Без разлика дали читате, готвите, работите или разговарате со пријателите, амбиенталниот звук што ја исполнува просторијата ќе ви биде совршен придружник. Исто како музиката што се репродуцира во вашиот омилен бар, со смирувачки и пријатен звук што патува хоризонтално и вертикално за да создаде совршена атмосфера во секоја просторија од домот.
Овозможувајќи лесно поставување и практично користење, RA3000 ќе се вклопи беспрекорно во вашиот живот и во вашиот дом.
Впарете го звучникот со паметен телефон или таблет-уред преку технологијата Bluetooth® и започнете да ја проследувате вашата музичка збирка.
Користете Wi-Fi-врска за да пристапите до омилените услуги за проследување од интернет преку вашиот звучник и контролирајте ја листата за репродукција преку вашиот телефон.
Репродуцирајте од Spotify директно преку звучникот користејќи ја апликацијата Spotify Connect™ во вашиот уред за целосна далечинска контрола.
Проследувајте музика, онлајн радио и podcast содржини од вашиот паметен телефон, таблет-уред или лаптоп кон вашиот аудио уред. Само допрете го копчето за проследување.
RA3000 може да се приклучи во група звучници со Google Home или Amazon Alexa. Потоа ќе можете да репродуцирате различни песни во различни простории или истата музика низ целата ваша куќа, користејќи ја апликацијата или гласовниот помошник.
Дали имате уред со вграден Google Assistant или Alexa? Ако имате, тогаш ќе можете да го користите за контрола на RA3000 со вашиот глас. Треба само да го додадете RA3000 во вашата група звучници преку апликацијата Google Home или Amazon Alexa, а потоа да изговорите еден збор - независно дали сакате да репродуцирате музика, да ја промените јачината на звукот или многу други функции.
Преземете ја апликацијата Sony | Music Center во вашиот паметен телефон и контролирајте ја музиката безжично. Освен избирање листи за репродукција или поставување следна песна, ќе можете и да прилагодувате поставки како EQ.
Некои песни се репродуцираат премногу гласно, а некои премногу тивко, поради што е потребно континуирано прилагодување на јачината на звукот. RA3000 го решава овој проблем преку анализа на сите песни и нивна автоматска репродукција со доследна јачина на звукот - не треба да правите ништо.
Сакате да го подобрите звукот од телевизорот? Компатибилните телевизори BRAVIA® ќе испраќаат звук безжично до RA3000 преку Bluetooth®. Помалото доцнење ќе придонесе за прецизна синхронизација на звукот што го слушате со сликата што ја гледате на екранот.
RA3000 е отпорен на влага за да го користите во потенцијално влажни опкружувања, како кујната или бањата.
Без разлика каде ќе го поставите вашиот RA3000, треба само да го вклучите и да пуштите музика, а тој ќе изврши автоматска калибрација за оптимални перформанси на звукот, користејќи внатрешен микрофон и уникатен алгоритам од Sony. Не е потребно рачно мерење или непријатен звук за тестирање - само совршено позициониран амбиентален звук што ја исполнува просторијата.