Ако сакате нови опции за забава освен музика и филмови, слушалките LinkBuds Fit користат нови сензори и технологија за просторен звук за да создадат реален звук за игри со изменета реалност, како што е „Ingress“ од Niantic0.
Ако ја играте играта „Ingress“ со Linkbuds Fit, сензорот и технологијата за просторен звук ќе ви понудат ново доживување: користејќи следење на главата, звукот се пренесува од различни насоки за да се усогласи совршено со случувањата на екранот.
Следењето на главата овозможува реалистично и возбудливо доживување при слушањето, преку автоматско прилагодување на звучните полиња заради компензација на движењата на вашата глава. Звуците ќе се усогласат прецизно со вашите слушалки, дури и кога се движите, за максимално да потонете во содржините кои ги слушате, доколку ги поврзете со компатибилни уреди и услуги0.
Со сертифицираните слушалки за 360 Reality Audio и нашата апликација Sony | Sound Connect може да го оптимизирате вашето доживување преку анализирање на формите на вашите уши, а потоа да уживате во најдоброто музичко доживување.
Напредниот алгоритам за лична оптимизација ни нуди уште поголем преглед на просторот, оддалеченоста и висината на звукот, овозможувајќи ви да уживате во вашата музика уште повеќе01.