НАДВОРЕШЕН БЕЗЖИЧЕН ЗВУЧНИК GTK-PG10

Сите спецификации и функции

GTK-PG10

Функции

USB1
Да
FM
Да
Аудио влез 1
Да
Bluetooth®
Да (iAP преку BT)

Влезови и излези

Аналоген аудио влез
Да
USB влез
Да
Влез за микрофон
Да

Функции на звук

Музички еквалајзер
Музика (еквалајзер според емоции)
Режим за фудбал
ДА (ИСКЛУЧЕНО / ВКЛ. раскажување / ИСКЛ. раскажување)
Видео EQ
ФИЛМ / ИГРИ / ДРАМА / ВЕСТИ
Функција за засилување на басот
MEGA BASS
ClearAudio+
Да

Караоке

Контрола на копчиња
Да
Микрофон јачина на звук
Да
Ехо
Да

Практични функции

Тајмер за заспивање
Да
Излез за полнење преку USB приклучок
1,0 A

Потрошувачка на енергија

Потрошувачка на енергија (во режим на подготвеност)
0.5W

Bluetooth®

LDAC
Да
AAC
Да
A2DP(приемник)
Да
AVRCP
Да
SPP
Да

Апликација

Компатибилни апликации за паметни телефони
Да (Music Center / Fiestable)

Спецификации на приемник

Појас
FM
Опсег на поставување (FM)
87,5-108 MHz / 50 kHz
Меморирани канали
FM20 (Music Center)

Општо

Рачка за носење
Да
Компатибилност со статив
Да

Формати на репродукција (податоци)

MP3
Да

Спецификации на преден звучник

Високотонец
4 см x2 (конусен тип)
Бас
18 см x 1

Главен уред

Димензии на главен уред (ШxВxД см)(прибл.)
33,0 x 37,6 x 30,3 см
Тежина (кг)(прибл.)
6,7 кг

Преден звучник

Димензии на преден звучник (ШxВxД см)(прибл.)
-
Тежина (кг)(прибл.)
-

Еколошки, заштеда на енергија

Потрошувачка на енергија (исклучен режим)
недостапно
Потрошувачка на енергија (режим на подготвеност)
0.5W
Потрошувачка на енергија (режим на подготвеност во мрежа) - приклучоци
1,2 W(Bluetooth®) / 1,2 W(сите приклучоци и мрежи поврзани)
Режимот на подготвеност е активиран
По 15 минути
Режимот на подготвеност во мрежа е активиран – приклучоци
По 15 минути (Bluetooth®)
Преклопник за вклучување/исклучување на безжична(и) мрежа(и)
1. Инсталирајте ја апликацијата „Sony | Music Center“ во паметниот телефон. 2. Поврзете го паметниот телефон со уредот преку BT. 3. Отворете го менито Поставки на Sony | Music Center, а потоа изберете Други поставки -> Режим на подготвеност со BT. 4. Изберете „ВКЛУЧЕНО“ или „ИСКЛУЧЕНО“

Функции

Слика од Надворешен безжичен звучник GTK-PG10

Надвор или внатре - изборот е ваш

Безжичен, пренослив и со батерија што трае долго - GTK-PG10 е идеален за слушање музика надвор, независно дали е за забава, пикник или кампување. Сакате да продолжите да се забавувате внатре? Треба само да го преклопите горниот панел и да го земете GTK-PG10 со вас за да добиете звук што ќе ја исполни просторијата и нема да зазема многу простор на подот.

Слика од Надворешен безжичен звучник GTK-PG10

Гласно и јасно

Кога горниот панел е затворен, а горните високотонци се насочени нанапред, GTK-PG10 го проектира звукот нанапред со поголема јачина и острина.

Слика од Надворешен безжичен звучник GTK-PG10

Режим за забави на отворено

Кога горниот панел е отворен, вградените високотонци се насочени нагоре и нанадвор за да го распространат звукот уште повеќе за забавите на отворено. DSP (процесор за дигитални сигнали) автоматски ги приспособува поставките за звук за да ги оптимизира перформансите за надворешна употреба.

Слика од Надворешен безжичен звучник GTK-PG10

Моќ за правење забави насекаде, со батерија на полнење

Се забавувате некаде каде што нема приклучок за напојување? Нема проблем. Вградената батерија на полнење нуди енергија за вашата забава до 13 часа со јачина на звук од 25. При максимална јачина на звукот батеријата трае до 5 часа.

Слика од Надворешен безжичен звучник GTK-PG10

Поврзување преку Bluetooth® за едноставно проследување на музика

Технологијата Bluetooth® ви овозможува да го впарите паметниот телефон со GTK-PG10 преку безжична врска со краток опсег. Тоа може лесно да го направите, а врската нема да се прекине поради предмети во патеката на сигналот. Штом ги впарите, слободно можете да ги проследувате сите омилени песни и листи за репродукција од вашиот паметен телефон кон системот за звук.

Слика од Надворешен безжичен звучник GTK-PG10

USB-приклучокот овозможува приклучување, репродукција и полнење

Преку USB-приклучокот може да приклучите USB-мемориски уред, паметен телефон, таблет-уред или лаптоп и да ги слушате сите ваши дигитални датотеки. Компатибилноста со форматите MP3, WMA, AAC и WAV ви овозможува да слушате различни листи за репродукција на забавите и да го полните вашиот уред во исто време.

Слика од Надворешен безжичен звучник GTK-PG10

FM радио приемник за вашите омилени емисии

Дали сакате да ги слушате омилените диџеи, спорт во живо или радио емисии? Пронајдете ги станиците со приемникот за FM-радио и дознајте што се емитува.

Слика од Надворешен безжичен звучник GTK-PG10

Дизајн што е лесен за носење со вградени рачки

Понесете го и забавувајте се насекаде. Без разлика дали сте во домот со пријателите или се забавувате надвор, компактниот квадратен дизајн на GTK-PG10 содржи вградени рачки за преносливост и практичност.

Слика од Надворешен безжичен звучник GTK-PG10

Горниот панел е отпорен на прскање и има држачи за чаши

Кога горниот панел е отворен, тоа место е совршено за ставање пијалаци и храна - не треба да се грижите дали ќе се истурат бидејќи горниот панел е отпорен на прскање и лесно се чисти.

Слика од Надворешен безжичен звучник GTK-PG10

Компатибилност со статив

Благодарение на вградениот отвор за монтирање, GTK-PG10 може да се постави на статив за звучници на повисока положба заради поефикасно проектирање на звукот до повеќе луѓе, без разлика дали седат или стојат.

Слика од Надворешен безжичен звучник GTK-PG10

Прилагодувајте ги поставките со апликацијата Sony | Music Center

Преземете контрола врз поставките со апликацијата Sony | Music Center. Едноставно преземете ја на вашиот паметен телефон и уживајте во безжична контрола на музиката. Можете да ги прилагодувате поставките за звук, да избирате омилени листи за репродукција од телефон или од USB и да ја подготвите следната песна без да бидете врзани за системот за звук.

Слика од Надворешен безжичен звучник GTK-PG10

Забавна и едноставна контрола со апликацијата Fiestable

Преземете ја контролата врз репродукцијата преку вашиот паметен телефон со апликацијата Fiestable до која ќе добиете ексклузивен пристап штом ја преземете апликацијата Sony Music | Center.

Гласовна контрола преку Fiestable

Менувајте песни или прилагодувајте ја јачината на звукот со зборување во паметниот телефон. Изберете гласовна контрола преку апликацијата Fiestable и изговорете ја вашата команда - системот за звук ќе ја послуша.

Гласовниот водич ве информира

Гласовниот водич е практична функција што ве известува за главните функции: на пример, кога го впарувате паметниот телефон со системот за звук ќе слушнете „Bluetooth pairing“, а потоа „Bluetooth connected“ откако ќе се воспостави врската. 

Слика од Надворешен безжичен звучник GTK-PG10

Поврзување со повеќе уреди

Заедно со пријателите може да впарите најмногу три паметни телефони или таблет-уреди во исто време преку технологијата Bluetooth®. Така ќе можете да репродуцирате песни од вашите музички збирки и ќе имате уште поголем избор на музика.

Слика од Надворешен безжичен звучник GTK-PG10

Разбудете ја поп-ѕвездата во Вас

Без разлика дали сакате да запеете на омилените песни за време на забавата или да бидете диџеј, треба само да приклучите микрофон. GTK-PG10 ќе ги додаде вокалите директно во музиката.

Слика од Надворешен безжичен звучник GTK-PG10

Аудио влез

Влезниот аудио приклучок ви овозможува да поврзете преносливи MP3-плеери без Bluetooth® со GTK-PG10.