Слушалките WF-C510 ставени на маса со соодветна футрола, како и други канцелариски додатоци на работната маса

Попрактично секојдневно слушање

Слушалките WF-C510 се дизајнирани за лесно секојдневно ракување, со брз пристап и други паметни функции што нудат непречена повеќенаменска употреба.

Лесно ракување со копчињата

Копчињата на слушалките WF-C510 овозможуваат репродуцирање, запирање или прескокнување песни и менување на јачината на звукот, a нудат и лесен пристап до гласовниот помошник на паметните телефони и одговарање на повици без користење на рацете.
Слушалки WF-C510 во сина боја

Quick Access

Со функцијата за брз пристап може да ракувате со Spotify Tap0 и да почнете да репродуцирате музика со само неколку допири - не треба да го допирате вашиот паметен телефон. Почнете да уживате во вашата музика без напор.
Слика од Spotify Tap
Анимирана слика од жена која слуша преку своите слушалки WF-C510

Полесно, појасно јавување без раце

Лесно воспоставување повици без користење на рацете благодарение на висококвалитетниот вграден микрофон. Нема да мора ни да го вадите мобилниот телефон од џеб.
Лого за телефон што ѕвони

Повеќенаменска употреба, поголема едноставност

Независно дали слушате музика, следите онлајн час или работите од дома, слушалките WF-C510 ќе ви понудат висококвалитетен звук.
Слушалките WF-C510 ставени на маса со усогласена сина футрола за слушалките, како и други лични додатоци на масата
Лого за IPX4

Капките вода и потта не се проблем

Со ознака IPX4 за отпорност на вода0, капките вода и потта нема да ја попречат работата на слушалките - продолжете да се движите по ритамот на музиката.
Лого за гласовна контрола

Гласовна контрола

Притиснете го копчето за да добиете помош од Google или Siri и да ги задоволите потребите без прекини во вашата работа - како репродукција на вашите омилени песни, праќање пораки и воспоставување повици, добивање брзи одговори и управување со вашиот календар и потсетници.

Стабилно и сигурно поврзување преку Bluetooth® 

Чипот за Bluetooth® што го пренесува звукот до двете уши истовремено, заедно со оптимизираниот дизајн на антената, овозможува стабилна врска и неверојатно слушање. Малото доцнење на звукот придонесува и за одлично доживување при гледањето содржини.
Слика од пренос на просторен звук со нашата функција за сигурно поврзување преку Bluetooth
(A) Стандарден пренос од лево кон десно преку BT. (B) Истовремен пренос лево и десно преку BT кај WF-C510.
Лого за Fast Pair

Пронајдете ги вашите слушалки со Fast Pair

Со само еден допир, слушалките WF-C510 овозможуваат брзо и лесно впарување со вашите уреди со Android™ преку Bluetooth®0. Можете дури и да проверите каде сте ги оставиле по последното користење.
Лого за лесно впарување со компјутер

Лесно впарување со вашиот компјутер

Функцијата Swift Pair овозможува брзо и лесно впарување на слушалките со вашиот лаптоп со Windows 11 или Windows 10, компјутер или таблет-уред. Кога ќе го изберете режимот за впарување, на уредите со Windows 11 или Windows 10 во близина ќе се прикажат упатства за впарување.
Лого за една слушалка

Една слушалка, идеално за извршување повеќе задачи

Ако сакате да слушате музика додека разговарате, отстранете само една слушалка од футролата за полнење и користете ја како вообичаено0.