Користејќи ја технологијата создадена за нашите познати модели на BRAVIA, INZONE M9 II може селективно да затемнува површини од задното осветлување, за да прикаже црни тонови и детали во сенките кои е невозможно да се прикажат на обичните LCD-монитори. Максималната светлина од 750 Cd/m2 овозможува неверојатен контраст и реални HDR-слики.
DisplayHDR™ 600 со VESA-сертификат
Уживајте во реалната светлина на добро осветлените површини со HDR-квалитет, а притоа задржете ја длабочината на црните тонови во темните површини.
Извонредно кратко време на одзив од 1 ms
Времето на одзив со голема брзина од 1 ms на IPS-екранот ја намалува појавата на заостанати слики, дури и во сцени со многу движења.
Помало заматување на движењата со технологијата за трепкачко задно осветлување
LCD-екранот со многу брз одзив и технологија за задно осветлување создаваат остри слики без заматување, при сите стапки на освежување.
Стапка на освежување од 160 Hz
Сите движења се јасни и брзи, благодарение на стапката на освежување до160 Hz.
Широка палета на бои
IPS-екранот, еквивалент на екрани со 10-битни бои, поддржува пространа палета на бои со DCI-P3 >95% и широки агли на гледање, па затоа постојано прикажува јасни и живописни слики.
Неверојатна 4K-резолуција
4K-резолуцијата нуди четири пати повеќе детали од FHD-резолуцијата, за да уживате во свет со неверојатни детали.
Perfect for PlayStation®5
Поврзете го INZONE M9 II со вашите конзоли PS5® и PS5® Pro за да добиете фантастично доживување при играњето игри. Искористете го максимално потенцијалот на мониторот INZONE со VRR и автоматско мапирање на HDR-тоновите, преку HDMI 2.1-врска со голем пропусен опсег.
Апликација INZONE Hub
Сериозните гејмери со компјутери ќе се воодушеват од прецизната контрола која ја нуди апликацијата INZONE Hub. Приспособете ги сите ваши поставки, па дури и зачувувајте свои однапред поставени параметри за слика, кои автоматски се поврзуваат со секоја игра.