Сите спецификации и функции
Звук
- Вид на звучникот
- целосен опсег
- Димензии на звучник
- 35 мм ×2
- Режими на звук
- Clear Audio+, DESS HX
Големина и тежина
- Димензии (Ш x В x Д)
- 204 мм x 62 мм x 60 мм
- Тежина
- Прибл. 790гр.
Безжични врски
- Wifi
- Да
- NFC
- да
- DLNA
- Да
- Chromecast built-in
- да
- Spotify Connect
- да
- Функција за ракување без користење на рацете
- да
Bluetooth®
- Систем на комуникација
- Version 4.2
- Макс. опсег на комуникација
- 10 м
- Компатибилни профили
- A2DP / AVRCP / HFP / SPP
- поддржани кодеци
- SBC / AAC / LDAC
- Фреквентен опсег на пренос
- 20 Hz-40.000 Hz
- Фреквентен опсег
- 2,4GHz фреквентен појас
Интерфејс
- Влезни и излезни приклучоци
- Микро_USB, Мини стерео приклучок (влез)
Општи карактеристики
- Траење на батеријата
- 12H
- Напојување
- Внатрешна на полнење, AC адаптер
- Потрошувачка на енергија
- 12W
Еколошки, заштеда на енергија
- Потрошувачка на енергија (исклучен режим)
- 0.2
- Потрошувачка на енергија (режим на подготвеност)
- 0.2
- Потрошувачка на енергија (режим на подготвеност во мрежа) - приклучоци
- 0.2
- Режимот на подготвеност е активиран
- 15 минути
- Режимот на подготвеност во мрежа е активиран – приклучоци
- 15 минути (Wi-Fi®, Bluetooth® без HFP)
- Преклопник за вклучување/исклучување на безжична(и) мрежа(и)
- За да ја исклучите безжичната функција, со вклучен звучник, притиснете и задржете на копчињата FUNCTION (Функција) и SET UP (Постави). За да ја вклучите безжичната функција, извршете ја истата постапка.
Опции на бои
Што има во пакетот
- AC адаптер за напојување
- Кабел за USB

Функции
Звук со висока резолуција за беспрекорен звук
Уживајте максимално во дигиталната музика со звукот со висока резолуција. Снимајќи ја музиката со повисока стапка отколку кај CD дисковите, поради што се зголемуваат аудио примероците во секунда и прецизноста на бит-стапката на секој примерок, звукот со висока резолуција овозможува беспрекорна репродукција на музиката која се изведува. Уживајте во секој здив и дискретно движење за навистина емотивно доживување.
NFC со еден допир за брзо поврзување
Технологиите Near Field Communication (NFC) и Bluetooth® ја елиминираат потребата од поврзување со кабли и сложените постапки за поставување. Со вашиот уред кој поддржува NFC допрете го звучникот за брзо и лесно поврзување, а потоа започнете со проследување на вашата музичка збирка. Немате NFC? Нема проблем. Поврзете се преку Bluetooth®.
LDAC™: за пренос на содржини со звук со висока резолуција
LDAC поддржува повеќе стапки на пренос во зависност од безжичното опкружување. Ќе ви овозможи да уживате во содржини со звук со висока резолуција чиј исклучителен квалитет е сличен со звукот со висока резолуција, користејќи максимална стапка на пренос: 990 kbps (приближно три пати повеќе податоци од стандардниот Bluetooth® звук). LDAC овозможува подобро безжично слушање на сета ваша музика, така како што замислил изведувачот.
Поврзете повеќе звучници со Sony | Music Center
Користете ја апликацијата Sony | Music Center за да групирате заедно одредени звучници во вид на лента и звучници од Sony, а потоа проследувајте музика од различни услуги за музика, паметен телефон, компјутер или од вашата DLNA мрежа во повеќе простории од вашиот дом.
Слушајте подолго благодарение на батеријата која трае до 12 часа
Дали сакате да слушате подолго без прекин? Кога h.ear go е целосно наполнет, можете да уживате во безжична репродукција на музика до 12 часа.
Обединете ја вашата музиката со Sony | Music Center
Преземете ја апликацијата Sony | Music Center за вашиот паметен телефон или таблет-уред и преземете ја контролата врз вашата музичка збирка. Поврзете се лесно преку Bluetooth® или Wi-Fi® и добијте непречен пристап до сите омилени песни, без разлика дали се зачувани во вашиот компјутер, сервер или омилена онлајн услуга за музика. Исто така, апликацијата може да се користи за прилагодување на поставувањата за звукот за да се обезбеди одличен и балансиран звук и контрола на слушањето во повеќе простории.
Почувствувајте ја моќта на EXTRA BASS™
Иновативната технологија EXTRA BASS го прави овој звучник идеален за уживање во EDM и други жанрови на музика со длабок бас. Користејќи уникатен процесор за дигитални сигнали од Sony, EXTRA BASS ги подобрува длабоките и моќни звуци со бас и го минимизира изобличувањето за да добиете исклучителна јасност.
DSEE HX ги обновува вашите музички фајлови
Надминете го CD квалитетот. DSEE HX ја користи нашата технологија DSEE за да ги подобри компресираните аудио фајлови на ниво кое е поблиску до звукот со висока резолуција. Со обновување на деталите од оригиналната снимка кои се губат при процесот на компресија, DSEE HX нуди богато аудио доживување со неверојатен квалитет.
Дигитален засилувач S-Master HX
Вградениот дигитален засилувач S-Master HX ви помага да го извлечете најдоброто од вашиот звук со висока резолуција. Тоа го постигнува преку намалување на нивоата на шум кои вообичаено се јавуваат кај високофреквентниот опсег, така што можете да уживате во чист, остар звук.
ClearAudio+™ ја збогатува вашата музика
Clear Audio+™ е ексклузивна технологија која ја надополнува експертизата на Sony за обработка на дигитални сигнали и веќе неколку генерации го усовршува звукот, а создава богато и висококвалитетно доживување при слушањето.
Едноставен начин за испраќање музика кон вашите звучници
Chromecast built-in ви овозможува да ги проследувате омилените апликации за музика од личниот уред кон звучниците. Само допрете го копчето за проследување во апликацијата за музика во вашиот телефон или таблет-уред со Android, iPhone, iPad, Mac®, лаптоп со Windows или Chromebook и изберете звучник или група звучници за да започнете.