Батерија, повици, суштински дел од вашето секојдневие
Долготрајна батерија за секојдневно користење без напор
Дизајнирани за целодневна удобност и користење. Подолгото траење на батеријата значи дека ќе можете да уживате во најмногу 8,5 часа слушање со слушалките, како и во дополнителни 21,5 часа во футролата. Со целосно полнење, тоа се цели 30 часа слушање01. А со брзото полнење од 5 минути ќе добиете енергија за еден час.
Кристално јасни повици
Технологијата за прецизно откривање гласови оптимално ги контролира микрофоните на слушалката, а напредната обработка на аудиосигнали нуди јасни разговори дури и во бучни опкружувања. Алгоритамот за намалување шум е создаден со машинско учење со AI, при што употребивме над 500 милиони примероци од гласови за да го намалиме амбиенталниот шум и да го истакнеме вашиот глас.
Едноставни разговори без користење на рацете
Лесно воспоставување повици без користење на рацете благодарение на висококвалитетниот вграден микрофон. Нема да мора ни да го вадите мобилниот телефон од џеб.
Многу начини за користење
Независно дали слушате музика, следите онлајн час или работите од дома, WF-C710N ќе ви понудат висококвалитетен звук.