GTK-PG10
GTK-PG10 има наменски режим за забава на отворено што уште повеќе го распространува звукот и е создаден за надворешна употреба - има дури и горен панел отпорен на прскање врз кој може да ставате пијалаци.
GTK-PG10
GTK-PG10 има наменски режим за забава на отворено што уште повеќе го распространува звукот и е создаден за надворешна употреба - има дури и горен панел отпорен на прскање врз кој може да ставате пијалаци.
Безжичен, пренослив и со батерија што трае долго - GTK-PG10 е идеален за слушање музика надвор, независно дали е за забава, пикник или кампување. Можете и да го преклопите горниот панел и да го внесете внатре за да добиете звук што ќе ја исполни просторијата.
Надвор или внатре - GTK-PG10 создава моќен звук без намалување на јасноста. DSP (процесор за дигитални сигнали) автоматски ги приспособува поставките за звук за да ги оптимизира перформансите според вашето опкружување.
Кога горните панели се затворени, а горните високотонци се насочени нанапред, GTK-PG10 го проектира звукот нанапред со поголема јачина и острина.
Кога горниот панел е отворен, вградените високотонци се насочени нагоре и нанадвор за да го распространат звукот уште повеќе за забавите на отворено.
Се забавувате некаде каде што нема приклучок за напојување? Нема проблем. Вградената батерија на полнење нуди енергија за вашата забава до 13 часа со јачина на звук од 25. При максимална јачина на звукот батеријата трае до 5 часа.
Технологијата Bluetooth® ви овозможува да ги проследувате сите омилени песни и листи за репродукција од вашиот паметен телефон кон системот за звук.
Приклучете USB-мемориски уред, паметен телефон или таблет-уред за да ги слушате сите ваши дигитални датотеки. Компатибилноста со форматите MP3, WMA, AAC и WAV ви овозможува да се забавувате и да го полните вашиот уред во исто време.
Дали сакате да ги слушате омилените диџеи, спорт во живо или радио емисии? Пронајдете ги станиците со приемникот за FM-радио и дознајте што се емитува.
Кога горниот панел е отворен, тоа место е совршено за ставање пијалаци и храна - не треба да се грижите дали ќе се истурат бидејќи горниот панел има длабоки држачи за чаши, отпорен е на прскање и лесно се чисти.
Понесете го и забавувајте се насекаде. Без разлика дали сте во домот со пријателите или се забавувате надвор, компактниот квадратен дизајн на GTK-PG10 содржи вградени рачки за преносливост и практичност.
Благодарение на вградениот отвор за монтирање, GTK-PG10 може лесно да се постави на статив за звучници на повисока положба.
Преземете контрола врз поставките со апликацијата Sony | Music Center. Едноставно преземете ја на вашиот паметен телефон и уживајте во безжична контрола на музиката. Можете да ги прилагодувате поставките за звук, да избирате омилени листи за репродукција од телефон или од USB и да ја подготвите следната песна без да бидете врзани за системот за звук.
Контролирајте ја репродукцијата преку паметен телефон со апликацијата Fiestable што е ексклузивно достапна кога ќе ја преземете апликацијата Sony Music | Center. Можете да менувате песни или јачина на звукот со зборување во телефонот - изберете гласовна контрола преку Fiestable и изговорете ја вашата команда.
Заедно со пријателите може да впарите најмногу три паметни телефони или таблет-уреди во исто време преку технологијата Bluetooth®. Така ќе можете да репродуцирате песни од вашите музички збирки и ќе имате уште поголем избор на музика.
Без разлика дали сакате да запеете на омилените песни за време на забавата или да бидете диџеј, треба само да приклучите микрофон. GTK-PG10 ќе ги додаде вокалите директно во музиката.