Звук

Вид на звучникот
2.1кан.
Димензии на звучник
Супер високотонец (преден): Прибл. 20 мм во дијаметар x 2 /Среднотонец: Прибл. 40 мм во дијаметар x 2 / Сабвуфер: Прибл. 69 мм во дијаметар x 1
Излезна моќност
90W
Режими на звук
ClearAudio+, DSEE HX

Големина и тежина

Димензии (Ш x В x Д)
35,9 x 11,1 x 10,3 см
Тежина
2,7 кг

Bluetooth®

Систем на комуникација
BLUETOOTH® спецификации верзија 3.0
Макс. опсег на комуникација
Прибл. опсег на видливост од 10 м
Компатибилни профили
A2DP, AVRCP
поддржани кодеци
AAC, LDAC, SBC
Фреквентен опсег на пренос
20 Hz – 20.000 Hz (со семплирање од 44,1 kHz)
Фреквентен опсег
55 - 40.000 Hz

Интерфејс

Влезни и излезни приклучоци
USB A, USB B, Влезен мини стерео приклучок, Етернет

Општи карактеристики

Напојување
Наизменична струја
Потрошувачка на енергија
Прибл. 45 W

Еколошки, заштеда на енергија

Потрошувачка на енергија (исклучен режим)
недостапно
Потрошувачка на енергија (режим на подготвеност)
0,5 W
Потрошувачка на енергија (режим на подготвеност во мрежа) - приклучоци
6,0 W (Wi-Fi®) / 6,0 W (сите приклучоци и мрежи поврзани*) *Жичните врски автоматски ги деактивираат безжичните врски. *Wi-Fi® приклучокот се одликува со функција за рутер со која може да се проследуваат аудио податоци до друг аудио производ од Sony.
Режимот на подготвеност е активиран
По 15 минути
Режимот на подготвеност во мрежа е активиран – приклучоци
По 15 минути (Wi-Fi®)
Преклопник за вклучување/исклучување на безжична(и) мрежа(и)
За да ја исклучите безжичната функција, со вклучен звучник, притиснете и задржете на копчињата NETWORK (Мрежа) и WPS. За да ја вклучите безжичната функција, извршете ја истата постапка.

Безжични врски

Wifi
Да
Безжични можности
Bluetooth®, Wi-Fi®, Функции со еден допир (NFC)
NFC
Да
DLNA
Да
AirPlay
Да
Chromecast built-in
Да
Spotify Connect
Да

Опции на бои

whiteblack

Што има во пакетот

  • Далечински управувач (RMT-CX9)
  • AC адаптер за напојување
  • Батерии за AAA големина за далечинскиот управувач
  • Алатка за отстранување на решетките на звучниците
  • Водич за запознавање со Wi-Fi
  • Упатство за употреба
  • Гарантен лист
Placeholder

Функции

Слика од Пренослив безжичен звучник со BLUETOOTH®/Wi-Fi

Звук со Bисока Pезолуција

Од изворот до звучниците, Sony обедини повеќе технологии за да ви овозможи врвно аудио доживување. Дигиталниот засилувач и специјализираните високотонци ги репродуцираат сите детали од фајловите со звук со висока резолуција, за да можете да ја слушнете секоја нота така како што ја замислил изведувачот. За MP3 фајловите, софтверот за дигитална обработка ја зголемува резолуцијата на компресираната музика за враќање на изгубените детали.

Слика од Пренослив безжичен звучник со BLUETOOTH®/Wi-Fi

2.1-канален систем за моќен звук

Добијте моќен звук од 90 W од 2.1-канален систем на звучници. Двата Magnetic Fluid звучници со среден опсег нудат чисти и јасни вокали и сложени мелодии, а супер високотонците со широка дисперзија создаваат неверојатно високи тонови и широко звучно поле. Моќен вуфер со пасивни радијатори за извонреден бас. Уживајте во музика со јасен и моќен звук, независно од јачината на звукот.

Слика од Пренослив безжичен звучник со BLUETOOTH®/Wi-Fi

Засилете го басот со сабвуфер од 69 мм и два пасивни радијатори

Добијте моќни бас звуци од компактен звучник. Двата пасивни радијатори се надополнети со сабвуфер од 69 мм и реагираат на движењето на воздухот низ звучникот, создавајќи вештачки простор во кутијата на звучникот. Овој простор овозможува поголем проток на воздух низ звучниците, овозможувајќи им дури и на помалите уреди да создаваат беспрекорен звук – особено при ниски фреквенции.

Слика од Пренослив безжичен звучник со BLUETOOTH®/Wi-Fi

Magnetic Fluid звучници од 40 мм: појасен и помоќен звук

Заменувајќи ги стандардните придушувачи на звучниците со технологија на Magnetic Fluid звучници од 40 мм, шумот и изобличувањата значително се намалуваат и се добива јасен и моќен звук како никогаш досега. Технологијата Magnetic Fluid, првично создадена за NASA, овозможува поставување на поефикасни звучници кои нудат одличен звук во помал простор – идеално за компактни врвни звучници.

Слика од Пренослив безжичен звучник со BLUETOOTH®/Wi-Fi

Супер високотонци од 20 мм

SRS-X88 е опремен со два супер високотонци од 20 мм со мека купола за репродукција на неизобличени и јасни високи фреквенции. Тие ја надополнуваат енергијата на звукот со висока резолуција, без оглед на положбата на звучниците.

Слика од Пренослив безжичен звучник со BLUETOOTH®/Wi-Fi

Дигитален засилувач S-Master HX

Вградениот дигитален засилувач S-Master HX ви помага да го извлечете најдоброто од вашиот звук со висока резолуција. Тоа го постигнува преку намалување на нивоата на шум кои вообичаено се јавуваат кај високофреквентниот опсег, така што можете да уживате во чист, остар звук.

Слика од Пренослив безжичен звучник со BLUETOOTH®/Wi-Fi

DSEE HX ги обновува вашите музички фајлови

Надминете го CD квалитетот. DSEE HX ја користи нашата технологија DSEE за да ги подобри компресираните аудио фајлови на ниво кое е поблиску до звукот со висока резолуција. Со обновување на деталите од оригиналната снимка кои се губат при процесот на компресија, DSEE HX нуди богато аудио доживување со неверојатен квалитет.

Слика од Пренослив безжичен звучник со BLUETOOTH®/Wi-Fi

ClearAudio+™ ја збогатува вашата музика

Clear Audio+™ е ексклузивна технологија која ја надополнува експертизата на Sony за обработка на дигитални сигнали и веќе неколку генерации го усовршува звукот, а создава богато и висококвалитетно доживување при слушањето.

Слика од Пренослив безжичен звучник со BLUETOOTH®/Wi-Fi

Висококвалитетно безжично проследување

LDAC е нова технологија за звук од Sony која ви овозможува да уживате во висококвалитетен безжичен звук преку Bluetooth®. Со пренос на 3x повеќе податоци, LDAC овозможува подобро безжично слушање на сета ваша музика.

Слика од Пренослив безжичен звучник со BLUETOOTH®/Wi-Fi

Музиката е во воздухот кој нè опкружува

Можноста за проследување на звук преку Wi-Fi ви овозможува да уживате во омилените содржини од iTunes® преку вашите уреди што поддржуваат AirPlay и Chromecast built-in, но и да добиете пристап до музичките датотеки во вашиот компјутер или домашен медиумски сервер што е компатибилен со DLNA.

Слика од Пренослив безжичен звучник со BLUETOOTH®/Wi-Fi

AirPlay се поврзува со вашите производи од Apple

Проследувајте ги вашите омилени содржини низ целиот дом: сè што ви е потребно е жична или безжична LAN врска и уред кој поддржува AirPlay (како iPod touch™, iPad™ или iPhone™). Функцијата на AirPlay за истовремена репродукција ви овозможува да ја проследувате истата песна на сите поддржани звучници, така што ќе можете да ја исполните секоја просторија со прекрасен звук.

Слика од Пренослив безжичен звучник со BLUETOOTH®/Wi-Fi

Слушање со еден допир за моментално репродуцирање музика

Технологијата NFC (поле за комуникации во близина) ја елиминира потребата од поврзување со кабли и сложените постапки за поставување. Само допрете го вашиот паметен телефон или друг уред* со NFC до ознаката N на куќиштето и почнете да слушате музика. Немате NFC? Нема проблем. Уредите можете да ги впарите и рачно во поставките за Bluetooth®. *Погледнете компатибилни уреди

Пронајдете компатибилни уреди

Ослободете ја вашата музика со можноста за слушање во повеќе простории

Исполнете го домот со звукот од омилените песни, благодарение на можноста за слушање во повеќе простории. Функцијата за слушање во повеќе простории содржи режими како режимот за забава со кој може да уживате во истата музика преку повеќе звучници истовремено и персоналниот режим со кој може да уживате во различна музика преку повеќе звучници

Слика од Пренослив безжичен звучник со BLUETOOTH®/Wi-Fi

Обединете ја вашата музиката со Sony | Music Center

Со користење на апликацијата Sony | Music Center, SRS-X88 ќе може да се поврзе со различни услуги за музика на интернет, како вградениот Chromecast built-in за звук и Spotify за репродукција на музика.

Слика од Пренослив безжичен звучник со BLUETOOTH®/Wi-Fi

Едноставен начин за испраќање музика кон вашите звучници

Chromecast built-in ви овозможува да ги проследувате омилените апликации за музика од личниот уред кон звучниците. Само допрете го копчето за проследување во апликацијата за музика во вашиот телефон или таблет-уред со Android, iPhone, iPad, Mac®, лаптоп со Windows или Chromebook и изберете звучник или група звучници за да започнете.

Слика од Пренослив безжичен звучник со BLUETOOTH®/Wi-Fi

Компатибилни формати

Освен MP3 и AAC формати, SRS-X88 поддржува и повеќе видови на фајлови со звук со висока резолуција. Тука спаѓаат: FLAC, WMA и L.PCM (WAV, AIFF).

Слика од Пренослив безжичен звучник со BLUETOOTH®/Wi-Fi

Одлично поврзување преку USB-A и USB-B

Поврзете ги сите ваши омилени уреди со безжичниот звучник преку два вида на USB приклучоци. Приклучокот USB-A е идеален за поврзување и полнење на MP3 плеери, iPhone и iPad, како и за поврзување USB уреди за проследување звук со висока резолуција и MP3 фајлови. Вториот приклучок USB-B е наменет за поврзување со компјутери и овозможува дигитална репродукција директно од вашата музичка збирка без какви било загуби во сигналот од компјутерот.

Слика од Пренослив безжичен звучник со BLUETOOTH®/Wi-Fi

Аналоген аудио влез и приклучок за етернет

Поврзувајте различни извори во SRS-X88 и уживајте во квалитетен звук. Уредот е опремен со аналоген влез, кој го конвертира аналогниот сигнал во дигитален со квалитет од 96 kHz/24 бита за минимизирање на загубите во квалитетот. Згора на тоа, приклучокот за етернет е опремен за постабилно мрежно опкружување.

Дизајн со дефинирана контура

Мазната површина и правите линии ја усогласуваат оваа елегантна убавина со заднината, а сепак го привлекуваат вниманието со својата минималистичка префинетост. Нагласениот периметар е препознатлив знак за дизајнот со дефинирана контура.

Слика од Пренослив безжичен звучник со BLUETOOTH®/Wi-Fi

Дизајн со дефинирана контура

Мазната површина и правите линии ја усогласуваат оваа елегантна убавина со заднината, а сепак го привлекуваат вниманието со својата минималистичка префинетост. Нагласениот периметар е препознатлив знак за дизајнот со дефинирана контура.