Сите спецификации и функции
Големина и тежина
- Димензии (Ш x В x Д)
- Прибл. 62 x 18,5 x 109 мм
- Тежина
- Прибл.145 гр.
Општи карактеристики
- Импеданса (оми)
- 8 Ω-600 Ω
- Фреквентен одзив
- 10-100 kHz
- Контрола на јачина на звук
- Ротирачко
- Време на користење
- Прибл. 6 часа
- Време на полнење
- Прибл. 3,5 часа
Во пакетот
- Галантерија
- Дигитален кабел за Walkman®, дигитален кабел за Xperia™; Силиконски ремен, лист
Функции
Звук со висока резолуција за беспрекорен звук
Извлечете максимум од дигиталната музика со звукот со висока резолуција. Снимајќи ја музиката со повисока стапка отколку кај CD дисковите, поради што се зголемуваат аудио примероците во секунда и прецизноста на бит-стапката на секој примерок, звукот со висока резолуција создава беспрекорни снимки од музиката која се изведува. Уживајте во секој здив и дискретно движење за навистина емотивно доживување.
Врвен звук со наменски USB DAC засилувач
Со наменскиот USB DAC засилувач за поврзување на вашите слушалки со компатибилен компјутер, паметен телефон или Walkman®, ќе уживате во поквалитетно проследување на звук со висока резолуција. Засилувачот ја презема одговорноста на вашиот пренослив уред за обработка и конвертирање на дигиталните податоци, а потоа го засилува звукот користејќи сопствен вграден засилувач.
PCM поддршка за чист и квалитетен звук
Доближете се до оригиналниот извор. Поддржувајќи обем на податоци кој е 6,5 пати поголем од обемот кај CD дисковите (44,1 kHz/16 бита), PCM (Pulse Code Modulation) обработува содржини со 192 kHz/24 бита за да се добие стапка на семплирање и податочна длабочина со кои може да се создадат бранови карактеристики кои се многу слични со оригиналниот аналоген бран. Освен тоа што нуди јасна репродукција на високи фреквенции, PCM овозможува и реалистична репродукција на дискретни детали и резонанси.
Широк фреквентен одзив за извонредно јасни хармоници
Широкиот фреквентен опсег – од 10Hz до 100kHz – е дизајниран за денешните различни музички стилови. При максимален опсег од 100kHz, ќе можете да уживате во вокални мелодии, детални звучни хармонии и тонови со исклучителна јасност, а исто така и да го чувствувате звукот кој не може да го долови природниот слух. Ова е од особена важност кај звукот со висока резолуција, кој за разлика од CD и MP3 музиката, поддржува високи фреквенции до 100kHz за да добиете пореалистичен и поемотивен звук.
Висококвалитетен наменски дигитално-аналоген конвертор (DAC)
Дигитално-аналогната конверзија е задолжителна за секој аудио уред кој конвертира дигитални податоци (како музички фајлови) во аналоген сигнал (за репродукција преку слушалки или звучници). Меѓутоа, сите уреди за DAC не се исти. Голем број преносливи уреди содржат уреди за DAC според просторот во кој можат да се постават и други ограничувања, но PHA-1A е наменски уред кој е составен од DAC со високи перформанси и засилувачи со единствена намена за обработка на звук. Затоа слушањето преку PHA-1A создава звучно доживување кое значително го надминува слушањето преку вградениот DAC во паметните телефони, iPhone/iPod или компјутерите.
Висококвалитетни компоненти за чист звук
Дигиталниот извор се претвора во чист и висококвалитетен звучен сигнал со 192 kHz/24 бита преку DAC (WM8790), засилувач (LME49860) со мало изобличување и мал шум, засилувач за слушалки (TPA6120) со голема излезна моќ и реалистичен звук и OCL засилувач, користејќи два начина на напојување.
Пренослив и лесен дизајн со голема издржливост
Мал и лесен, со тежина од само 150 грама, PHA-1A се одликува со издржливо алуминиумско куќиште кое го штити од секојдневните удари и потреси. Заоблените рабови го прават лесен за држење кога сте излезени. Се испорачува со силиконска лента за удобно носење заедно со вашиот Walkman®, Xperia™ или iPhone.