SRS-RA5000

Уживајте во музика околу вас

Врвниот безжичен звучник SRS-RA5000 создава звук што ја исполнува просторијата и ќе го промени начинот на кој уживате во музиката во домот.

СИТЕ БЕЗЖИЧНИ ЗВУЧНИЦИ

Врвен безжичен звучник SRS-RA5000 со амбиентален звук што ја исполнува просторијата

SRS-RA5000
SRS-RA5000
Наградувани
Red Dot winner 2021 best of the best logo awarded to Xperia PRO
Што е амбиентален звук што ја исполнува просторијата?

Без разлика дали читате, готвите, работите или разговарате со пријателите, амбиенталниот звук што ја исполнува просторијата ќе ви биде совршен придружник. Исто како музиката што се репродуцира во вашиот омилен бар, со смирувачки и пријатен звук што патува хоризонтално и вертикално за да создаде совршена атмосфера во секоја просторија од домот.

Стандарден звук што ја исполнува просторијата
СТАНДАРДЕН ЗВУК ШТО ЈА ИСПОЛНУВА ПРОСТОРИЈАТА
Амбиентален звук што ја исполнува просторијата
АМБИЕНТАЛЕН ЗВУК ШТО ЈА ИСПОЛНУВА ПРОСТОРИЈАТА
360 Reality Audio или Immersive Audio Enhancement

Песните 360 Reality Audio содржат податоци за тродимензионалната локација на звукот и можат да ви понудат најдобар амбиентален звук што ја исполнува просторијата. Но, доколку не се достапни, не грижете се - уникатниот алгоритам Immersive Audio Enhancement на Sony ефикасно ги репродуцира вашите омилени стерео песни со амбиентален звук што ја исполнува просторијата.

360 Reality Audio
Внатрешен приказ на SRS-RA5000 каде што се прикажани седум звучници
Слушнете ја разликата со вкупно седум звучници

Трите звучници насочени нагоре ја распространуваат музиката вертикално, а трите странични звучници го распространуваат звукот хоризонтално. Достапен е и вуфер што ја исполнува просторијата со моќен и длабок бас.

Погледнете ја внатрешноста на SRS-RA5000
Паметен и лесен за користење

Овозможувајќи лесно поставување и практично користење, RA5000 ќе се вклопи беспрекорно во вашиот живот и во вашиот дом.

Лого за Bluetooth®
Безжичен звук со технологијата Bluetooth®

Впарете го звучникот со паметен телефон или таблет-уред преку технологијата Bluetooth® и започнете да ја проследувате вашата музичка збирка.

Икона за Wi-Fi
Поврзување преку Wi-Fi

Користете Wi-Fi-врска за да пристапите до омилените услуги за проследување од интернет преку вашиот звучник и контролирајте ја листата за репродукција преку вашиот телефон.

Лого за Spotify Connect™
Компатибилност со Spotify Connect™

Репродуцирајте од Spotify директно преку звучникот користејќи ја апликацијата Spotify Connect™ во вашиот уред за целосна далечинска контрола.

Лого за Chromecast built-in
Chromecast built-in

Проследувајте музика, онлајн радио и podcast содржини од вашиот паметен телефон, таблет-уред или лаптоп кон вашиот аудио уред. Само допрете го копчето за проследување.

Музика во повеќе простории

RA5000 може да се приклучи во група звучници со Google Home или Amazon Alexa. Потоа ќе можете да репродуцирате различни песни во различни простории или истата музика низ целата ваша куќа, користејќи ја апликацијата или гласовниот помошник.

Слика од слушање музика во повеќе простории, синхронизација на музика
ИСТА МУЗИКА
Слика од слушање музика во повеќе простории, различна музика
РАЗЛИЧНА МУЗИКА
Слика од гласовната контрола
Гласовна контрола

Дали имате уред со Google Assistant или Alexa? Тогаш користете го за контрола на RA5000 со вашиот глас. Треба само да го додадете RA5000 во вашата група звучници преку Google Home или Amazon Alexa, а потоа да изговорите еден збор - независно дали сакате да репродуцирате музика, да ја промените јачината на звукот или многу други функции.

Прилагодувајте ги поставките со апликацијата Sony | Music Center

Преземете ја апликацијата Sony | Music Center во вашиот паметен телефон и контролирајте ја музиката безжично. Освен избирање листи за репродукција или поставување следна песна, ќе можете и да прилагодувате поставки како EQ.

Лого на Sony | Music Center
Слика од контрола на јачината на звукот
Автоматско прилагодување на јачината на звукот

Некои песни се репродуцираат премногу гласно или премногу тивко, поради што е потребно континуирано прилагодување на јачината на звукот. RA5000 го решава проблемот преку анализа на песните и нивна автоматска репродукција со доследна јачина на звукот.

Се поврзува безжично со вашиот телевизор

Сакате да го подобрите звукот од телевизорот? Компатибилните телевизори BRAVIA® ќе испраќаат звук безжично до RA5000 преку Bluetooth®. Помалото доцнење ќе придонесе за прецизна синхронизација на звукот што го слушате со сликата што ја гледате на екранот.

SRS-RA5000 безжично поврзан со телевизор Bravia од Sony
Автоматска калибрација на звукот
Калибрација на звукот

Калибрирајте го RA5000 за оптимални перформанси за звук со помош на внатрешен микрофон и уникатен алгоритам од Sony, независно од неговата положба. Задржете го копчето Immersive Audio Enhancement на куќиштето и RA5000 ќе започне со калибрација.

Компатибилност со звук со висока резолуција

Уживајте во најситните детали на звукот со висока резолуција и квалитет како од музичко студио. Страста за музика ги обединува сите компоненти, почнувајќи од сигналот па сè до звучникот, па затоа ќе помислите дека изведувачот настапува пред вас. 

Лого за безжичен звук со висока резолуција

Спецификации и функции

Променете го начинот на кој уживате во музиката во домот со SRS-RA5000, врвен безжичен звучник за амбиентален звук што ја исполнува просторијата.
  • Амбиентален звук што ја исполнува просторијата

  • Immersive Audio Enhancement

  • Лесно проследување музика преку Wi-Fi или Bluetooth®

  • Автоматската јачина на звукот овозможува доследни нивоа на јачина за сите песни

  • Калибрација на звукот за лесно поставување

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина

Награди

Награди