Сите спецификации и функции
Големина и тежина
- Димензии (Ш x В x Д)
- Прибл. 55,7 мм x 97,3 мм x 10,8 мм 2,20 инчи x 3,84 инчи x 0,43 инчи
- Тежина
- Прибл. 99 гр. 3,50 Oz
Моќност
- ТРАЕЊЕ НА БАТЕРИЈАТА - КОНТИНУИРАНА РЕПРОДУКЦИЈА НА МУЗИКА (АПЛИКАЦИЈА W.MUSIC)
- AAC (256 kbps) / вклучено поништување на шум: Прибл. 33 часа, AAC (256 kbps) / вклучен режим за амбиентален звук: Прибл. 27 часа, AAC (256 kbps) / исклучено поништување на шум: Прибл. 39 часа, AAC (256 kbps) / исклучен режим за амбиентален звук: Прибл. 39 часа, DSD (2,8224 MHz / 1 бит) / ВКЛУЧЕНО поништување на шум: Прибл. 22 часа, DSD (2,8224 MHz / 1 бит) / вклучен режим за амбиентален звук: Прибл. 20 часа, DSD (2,8224 MHz / 1 бит) / ИСКЛУЧЕНО поништување на шум: Прибл. 25 часа, DSD (2,8224 MHz / 1 бит) / исклучен режим за амбиентален звук: Прибл. 25 часа, FLAC (192kHz / 24 бита) / ВКЛУЧЕНО поништување на шум: Прибл. 27 часа, FLAC (192 kHz / 24 бита) / вклучен режим за амбиентален звук: Прибл. 23 часа, FLAC (192kHz / 24 бита) / ИСКЛУЧЕНО поништување на шум: Прибл. 30 часа, FLAC (192 kHz / 24 бита) / исклучен режим за амбиентален звук: Прибл. 30 часа, FLAC (96 kHz / 24 бита) / ВКЛУЧЕНО поништување на шум: Прибл. 32 часа, FLAC (96 kHz / 24 бита) / вклучен режим за амбиентален звук: Прибл. 27 часа, FLAC (96 kHz / 24 бита) / ИСКЛУЧЕНО поништување на шум: Прибл. 39 часа, FLAC (96 kHz / 24 бита) / исклучен режим за амбиентален звук: Прибл. 39 часа, MP3 (128 kbps) / ВКЛУЧЕНО поништување на шум: Прибл. 37 часа, MP3 (128 kbps) / вклучен режим за амбиентален звук: Прибл. 30 часа, MP3 (128 kbps) / ИСКЛУЧЕНО поништување на шум: Прибл. 45 часа, MP3 (128 kbps) / исклучен режим за амбиентален звук: Прибл. 45 часа
- Траење на батеријата - континуирана репродукција на музика
- Вредностите прикажани во оваа тема се однесуваат на приближната издржливост на батеријата при континуирана репродукција на содржините со зададените поставки. ,Дури и кога плеерот е исклучен подолг временски период, сепак се троши мало количество на енергија.,Издржливоста на батеријата може да се разликува во зависност од поставките за јачина на звукот, условите на користење и амбиенталната температура. ,Батеријата се троши брзо кога е вклучен екранот.,Издржливоста на батеријата може да се скрати за приближно 70% доколку активирате некои поставки за квалитет на звукот.
- Време на полнење (брзо полнење)
- -
- Време на полнење (целосно полнење)
- Прибл. 4 часа
- Вградена батерија
- Вградена литиум-јонска батерија на полнење
- Полнење и напојување
- Напојување преку USB (од компјутер преку USB)
Медиуми за складирање
- Големина на меморија
- 16 GB, Micro SD Micro SDHC Micro SDXC
Репродукција и екран
- Режим на музичка репродукција
- Мешана репродукција, исклучено повторување, повторувај 1 песна, повторувај сè, цел опсег, избран опсег
- Звучни ефекти
- 6-појасен еквалајзер, DSEE HX, линеаризатор на DC-фаза, динамички нормализатор, VPT, ClearAudio+, Clear Phase, процесор за грамофонски плочи
- Аудио репродукција
- AAC (.mp4, .m4a, .3gp): 16-320 kbps / 8-48 kHz, AIFF ( .aif, .aiff, .afc, .aifc): 16, 24, 32 бита / 8-384 kHz, APE (.ape): 8, 16, 24 бита / 8-192 kHz (брзо, нормално, високо), Apple Lossless (.mp4, .m4a): 16, 24 бита / 8-384 kHz, DSD (.dsf, .dff): 1 бит / 2,8224, 5,6448, 11,2896 MHz *Се репродуцира звук што е конвертиран во Linear PCM., FLAC (.flac): 16, 24 бита / 8-384 kHz, HE-AAC (.mp4, .m4a, .3gp): 32-144 kbps / 8-48 kHz, MP3 (.MP3): 32 - 320 kbps (поддржува променлива бит-стапка (VBR) ) / 32, 44,1, 48 kHz, MQA ( .mqa.flac): Поддржано, WAV ( .WAV): 16, 24, 32 бита (децимални / цели броеви) / 8-384 kHz, WMA (.WMA): 32 - 192 kbps (поддржува променлива бит-стапка (VBR) ) / 44,1 kHz
- Забелешки за репродукција на звук
- Фреквенцијата на семплирање може да не одговара на сите конвертори.,Датотеките заштитени со авторски права не може да се репродуцираат. ,Нестандардните бит-стапки или бит-стапките без гаранција се вклучени во зависност од фреквенцијата на семплирање. ,Датотеките од 4 GB (APE е 2 GB) или повеќе не може да се репродуцираат.,Овој производ ги препознава изворите со поголем квалитет од CD (квантизација од 44,1 kHz / 16 бита) и DAT (квантизација од 48 kHz / 16 бита) како звук со висока резолуција. Симболот „HR“ се прикажува за извори на звук со висока резолуција. ,Ако фреквенцијата на семплирање е поголема од 352,8 kHz, тогаш таа ќе се намали при репродукцијата.
- Резолуција на екран
- 3,1 инч (7,8 см), WVGA(800 x 480 точки)
- Вид на екран
- TFT-екран во боја со LED-задно осветлување со бела боја
- Преснимување со повлекување
- Да
- FM приемник
- Не
- Методи за пребарување на музика
- Сите песни Изведувач Година на издавање Листи за репродукција Албум Жанр Композитор Висока резолуција Последни префрлени Канали SensMe Папка
- Забелешки за репродукција на фотографии
- -
Издржливост
- Отпорност на вода
- -
Излез за слушалки (мини стерео приклучок)
- Фреквенција
- 20-40.000 Hz
- Максимална излезна моќност (JEITA 16 Ω/mW)
- 35 mW+35 mW
Излез за слушалки (балансиран стандарден приклучок)
- Фреквенција
- -
- Максимална излезна моќност (JEITA 16 Ω/mW)
- -
Софтвер
- Оперативен систем
- Оригинален OS од Sony
Поврзување
- Приклучоци
- WM-PORT (повеќенаменски приклучок): 22 пина, Hi-Speed USB (компатибилност со USB 2.0), Слушалки: Стерео мини приклучок
- Безжични можности
- NFC: Да, Поддржани Bluetooth®-профили: A2DP, AVRCP, Поддржани кодеци (пренос): SBC, LDAC, aptX, aptX HD, Поддржани кодеци (прием): SBC, LDAC, AAC, Систем на комуникација: Спецификации на Bluetooth® верзија 4.2
Опции на бои
Што има во пакетот
- Walkman® (1)
- USB-кабел (1)
- Водич за запознавање
- Упатство за употреба

Функции
Хармонични бои
Новата палета h.ear е достапна во бои што совршено ќе одговараат на вашиот животен стил. Тоновите се комбинираат со повеќе нијанси и различни бои. Носете ги со вашата омилена облека - совршена хармонија.
Стилски заоблен дизајн
NW-A50 има врвно и заоблено алуминиумско куќиште што е ергономско за држење во една рака.
Компатибилност со звук со висока резолуција
Уживајте во најситните детали од звукот со поголем квалитет од CD дисковите, благодарение на звукот со висока резолуција. Страста за музика ги обединува сите компоненти, па затоа ќе помислите дека изведувачот настапува пред вас.
S-Master HX™ нуди звук со висока резолуција со максимален квалитет
Оптимизиран за звук со висока резолуција, засилувачот S-Master HX™ го намалува изобличувањето и шумот и ви овозможува да уживате во најситните детали на вашата музика.
Новиот DSEE HX AI го анализира видот на песната
Подобрувањето на звукот е дополнително унапредено со новиот процесор DSEE HX којшто интелигентно ги препознава инструментите и музичките жанрови. Реалистичноста и живоста на различните инструменти, вклучувајќи го и човечкиот глас, се карактеризираат со хармонија со висока фреквенција. Со препознавањето на инструментите и релативната енергија на звукот, нашиот подобрен процесор DSEE HX може прецизно да го обнови звукот кој се губи за време на дигиталната компресија, за искуство со целосна реалност, дури и кај форматите на звук со голема компресија.
Цврста рамка од обработен алуминиум
Врвната и цврста алуминиумска конструкција нуди извонредна цврстина што придонесува за јасен и стабилен звук со мала импеданса и моќен бас.
Врвно аудио лемење без олово, со злато
За да добиете појасни вокали и звук, електронската плоча на NW-A50 и батеријата се поврзани со нов висококвалитетен лем без олово што содржи мало количество на злато. Извонредната спроводливост на златото придонесува за апсолутно минимални загуби на сигналот.
Електронска плоча со златен слој за моќен бас
NW-A50 има вградена плоча и контактни пружини што се позлатени и што директно ја поврзуваат електронската плоча и обработената алуминиумска рамка. Како резултат се добива моќен бас и јасни средни тонови.
Подобрени копчиња
Контролирајте ја вашата музика без напор преку интуитивните странични копчиња на NW-A50. Копчињата за репродукција/пауза, избор на музика и јачина на звук на страничниот панел се обликувани и поставени за едноставно ракување, дури и само со допирање.
LDAC™: за пренос на содржини со звук со висока резолуција
Уживајте во вашата музика со подобар квалитет од CD квалитетот благодарение на безжичното пренесување на звук преку LDAC™. LDAC користи стандардна BLUETOOTH® врска, но пренесува со максимална стапка на пренос на податоци до 990 kbps - приближно три пати повеќе од стандардните аудио профили. Како резултат се добива подобро безжично слушање што е поблиску до замислата на изведувачот.
NFC™ со еден допир за брзо поврзување
Технологиите NFC™ (поле за комуникации во близина) и BLUETOOTH® овозможуваат брзо и лесно поврзување со вашата музика. Само допрете го вашиот уред што поддржува NFC™ до серијата NW-A50 за брзо и непречено поврзување и започнете да проследувате.
Дигитално поништување на шумот за помалку пречки
Кога се користи со компатибилни слушалки IER-NW500N/NE, дигиталното поништување на шум кај серијата NW-A50 го намалува амбиенталниот шум од вашето опкружување. Микрофоните вградени во слушалките заедно со процесорот за дигитално поништување на шум ги отстрануваат несаканите звуци.
Функцијата USB DAC уште повеќе ја подобрува музиката што ја репродуцирате од компјутерот
Користете ја серијата NW-A50 како USB DAC (дигитално-аналоген конвертор) откако ќе ја впарите со компјутер или Mac. Кога ќе ја поврзете и активирате преку испорачаниот USB-кабел, серијата NW-A50 ќе ја замени стандардната обработка на звук што ја врши компјутерот со сопствена и прецизно прилагодена хардверска обработка. Отсега, независно дали сте дома или во канцеларија, во кафе бар или работите, во секое време ќе уживате во звук со врвен квалитет.
Режим на BLUETOOTH®-приемник за подобра музика од телефоните
Проследувајте музика со NW-A50 преку Bluetooth® и врска со паметен телефон за да ја подобрите целата ваша музика со NW-A50. Вашите омилени песни ќе станат поквалитетни со конверзијата од дигитален сигнал во звук и подобрувањето со DSEE HX, а достапен е и процесор и еквалајзер за грамофонски плочи.
Слушајте подолго со батеријата што трае до 45 часа
Кога се наполнети целосно ќе ви понудат репродукција на музика во период до 45 часа, поради што се совршени за патувања или за целодневно уживање во музика.
Складирајте уште повеќе музика преку отворот за microSD-картичка
Надополнете ја веќе големата меморија на вашиот NW-A50 со microSD-картичка - ставете картичка во отворот за да уживате во бесконечни листи за репродукција или во најголемите музички збирки додека патувате.
Винилен процесор
Вратете ги топлината и карактерот на винилот во вашите дигитални песни и задлабочете се повторно во убавината на мелодиите и динамиката на вашите омилени албуми. Уживајте во детална репродукција на нискофреквентна резонанца, отпорност на рачката за тон и површински шум што овозможуваат реалистично доживување при слушањето.
Избор на однапред поставени параметри на еквалајзерот и приспособливи нивоа
За да добиете реални тонови и звук што ќе одговараат на музичката категорија што ја слушате, NW-A50 нуди избор на однапред поставени параметри на еквалајзерот. Или, пак, користете ги приспособливите нивоа за да создадете сопствен звук со еквалајзерот.
Екран за репродукција и именување листи за репродукција преку корисничкиот интерфејс
Интуитивниот кориснички интерфејс на NW-A50 ви нуди едноставни и практични функции за репродукција, пребарување, премотување и повторување. Слушајте ги вашите омилени песни на ваш начин со помош на опциите што се прикажуваат на екранот за репродукција за да можете лесно да создавате и именувате листи за репродукција.