Пренослив безжичен звучник со BLUETOOTH®
Звукот од 20 W и двата пасивни радијатори создаваат звук со моќен бас и се сместени во мал пакет.
Воспоставете врска за момент преку Bluetooth® со NFC со еден допир за безжично споделување на музика.
Понесете ја вашата музика со вас, благодарение на лесниот дизајн и батеријата која трае 12 часа.
Со елиминирање на аналогните компоненти во повратната фаза, засилувачот S-Master обезбедува јасност и зголемена ефикасност.
Создадена за компензација на компресијата кај голем број дигитални аудио фајлови, DSEE ја подобрува музиката со обновување на високите тонови.
ClearAudio+ претставува кулминација на истражувањето кое трае десетици години, а ги обединува нашите најважни технологии за обработка на звук.
DSEE го обновува квалитетот кај компресираните аудио фајлови
Нашата технологија за подобрување на дигитален звук (DSEE) беше создадена за да го обнови звукот со висок опсег кој се изгубил во процесот на компресија на MP3 фајловите. Таа нуди богат и природен звук, кој го враќа оригиналниот изворен CD звук.
LDAC е нова аудио технологија од Sony која ви овозможува да слушате висококвалитетен безжичен звук преку Bluetooth®. Со 3x повеќе пренесени податоци, LDAC нуди подобрено уживање при безжичното слушање за целата ваша музика.
Доволно мал и лесен за да го земете во рака и да го носите со вас, со издржливост на батеријата до 12 часа за континуирано слушање музика.
Благодарение на преносливиот и лесен дизајн, проследувањето музика е едноставно со безжичниот звучник SRS-X33 без разлика каде одите.
Со издржливоста на батеријата до 12 часа може да слушате музика надвор или во затворени простории, независно дали сте во паркот или на забава.
Уживајте во безжичен пристап со еден допир, поврзување со најразлични уреди кои имаат аналоген влез, приклучување во USB заради полнење и добијте дури и комуникации без користење на рацете кога ќе поврзете паметен телефон.
Без разлика дали е во вашата кујна, дневна соба или спална, стилскиот дизајн на SRS-X33 претставува елегантно надополнување на секоја просторија.
Спецификации и функции
- Димензии на звучник
- Целосен опсег: Прибл. 34 мм во дијаметар x 2
- Излезна моќност
- 20W
- Траење на батеријата
- 12 часа
- Влезни и излезни приклучоци
- Влезен мини стерео приклучок, Микро USB приклучок
- Фреквентен опсег на пренос
- 20 Hz – 20.000 Hz (со семплирање од 44,1 kHz)
- AirPlay
- Не
Што има во пакетот
USB AC адаптер, Микро USB кабел, Водич за запознавање, Референтен водич, Гарантен лист