Сите спецификации и функции
Звук
- ГОЛЕМИНА НА ЗВУЧНИК
- Целосен опсег: Прибл. 34 мм во дијаметар x 2
- РЕЖИМИ ЗА ЗВУК
- ClearAudio+, DSEE
- ИЗЛЕЗНА МОЌНОСТ
- 20W
Големина и тежина
- ДИМЕНЗИИ (Ш X В X Д)
- 18,5 x 6 x 5,9 см
- ТЕЖИНА
- 730 гр.
Спецификации на Bluetooth®
- СИСТЕМ ЗА КОМУНИКАЦИЈА
- BLUETOOTH® спецификации верзија 3.0
- МАКС. ОПСЕГ НА КОМУНИКАЦИЈА
- Прибл. опсег на видливост од 10 м
- КОМПАТИБИЛНИ ПРОФИЛИ
- A2DP, AVRCP, HFP, HSP
- ПОДДРЖАНИ КОДЕЦИ
- AAC, LDAC, SBC
- ОПСЕГ НА ПРЕНОС НА ФРЕКВЕНЦИИ
- 20 Hz – 20.000 Hz (со семплирање од 44,1 kHz)
- ФРЕКВЕНТЕН ОПСЕГ
- 60 - 16.000 Hz
Интерфејс
- ВЛЕЗНИ И ИЗЛЕЗНИ ПРИКЛУЧОЦИ
- Влезен мини стерео приклучок, Микро USB приклучок
Bluetooth® спецификации
- Микрофон/ вид
- Тип електрет кондензатор
- Насочување
- Во сите насоки
Општи карактеристики
- ТРАЕЊЕ НА БАТЕРИЈАТА
- 12 часа
- НАПОЈУВАЊЕ
- Внатрешна батерија на полнење, Наизменична струја
- ПОТРОШУВАЧКА НА ЕНЕРГИЈА
- Прибл. 9,0 W
Безжични врски
- Безжични можности
- Bluetooth®, Функции со еден допир (NFC)
- NFC
- Да
- DLNA
- Не
- AirPlay
- Не
Опции на бои
Што има во пакетот
- USB AC адаптер
- Микро USB кабел
- Водич за запознавање
- Референтен водич
- Гарантен лист

Функции
Два пасивни радијатори со компактна големина за звук со одличен бас
Двата пасивни радијатори се сместени на предната и задната страна во тенкото и компактно куќиште. Тие го добиваат воздушниот притисок кој се генерира од звучниците од 20 W и создаваат огромен бас и покрај нивната компактна големина.
Дигитален засилувач S-Master: беспрекорно чист звук
Уживајте во најдоброто од дигиталниот звук со дигиталниот засилувач S-Master. Користејќи едноставна и целосно дигитална патека за сигнали, засилувачот S-Master ги репродуцира аудио сигналите без бројните аналогни процеси кои ги вршат стандардните засилувачи. Како резултат не се добива само поголема моќ, туку и значително помалку изобличувања предизвикани од загревањето.
DSEE врши обновување на деталите на вашата дигитална музика
Зголемете го квалитетот на вашите компресирани музички фајлови. Кога оригиналниот музички извор е компресиран, се губат делови од високите фреквенции кои ги збогатуваат вашите омилени песни и им додаваат детали. Процесорот за подобрување на дигитален звук (DSEE) верно ги обновува истите за да создаде звук со висок квалитет кој е поблиску до оригиналната снимка.
ClearAudio+ ја збогатува вашата музика
ClearAudio+™ е ексклузивна технологија која ја надополнува експертизата на Sony за обработка на дигитални сигнали и веќе неколку генерации го усовршува звукот, а создава богато и висококвалитетно доживување при слушањето.
Висококвалитетно безжично проследување
LDAC е нова технологија за звук од Sony која ви овозможува да уживате во висококвалитетен безжичен звук преку Bluetooth®. Со пренос на 3x повеќе податоци, LDAC овозможува подобро безжично слушање на сета ваша музика.
Слушање со еден допир за моментално репродуцирање музика
Технологијата NFC (поле за комуникации во близина) ја елиминира потребата од поврзување со кабли и сложените постапки за поставување. Само допрете го вашиот паметен телефон или друг уред* со NFC до ознаката N на куќиштето и почнете да слушате музика. Немате NFC? Нема проблем. Уредите можете да ги впарите и рачно во поставките за Bluetooth®. *Погледнете компатибилни уреди
Олеснете ја комуникацијата со повици без користење на раце
Уживајте во интуитивно јавување без користење на рацете, независно каде се наоѓате и што правите. Само впарете го телефонот со SRS-X33 преку Bluetooth® и ќе можете да воспоставувате и одговарате на повици преку вградениот звучник и микрофон. Музиката автоматски прекинува, за да добиете јасна линија со минимално изобличување додека разговарате со семејството и пријателите.
Уживајте во репродукција до 12 часа
Вградената батерија овозможува репродукција до 12 часа, така што можете да ја понесете музиката со вас и да уживате во неа на отворено без двоумење. Батеријата може да се полни преку компјутер или AC приклучок со помош на микро USB кабел.
Компактен пренослив дизајн
SRS-X33 се одликува со компактна големина со ширина од само 185 мм (В 60 мм x Ш 185 мм x Д 59 мм) и тежина од само 730 гр.
Дизајн со дефинирана контура
Мазната површина и правите линии ја усогласуваат оваа елегантна убавина со заднината, а сепак го привлекуваат вниманието со својата минималистичка префинетост. Нагласениот периметар е препознатлив знак за дизајнот со дефинирана контура.