Слика од Пренослив безжичен звучник со BLUETOOTH®/Wi-Fi
Слика од Пренослив безжичен звучник со BLUETOOTH®/Wi-Fi
Слика од Пренослив безжичен звучник со BLUETOOTH®/Wi-Fi
Слика од Пренослив безжичен звучник со BLUETOOTH®/Wi-Fi
Слика од Пренослив безжичен звучник со BLUETOOTH®/Wi-Fi
Слика од Пренослив безжичен звучник со BLUETOOTH®/Wi-Fi
Така како што замислиле изведувачите

Уживајте во најситните детали од звукот со поголем квалитет отколку кај CD дисковите, благодарение на звукот со висока резолуција. Страста за музика ги обединува сите компоненти, па затоа ќе помислите дека изведувачот настапува пред вас.

Како функционира звукот со висока резолуција

Звукот со висока резолуција се однесува на група дигитални процеси кои овозможуваат кодирање и репродукција на музика со повисоки стапки на семплирање од оние кај CD дисковите.

44,1KHZ / 16 БИТА [CD]
96KHZ / 24 БИТА [ВИСОКА РЕЗОЛУЦИЈА]
Создадени за исклучителен звук

Два супер високотонци, два звучници со среден опсег и сабвуфер во една целина, напојувани преку вкупно пет моќни засилувачи и изработени од врвни материјали - за резултати кои ќе ги задоволат вашите уши.

S-Master™ HX

Технологијата на дигитален засилувач S-Master HX™, создадена за звук со висока резолуција, го намалува изобличувањето и шумот низ широк опсег на фреквенции - за добивање на богат и сеопфатен звук.

Збогатена музика

DSEE HX™ ја подобрува вашата постоечка музика до звук со квалитет речиси како звукот со висока резолуција, за да се чувствувате како да сте во студиото за снимање или на концерт.

ClearAudio+

ClearAudio+ го оптимизира звукот за да ја слушате музиката со острина и отсечност.

Уживајте во секоја нота

Стандардните засилувачи вршат повеќе конверзии од дигитален во аналоген сигнал кои го намалуваат квалитетот. Засилувачот S-Master е 100% дигитален и не создава изобличувања, ја подобрува ефикасноста и има помали димензии. Дигиталниот засилувач S-Master HX ги намалува нивоата на шум за добивање на потребната прецизност за високите фреквенции (над 40kHz).

Обновете ги сите ваши компресирани фајлови

Процесорот за подобрување на дигитален звук HX (DSEE HX) ги подобрува компресираните дигитални музички фајлови (MP3, ACC, ATRAC и WMA) со сличен квалитет како и звукот со висока резолуција. Со обновување на високите звуци кои се губат при компресирањето, DSEE HX ги репродуцира вашите дигитални музички фајлови со богат и природен звук, со квалитетот сличен на оригиналната снимка.

LDAC: Висококвалитетно безжично слушање

LDAC е нова технологија за звук од Sony која ви овозможува да уживате во висококвалитетен безжичен звук преку Bluetooth®. Со пренос на 3x повеќе податоци, LDAC овозможува подобро безжично слушање на сета ваша музика.

Звук преку AirPlay
Звук преку AirPlay

Уживајте во музика преку уреди што поддржуваат AirPlay.

NFC со еден допир и Bluetooth®
NFC со еден допир и Bluetooth®

Впарете го вашиот компатибилен уред со еден допир преку NFC. Поврзете се преку Bluetooth® за безжично проследување.

Wi-Fi® врска
Поврзување преку DLNA

Репродуцирајте музика од вашиот компјутер или домашен сервер.

Слушајте музика во друга просторија

Овозможете ѝ на истата прекрасна песна да ве следи во домот со опцијата за слушање во повеќе простории, контролирана преку апликацијата Sony | Music Center. Користете Sony | Music Center Link за да групирате заедно одредени звучници во вид на лента и звучници од Sony, а потоа проследувајте музика од различни услуги за музика, паметен телефон, компјутер или вашата DLNA мрежа во повеќе простории од вашиот дом.

Едноставен пристап до вашата музика

Добијте лесен пристап до богат избор на музика и многу повеќе, благодарение на Chromecast built-in (претходно Google Cast™) и Spotify Connect.

Chromecast built-in
Chromecast built-in

Проследувајте музика, онлајн радио и podcast содржини од вашиот паметен телефон, таблет-уред или лаптоп кон вашиот аудио уред. Само допрете го копчето за проследување.

Spotify
Spotify Connect

Репродуцирајте од Spotify преку вашиот аудио уред, користејќи ја апликацијата Spotify како далечински управувач.

Проследувајте со Chromecast built-in

Проследувајте музика, podcast-содржини и радио преку повеќе од 100 апликации за музика, како YouTube Music и многу други.

Обединете ја вашата музика

Контрола на проследувањето со новата апликација Sony | Music Center

Апликацијата Sony l Music Center ви нуди лесно и интуитивно управување на слушањето. Само инсталирајте ја апликацијата Sony l Music Center на одредени паметни телефони и преземете ја контролата врз репродукцијата на музика, поставувањата на уредот и многу повеќе - сето тоа преку една апликација.

Одлично поврзување

Бидете постојано поврзани со вашата музика. Уживајте во безжичен пристап со еден допир, поврзувајте USB уреди за репродукција со висока резолуција или откријте ги одново старите омилени содржини со подобрениот квалитет преку аналогната врска. 

Вашата музика, ваши опции

Добијте повеќе опции за слушање со големата поддршка за кодеци

Дизајниран да ги обедини сериозното слушање и дигиталната практичност, SRS-X88 е компатибилен со голем број популарни кодеци, компресирани и некомпресирани, за Mac или PC.

Дизајн кој говори сам по себе

Дизајн со дефинирана контура

Создаден да ве импресионира, SRS-X88 го обединува стилот со квалитетот. Неговиот нагласен периметар е препознатлив знак за дизајнот со дефинирана контура, кој создава елегантен систем кој хармонично се вклопува во вашиот простор.

Паметен стил, врвен звук

Комбинирајќи компактна елегантност и минималистички дизајн, SRS-X99 докажува дека за моќен звук не секогаш се потребни големи звучници.

Совршено се вклопува насекаде

Без разлика дали е во вашата кујна, дневна соба или спална, стилскиот дизајн на SRS-X88 претставува елегантно надополнување на секоја просторија.

Спецификации и функции

Зголемете го квалитетот на вашата музика на едноставен начин со SRS-X88 - компактни безжични звучници кои нудат слушање звук со висока резолуција. Уживајте во вашата музичка збирка, без разлика дали користите паметен телефон, компјутер или услуга за музика. Два супер високотонци, два среднотонци, сабвуфер и два пасивни радијатори кои создаваат богат и прекрасен звук.
  • Компатибилност со звук со висока резолуција

  • DSEE HX ја подобрува вашата музика до квалитет сличен со звукот со висока резолуција

  • S-Master HX дигитален засилувач за чист и квалитетен звук

  • 5 звучници (2 Magnetic Fluid), 5 засилувачи

  • Лесно поврзување преку Bluetooth® со NFC со еден допир

Вид на звучникот
2.1кан.
Димензии на звучник
Супер високотонец (преден): Прибл. 20 мм во дијаметар x 2 /Среднотонец: Прибл. 40 мм во дијаметар x 2 / Сабвуфер: Прибл. 69 мм во дијаметар x 1
Излезна моќност
90W
Влезни и излезни приклучоци
USB A, USB B, Влезен мини стерео приклучок, Етернет
Фреквентен опсег на пренос
20 Hz – 20.000 Hz (со семплирање од 44,1 kHz)
Wifi
Да
AirPlay
Да
Chromecast built-in
Да
Spotify Connect
Да

Што има во пакетот

Далечински управувач (RMT-CX9), AC адаптер за напојување, Батерии за AAA големина за далечинскиот управувач, Алатка за отстранување на решетките на звучниците, Водич за запознавање со Wi-Fi, Упатство за употреба, Гарантен лист

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина