USB DAC засилувач за слушалки
Уживајте во најситните детали од звукот со поголем квалитет отколку кај CD дисковите, благодарение на звукот со висока резолуција. Страста за музика ги обединува сите компоненти, па затоа ќе помислите дека изведувачот настапува пред вас.
Уживајте во подобрен звук од голем број дигитални извори со испраќање на сигналот преку PHA-1A. Внесете нова енергија во вашата колекција на аудио фајлови и уживајте во сите придобивки на звукот со висока резолуција. Само приклучете го и дозволете му на PHA-1A да си ја врши работата додека уживате и одново се запознавате со вашата музика.
Од компјутер, iPhone/iPad или Xperia™ - PCM конверзијата ви го нуди најдобриот можен звук.
Почувствувајте го звукот кој ги надминува границите на вашиот слух со неверојатни високи фреквенции до 100 kHz.
Звукот со висока резолуција се однесува на група дигитални процеси кои овозможуваат кодирање и репродукција на музика со повисоки стапки на семплирање од оние кај CD дисковите.
Звукот со висока резолуција обично се снима со 96 kHz/24 бита или,пак 192 kHz/24 бита.
Звукот со висока резолуција поддржува фреквенции поголеми од 24 kHz - многу повеќе од CD квалитетот
За да добиете квалитетен звук со висока резолуција, PHA-1A поддржува асинхроно префрлување за да го намали шумот и да ви овозможи да уживате дури и во содржини со 192 kHz/24 бита.
PHA-1A нуди звучно доживување кое е подобро од вообичаеното доживување што го нудат вградените дигитално-аналогни конвертори кај паметните телефони, iPhone/iPod или компјутерите.
Комбинацијата од квалитетни компоненти нуди врвна конверзија на дигиталниот извор во чист и висококвалитетен звучен сигнал.
Алуминиумското куќиште на PHA-1A нуди заштита од шум и пречки кои можат негативно да влијаат врз квалитетот на звукот.
Бидете подготвени за секаде со компактниот и лесен дизајн кој нема да ви тежи. Неговото издржливо алуминиумско куќиште го штити од секојдневните удари и потреси.
Мал и лесен со тежина од приближно 150 грама за носење во торба или џеб.
Силиконската лента го олеснува носењето заедно со вашиот Walkman®, Xperia™ или iPhone.
Репродуцирајте музика најмногу 6 часа преку дигитална врска.
Се испорачува со кабли за плеери од Apple, Walkman®, микро и стандарден USB кабел и силиконска лента.
Компатибилност со Apple
Спецификации и функции
- Фреквентен одзив
- 10-100 kHz