Прекрасен звук како во кино

Ист звук како во кино

Уживајте во реален опкружувачки звук со квалитет како од кино во вашата дневна соба. Dolby Atmos® и DTS:X® создаваат прекрасно повеќедимензионално звучно поле кое внесува реалистичност во филмовите како што замислиле режисерите.
Лого ознаки за Dolby Atmos и DTS:X

Звук од горе

Благодарение на технологијата за виртуелен опкружувачки звук на Sony, долгнавестиот звучник може да го позиционира звукот во вертикален простор, за да уживате во тродимензионален звук без потреба од звучници на таванот или звучници насочени нагоре. Освен Dolby Atmos® и DTS:X®, Vertical Surround Engine придонесува за пореален и повеќедимензионален звук од другите формати.
Лого за Vertical Surround Engine
Цртеж на кој е прикажана технологијата Vertical Surround Engine од Sony која создава аудиодоживување со звук над вас

Звук од страните

Користејќи само предни звучници, технологијата на Sony за дигитална обработка на звучното поле виртуелно го репродуцира полето на опкружувачкиот звук, а звукот доаѓа кон вас од двете страни. Уживајте во богат и филмски опкружувачки звук без неред во просторот во кој живеете.
Лого за S-Force Pro Front Surround
Цртеж за технологијата S-Force PRO Front Surround од Sony која создава ефект на виртуелен опкружувачки звук од страните

Претворете ги стерео содржините во опкружувачки звук

Уникатната технологија на Sony за создавање повеќе канали за звук нуди богат опкружувачки звук дури и од стерео содржини. Нејзиниот иновативен алгоритам ги извлекува и одново ги дистрибуира индивидуалните звуци за да уживате во 3D-звук.
Цртеж на кој е прикажана технологијата на Sony за создавање повеќе канали за звук, која ги претвора стерео содржините во поле со 3D-опкружувачки звук околу слушател во седната положба

Моќен и добро балансиран бас

Овој безжичен сабвуфер нуди добро балансирани, детални и моќни ниски тонови кои ги подобруваат и филмовите и музиката, а благодарение на лесното безжично поврзување, може да го ставите каде сакате.
Приказ под агол на BRAVIA Theatre Bar 5 со безжичен сабвуфер