Уживајте во реален опкружувачки звук со квалитет како од кино во вашата дневна соба. BRAVIA Theatre Bar 6 поддржува Dolby Atmos® и DTS:X®, за да создаде прекрасно повеќедимензионално звучно поле кое внесува реалистичност во филмовите како што замислиле режисерите.
Слушајте звук што се движи над вас
Звучниците насочени нагоре го одбиваат звукот од таванот за да ве опкружат со звук од горе. Оваа дополнителна димензија ги подобрува сите моменти, за навистина да се чувствувате како да сте дел од случувањата.
Звук од горе
Благодарение на технологијата за виртуелен опкружувачки звук на Sony, долгнавестиот звучник може да го позиционира звукот во вертикален простор за да уживате во тридимензионален звук без потреба од звучници на таванот. Освен Dolby Atmos® и DTS:X®, Vertical Surround Engine придонесува за пореален и повеќедимензионален звук од другите формати.
Звук од страните
Користејќи само предни звучници, технологијата на Sony за дигитална обработка на звучното поле виртуелно го репродуцира полето на опкружувачкиот звук, а звукот доаѓа кон вас од двете страни. Уживајте во богат и филмски опкружувачки звук без неред во просторот во кој живеете.
Претворете ги стерео содржините во опкружувачки звук
Уникатната технологија на Sony за создавање повеќе канали за звук нуди богат опкружувачки звук дури и од стерео содржини. Нејзиниот иновативен алгоритам ги извлекува и одново ги дистрибуира индивидуалните звуци за да уживате во 3D-звук.
Звук со богат и моќен бас
Моќниот безжичен сабвуфер создава звук со подлабок и побогат бас, а благодарение на лесното безжично поврзување може да го поставите каде што сакате.
X-Balanced Speaker Unit
Уникатната правоаголната форма на звучникот максимално ја зголемува површината на мембраната за да создаде моќен бас. Исто така, го намалува движењето на мембраната без да го намали звучниот притисок, овозможувајќи помалку изобличувања и поголема острина на вокалите.