Дознајте за INZONE M10S II.

Гејмер со INZONE-опрема, кој ги приспособува поставките на мониторот.

Создадени со Fnatic

Подигнете го играњето игри на повисоко ниво. Создаден во соработка со Fnatic, INZONE M10S II нуди подобрен квалитет на слика, надградени функции за игри и најсовремен дизајн. Сè што ви е потребно за да победите.
 
Цртеж на кој е прикажана извонредно големата брзина на OLED-мониторот.

Извонредно брз OLED-монитор со 540 Hz

Брзина за победи, која нуди предност во натпреварувањето. Уживајте во врвните перформанси на OLED-екранот со стапка на освежување од 540 Hz во QHD-резолуција и кратко време на одзив од 0,02 ms.
 
Цртеж во два дела, на кој е прикажана извонредната острина која ја создава намалувањето на заматувањето на движењата.

Зголемена острина на движењата

Следете, нишанете и стрелајте прецизно. Подвижните цели се остри и јасни со изборната функција за намалување на заматувањето на движењата.
 
Слика која ги прикажува предностите на антирефлективната фолија и различните режими за приказ.

Подготвен за натпревари: создаден за врвни перформанси

Новата супер антирефлективна фолија нуди видливост без отсјај, со двоен режим од QHD 540 Hz / HD 720 Hz и приспособливи поставки на екранот. Држачот со мали димензии сега нуди уште поголема приспособливост.
 
Слика на која е прикажана гаранцијата за OLED-екранот од 3 години.

Создаден да трае.

За да овозможи беспрекорни перформанси на OLED-екранот во долги периоди на користење, INZONE M10S II е опремен со приспособен ладилник, за кој со сигурност даваме 3-годишна гаранција.
 
Еко порака

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности.