180° со разновидни функции на допир

LCD-екранот со висока резолуција од 921k точки има дијагонала од 3,0 инчи и може да се заврти нагоре за 180° за лесно обликување на кадарот на автопортретите и видео блоговите. Интуитивното ракување на допир на LCD-екранот опфаќа подлога на допир (лесно поместување на фокусната точка), фокус на допир (поставување на фокусната точка), блендата на допир (активирање на блендата) и следење со допир (активирање AF во реално време).
Јасен приказ на OLED-визирот

Јасен приказ на OLED-визирот

XGA OLED Tru-FinderTM  со голем контраст и висока резолуција нуди голема видливост, врвни детали дури и во темни површини, прецизни бои и јасен приказ при 60 fps или 120 fps, со можност за избор на стапка на слики за поостар приказ. Поставките за стандарден и висок квалитет се достапни и за визирот и за LCD-мониторот. 
Прилагодливи функции за подобро ракување

Прилагодливи функции за подобро ракување

На осумте копчиња и контроли на фотоапаратот може да се додели секоја од 89-те функции за фотографирање и репродукција, а често користените функции може да се доделат на контролното вртливо копче и тркалце преку „Мое вртливо копче“. „Мое мени“ овозможува флексибилно доделување на 30 елементи од менито, а екранот со прилагодени поставки ви овозможува да следите сè. Информациите за помош се достапни на екранот за менито со притиснување едно копче.

Подобрен кориснички интерфејс за ефикасна контрола на поставките

Една нова функција ги прикажува често користените опсези за ISO во поставките за ISO, а друга нова функција ги прикажува често користените видови на фокусна површина во поставките за AF-површина. Кога ќе го користите режимот за флексибилна точка ќе можете да ја менувате AF-површината нагоре, надолу, десно и лево - тоа е практично кога фотографирате спортски сцени во кои објектот често се движи во одредена AF-површина. 
Поголема контрола врз поставките за баланс на белата боја

Поголема контрола врз поставките за баланс на белата боја

Доколку се постави однапред, автоматскиот баланс на белата боја може да се заклучи или отклучи во секое време за да добиете подоследни тонови на боите кога има повеќе извори на светлина. Рачното поставување на балансот на белата боја е поедноставно, а може да изберете и опција за приоритет на AWB кога фотографирате со блескаво светло - или потопли тонови со приоритет за амбиент или приоритет на бела боја за почисти бели тонови.
Повеќе разновидни функции за блиц

Повеќе разновидни функции за блиц

Кога фотографирате со компатибилни безжичен блицови може да изберете синхронизација на задна завеса0 и бавна синхронизација за повеќе креативни опции за осветлување.
Полесно рангирање и заштита од бришење

Полесно рангирање и заштита од бришење

Фотографиите може да се рангираат или заштитат од бришење, а и двете функции може да се активираат преку однапред приспособено копче.

Напредок во далечинската контрола на фотоапаратите

При далечинско фотографирање преку апликацијата Remote од компјутерските апликации Imaging Edge, може да го користите приказот на екранот за прецизни прилагодувања на фокусот и кадарот додека го гледате приказот во живо на компјутерскиот екран.
Далечинска контрола со еден допир, споделување со еден допир, линк за информации за локација

Далечинска контрола со еден допир, споделување со еден допир, врска за информации за локација

Далечинската контрола со еден допир го претвора вашиот мобилен уред во визир и далечински управувач, а споделувањето со еден допир овозможува префрлување на фотографии и видеоснимки во вашиот уред за споделување на социјалните медиуми. Фотоапаратот може да снима и податоци за локација преку Bluetooth®0. (Овие функции за мобилни уреди се достапни преку апликацијата Imaging Edge Mobile1 на Sony.)

Цврста и издржлива конструкција за долготрајно користење

Механизмот за блендата со мали вибрации е дизајниран и тестиран да издржи приближно 200.000 активирања на блендата0, а куќиштето, горниот и предниот капак се направени од лесна и многу цврста магнезиумска легура. Поважните копчиња и вртливи копчиња се заштитени, а компонентите на куќиштето имаат двослојна структура на меѓусебно поврзување што е отпорна на прав и влага1.
Функции Remote, Viewer и Edit на Imaging Edge™

Функции Remote, Viewer и Edit на Imaging Edge™ 

Подобрете ги вашите фотографии со компјутерските апликации Imaging Edge. Користете „Remote“ за контрола и следење на фотографирањето во живо преку компјутерот; „Viewer“ за брзо прегледување, оценување и избирање фотографии од големи колекции на слики; и „Edit“ за претворање RAW-податоци во висококвалитетни фотографии. Извлечете максимум од RAW-датотеките на Sony и управувајте со снимените материјали поефикасно.0