Претворете го секое слушање во доживување со опкружувачки звук, независно каде се наоѓате. Звучникот користи повеќе фантомски звучници за да создаде прекрасен просторен звук.
Претворете го звукот во максимално просторно уживање
HT-AX7 ја користи технологијата 360 Spatial Sound Mapping за да ве обвитка со просторен звук, создавајќи повеќе фантомски звучници на предната, задната и горната страна. Ставете ги трите звучници околу вас и ќе потонете целосно во звукот.
Претворање стерео звук во опкружувачки звук
Технологијата на Sony за создавање повеќе канали за звук го претвора стерео звукот во тродимензионален опкружувачки звук преку издвојување и одново позиционирање индивидуални звуци за да се создаде пореално доживување при слушањето. Исто така, може да уживате во тродимензионален звук од стерео содржините на услугите за проследување видео и музика - не се потребни специјални извори на музика.
Погледнете го видеозаписот за 360 Spatial Sound Mapping
Сакате да слушнете како звучи 360 Spatial Sound? Ставете ги вашите слушалки и уживајте.
HT-AX7 е уред што поддржува Bluetooth® и користи безжична врска помеѓу предните и задните звучници. Лесно може да го преместувате низ домот и да го интегрирате во вашиот живот и во вашиот дом.
Совршено пренослив
HT-AX7 е мал уред што се напојува од батерија, па затоа можете лесно да го преместувате во различни простории, да го однесете во куќата на некој пријател или да го носите на одмор.
Непрекинато аудиодоживување0
Благодарение на батеријата што трае до 30 часа0 и функцијата за брзо полнење што овозможува репродукција подолго од 2,5 часа со полнење од 10 минути, ќе уживате во вашите омилени содржини без да се грижите за напојувањето. За полнење на HT-AX7 е потребен компатибилен USB PD AC-адаптер од 45 W или повеќе.
Лесно избирање и проследување без напор
HT-AX7 ви овозможува истовремено поврзување и избирање помеѓу два уреди, а штом го вклучите, автоматски ќе се поврзе со последниот уред со кој сте го поврзале.