Приспособениот акустички дизајн и звучниците ги изоструваат просторните детали. Слушајте чекори, истрели и движења со острина која поддржува брза игра со насочувања.
Запечатен дизајн, врвна изолација на шум
Одликувајќи се со потполно запечатено куќиште и влошки со голема изолација, слушалките E9 го намалуваат шумот - дизајнирани се за блокирање на навивањето и пречките, како и да ве фокусираат на комуникациите и да ве поштедат од хаосот.
Поврзување преку USB-C, конфигурација за моќен звук
USB-C®-кутијата за звук нуди 360 Spatial Sound for Gaming и приспособување на еквалајзерот, а притоа ги минимизира пречките и ви овозможува да се фокусирате.
Доживување со 7.1-кан. виртуелен опкружувачки звук
Напредната обработка на сигнали нуди виртуелен опкружувачки звук со 7.1 канали. Слушајте повеќе звуци од вашето опкружување, благодарение на INZONE Hub и USB-C®-кутијата за звук.