Звук

ВИД НА ЗВУЧНИК
Целосен опсег
ГОЛЕМИНА НА ЗВУЧНИК
32X33 мм
DSEE
Да
ОДНАПРЕД ПОСТАВЕН EQ
Да
ПРИСПОСОБЕН EQ
5-појасен еквалајзер

Големина и тежина

ДИМЕНЗИИ (Ш X В X Д)
244x53x186 мм
ТЕЖИНА
Прибл. 318 гр.

Безжични врски

ФУНКЦИЈА ЗА КОРИСТЕЊЕ БЕЗ РАЦЕ
Да

Спецификации на Bluetooth®

СИСТЕМ ЗА КОМУНИКАЦИЈА
Верзија 5.0
МАКС. ОПСЕГ НА КОМУНИКАЦИЈА
30 м
КОМПАТИБИЛНИ ПРОФИЛИ
A2DP, AVRCP, HFP, HSP, SPP
ПОДДРЖАНИ КОДЕЦИ
SBC, AAC, LDAC
ОПСЕГ НА ПРЕНОС НА ФРЕКВЕНЦИИ
20 Hz - 20.000 Hz(семплирање со 44,1 kHz)

Интерфејс

ВЛЕЗНИ И ИЗЛЕЗНИ ПРИКЛУЧОЦИ
USB Type-C®

Апликација

КОМПАТИБИЛНИ АПЛИКАЦИИ ЗА ПАМЕТНИ ТЕЛЕФОНИ
Music Center, Headphone Connect, 360 Spatial Sound Personalizer

Општи карактеристики

ТРАЕЊЕ НА БАТЕРИЈАТА
Прибл. 12 часа
ПОТРОШУВАЧКА НА ЕНЕРГИЈА
7,5 W *Полнење

Што има во пакетот

  • Оптички кабел
  • Кабел за USB
Placeholder

Функции

360 Spatial Sound

Приспособете го доживувањето со Dolby Atmos® во комбинација со SRS-NS7 и BRAVIA XR™ за да уживате во 360 Spatial Sound. Овие безжични звучници со лента за на врат создаваат амбиентален звук како во кино што ќе ве опкружи, овозможувајќи нов начин на слушање.

Лого за 360 Spatial Sound Personalizer

360 Spatial Sound Personalizer

SRS-NS7 го анализира обликот на вашите уши и заедно со испорачаниот безжичен предавател WLA-NS7 создава идеална комбинација на виртуелни звучници со Dolby Atmos насекаде околу вас. Уживајте во сцената и чувствувајте се како дел од случувањата.

Безжичен предавател WLA-NS7 приклучен во телевизор BRAVIA монтиран на ѕид

Поврзете

Поврзете го испорачаниот безжичен предавател WLA-NS7 со вашиот телевизор BRAVIA XR преку оптички кабел и USB-кабел.

Безжичен предавател WLA-NS7 со слушалки од Sony

Впари

Впарете го звучникот со лента за на врат SRS-NS7 со испорачаниот безжичен предавател WLA-NS7 преку Bluetooth®-врска.

Два паметни телефони на чии екрани се прикажува апликацијата го снима обликот на увото

Прилагоди

Снимете го обликот на вашето уво со апликацијата Sony | 360 Spatial Sound Personalizer и уживајте во приспособен звук.

Лого за 360 Reality Audio

360 Reality Audio

Благодарение на 360 Reality Audio, музиката никогаш не била пореална. Отворете компатибилна услуга за музика на паметниот телефон и уживајте максимално, исто како да сте на концерт.

Слика од предната страна на SRS-NS7, означен е X-Balanced Speaker Unit

X-Balanced Speaker Unit

Оптимална големина на звучник во компактно куќиште. Го зголемува звучниот притисок и го намалува изобличувањето за да добиете јасни вокали и музика.

Слика од маж кој го носи SRS-NS7, со звучни бранови од звучникот насочен нагоре

Звучник насочен нагоре

Создава јасен звук што се насочува директно кон вас и не им пречи на другите. Уживајте максимално во вашите филмови и музика, дури и на полноќ. 

Слика од предната страна на SRS-NS7, означен е пасивниот радијатор

Пасивен радијатор

Го зголемува ниско-фреквентниот одзив за да добиете јасен бас. Слушајте моќни звучни ефекти од филмовите и песни со длабок бас.

Преносливиот звучник SRS-NS7 ставен врз орман и безжичниот предавател WLA-NS7 приклучен во телевизор BRAVIA монтиран на ѕид

Испорачан безжичен предавател

Испорачаниот безжичен предавател WLA-NS7 помага во минимизирање на доцнењето на звукот за да можете максимално да уживате во филмови со Dolby Atmos каде што звукот и сликата ќе бидат прецизно усогласени.

Создаден за непрекината забава

Одликувајќи се со флексибилен и ергономски дизајн што сигурно стои околу вашиот врат, овој безжичен звучник е практичен за носење и овозможува удобно гледање филмови, серии и концерти со часови.

Слика од предната страна на преносливиот звучник SRS-NS7, се гледа флексибилната лента

Совршен за носење

Флексибилната лента на задната страна на звучникот овозможува совршено поставување заради потполна удобност додека уживате во вашата забава. 

Слика од целосно наполнета батерија што прикажува издржливост до 12 часа

Создаден за забава

Не грижете се за батеријата дури и при маратонско гледање. Благодарение на енергијата за користење максимум 12 часа или максимум 5 часа при максимална јачина на звукот, ќе уживате дури и во најдолгите филмови и серии без прекин.

Слика од два круга, од кои едниот прикажува брзо полнење од 10 минути, а другиот прикажува траење на батеријата до 60 минути

Добијте повеќе енергија

Ако случајно ви снема енергија додека гледате, со брзо полнење од 10 минути ќе добиете енергија за репродукција до еден час.

Повици без користење на рацете

Јасните разговори се неопходни за состаноците преку интернет. Оптималната положба на микрофонот му овозможува на SRS-NS7 да го долови и пренесе вашиот глас со одличен квалитет, а X-Balanced Speaker Unit јасно ќе ги репродуцира гласовите на вашите колеги. Поништувањето на ехото ги минимизира повратните сигнали, па затоа сите учесници во повикот ќе слушаат и ќе бидат слушнати јасно.  

Слика од SRS-NS7 поврзан со паметен телефон и лаптоп во исто време

Повеќе опции за поврзување 

Поврзете два уреди истовремено, како вашиот лаптоп и паметен телефон. Потоа, ако добиете деловен повик на лаптопот додека слушате музика од паметниот телефон, ќе можете да одговорите на повикот со само едно кликнување на копчето Play/Call од левата страна на лентата за на врат. Штом заврши повикот, ќе продолжите да ја слушате омилената листа - не е потребно поврзување.

Поврзување со мобилни уреди

Не само што SRS-NS7 може да се впари со вашиот BRAVIA XR, туку и со други уреди како лаптопи, таблет-уреди и паметни телефони. Уживајте во омилените филмови и серии со длабок и амбиентален звук, дури и со уреди со големина на дланка.

Ознака IPX4 

Дизајнот отпорен на прскање со ознака IPX4 ви овозможува да уживате во омилените серии и песни, дури и при извршување на секојдневните обврски како перење.

Дизајн од отворен вид

Дизајнот од отворен вид ви овозможува да гледате и слушате кога сте подалеку од вашиот уред, а воедно и да бидете свесни што се случува околу вас.

Слика од предната страна на преносливиот звучник SRS-NS7 со текстилна завршна обработка

Текстилен материјал на предната страна

Завршната обработка со текстилен материјал нуди чувство на удобност што предизвикува задоволство при носењето и користењето.

Слика од задната страна на преносливиот звучник SRS-NS7 со мека и силиконска лента за на врат

Силиконска лента за на врат со мека задна страна

Благодарение на силиконската завршна обработка на лентата за на врат и мекото обложување на задната страна, овој звучник со лента за на врат е практичен за секојдневна употреба и лесен за чистење.

Слика од три садови со одржливи материјали

Високо ниво на одржливост

Нашите производи имаат стилски дизајн и не се штетни за животната средина. Пластиката сочинува помалку од пет проценти од материјалот за пакување на SRS-NS7, што е доказ за посветеноста на Sony да го намали влијанието на своите производи и работење врз животната средина.