Слика од Walkman® WS610 од серија WS
Слика од Walkman® WS610 од серија WS
Слика од Walkman® WS610 од серија WS
Слика од Walkman® WS610 од серија WS
Слика од Walkman® WS610 од серија WS
Слика од Walkman® WS610 од серија WS
Слушајте. Вежбајте.

Водоотпорен сè во едно Walkman® со безжична технологија NFC™ и Bluetooth®.

Вежбајте без прекин. Водоотпорната серија NWZ-WS610 од Walkman® вклучува лесна лента за на глава со опкружувачки дизајн која стои цврсто без разлика дали сте во базен или на патека. NFC и Bluetooth® поврзувањето го олеснува слушањето, така што можете да се фокусирате на вежбањето.

16GB мемориски простор
Складирајте приближно 1.000 песни

Вашата музика е подготвена да оди насекаде со вас. Едноставно преснимување со повлекување на песните од PC или Mac на Walkman® пред вашиот тренинг.

NFC и Bluetooth®
Безжична технологија Bluetooth® и NFC™

Допрете го вашиот мобилен уред со NFC наспроти NWZ-WS610 и веднаш воспоставете врска, а потоа проследувајте музика безжично преку Bluetooth®. Или, пак, рачно впарете уред со iOS преку безжичната технологија Bluetooth®.

Водоотпорни до длабочина од 2м
Водоотпорен дизајн

Слушајте додека пливате со сè-во-едно водоотпорните слушалки кои може да се потопат во вода на длабочина до 2м.

Нурнете длабоко

Водоотпорен за пливање и спортови во вода

Нуркајте со вашите омилени песни. Овие водоотпорни слушалки може да се потопат на длабочина до 2м – за да слушате додека ги совладувате далечините.

Далечински управувач
Менувајте со вашиот прст

Останете во контрола и движете се со компактниот далечински управувач, отпорен на прскање. Прикачете го на прстот или на ремен за на зглоб за лесно да ги менувате песните додека вежбате – без оглед на временските услови.

Дизајн практичен за носење
Слобода на движење

Без жици, практични за носење, овие сè-во-едно слушалки се создадени за да се движат со вас. Заборавете на заплетканите кабли и фокусирајте се на вашите најдобри перформанси.

Лента за на глава со опкружувачки дизајн
Остануваат на место

Лесната, опкружувачка лента за на глава е дизајнирана да се носи удобно и да стои стабилно, дури и во лоши услови.

Слушајте на ваш начин

Добијте ја потребната флексибилност кога вежбате напорно во долги временски периоди. Репродуцирајте MP3, безжично проследувајте песни од вашиот паметен телефон, или пак комбинирајте ги ажурирањата на апликациите со музиката – изборот е ваш.

Разговори без користење на рацете
Не пропуштајте ниту еден повик

Одговарајте на повици без користење на рацете со помош на вграден микрофон и поврзување преку Bluetooth®. Притиснете го копчето за РЕПРОДУКЦИЈА/ПАУЗА за да одговорите на повик или задржете го копчето во траење од две секунди за да одбиете повик.

USB држач
Преснимување со повлекување

Преносот на MP3 песни на вашиот Walkman® е едноставен – поставете ги слушалките во испорачаниот USB држач и вклучете ги во вашиот PC или Mac за да ги повлечете вашите омилени песни.

Вграден Walkman®
Walkman

Со вградениот простор за складирање од 16GB можете да го наполните вашиот Walkman® со вашите омилени листи за репродукција за вежбање.

Функција SoundMix
SoundMix

Беспрекорно комбинирајте ја музиката и апликациите – SoundMix автоматски ја намалува јачината на звукот на вашата музика за да ги слушнете известувањата од апликациите и текстуалните пораки кои гласно се исчитуваат.

Водоотпорни ушни влошки
Заменливи ушни влошки

Влезете во базенот и поставете ги ушните влошки за пливање (прикажани десно на дијаграмот). За разлика од стандардните ушни влошки, тенка мембрана ја покрива секоја ушна влошка за да се спречи оштетување од вода.

Вградени контроли
Прескокнете и репродуцирајте

Вградените контроли го олеснуваат префрлувањето помеѓу листите за репродукција и ги менуваат песните додека слушате во режим на Walkman®.

Обединете ја вашата музика

Апликацијата Sony | Music Center ви нуди лесно и интуитивно управување на слушањето. Само инсталирајте ја на вашиот мобилен телефон и преземете ја контролата врз репродукцијата на музиката и поставките на уредот - сето тоа преку една апликација.

Брзо полнење
Брзо полнење

Полнењето од 3 минути овозможува време на слушање од 60 минути, па затоа полнете го набрзина додека ја менувате опремата.

Спецификации и функции

Вежбајте без прекин. Водоотпорната Walkman® серија NWZ-WS610 се одликува со лесна, опкружувачка лента за на глава која стои цврсто без разлика дали сте во базенот или на патеката. NFC и Bluetooth® поврзувањето го олеснуваат слушањето, така што слободно можете да се фокусирате на вежбањето.
  • Капацитет од 4GB, 16GB за приближно 4000 песни 

  • Водоотпорен дизајн за безгрижно користење

  • Брзо полнење од 3 минути за репродукција од 60 минути 

  • Едноставно поврзување преку Bluetooth® со NFC™ со еден допир/безжично проследување на звук преку Bluetooth®

  • Проследувајте и контролирајте преку вашиот паметен телефон со Sony | Music Center

Големина на меморија
До 4GB, 16GB
ТРАЕЊЕ НА БАТЕРИЈАТА - КОНТИНУИРАНА РЕПРОДУКЦИЈА НА МУЗИКА (АПЛИКАЦИЈА W.MUSIC)
7 часа
Тежина
37 гр.
Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина