Walkman® A50 од серија A
Внесете хармонија во животот со боите на палетата h.ear. Таа е достапна во пет уникатни бои што беспрекорно одговараат на вашиот стил и начин на живеење.
NW-A50 има врвен и практичен дизајн и нуди неверојатно реален звук со висока резолуција, како и подобрување на звукот со помош на напредниот процесор за грамофонски плочи и DSEE HX.
Новата палета h.ear е достапна во бои кои совршено ќе одговараат на вашиот животен стил. Тоновите содржат спектар на нијанси и различни бои. Носете ги со вашата омилена облека - совршена хармонија.
3,2x повеќе пренесени податоци
Чувствувајте се како пејачот да настапува пред вас со звукот со висока резолуција и подобар квалитет од CD, што нуди реална репродукција дури и на најтивките нијанси на звукот со квалитет како во музичко студио.
Уживајте во природниот звук и деталите на DSD-форматите на звук, благодарение на висококвалитетната PCM-конверзија на серијата NW-A50.
Обновете го квалитетот на компресираните формати на звук со нашиот напреден процесор DSEE HX што користи вештачка интелигенција за прецизно анализирање на видот на песната, инструментите и музичките жанрови.
Уживајте во сите детали од музиката со S-Master HX™ што нуди звук со висока резолуција и максимален квалитет, но со помалку изобличувања и шум.
Врвната алуминиумска конструкција нуди извонредна цврстина што придонесува за јасен и стабилен звук со мала импеданса и моќен бас.
Врвната спроводливост на златото придонесува за апсолутно минимални загуби на сигналот. За да добиете појасни вокали и звук, батеријата и електронската плоча на NW-A50 се поврзани со врвен лем без олово од класа за звук со мало количество на злато.
Вградената плоча и контактните пружини на NW-A50, што ја поврзуваат електронската плоча со обработената алуминиумска рамка, се позлатени. Како резултат се добиваат моќен бас и јасни средни тонови.
NW-A50 е ергономски обликуван за држење и има врвно и заоблено алуминиумско куќиште. Интуитивните странични копчиња овозможуваат лесно контролирање на музиката. Копчињата за репродукција/пауза, избор на музика и јачина на звук на страничниот панел се обликувани и поставени за едноставно ракување.
LDAC™ користи стандардна BLUETOOTH®-врска, но пренесува податоци до 990 kbps - приближно три пати повеќе од стандардните аудио профили. Како резултат се добива подобро безжично слушање што е поблиску до замислата на изведувачот. Целосната компатибилност со aptX™ HD-звук ќе стане достапна преку ажурирање на фирмверот.
Сакате да ги слушате само вашите песни? Активирајте го поништувањето на шумот и компатибилните слушалки IER-NW500N/NE заедно со серијата NW-A50 ќе ги блокираат надворешните звуци.
Ако ги користите компатибилните слушалки IER-NW500N/NE, изберете го режимот за амбиентален звук и ќе можете да ги слушате надворешните звуци заедно со музиката.
Користете го NW-A50 како USB DAC откако ќе ја впарите со компјутер или Mac. Кога ќе го поврзете и активирате преку испорачаниот USB-кабел, NW-A50 ќе ја замени стандардната обработка на звук што ја врши компјутерот со сопствена и прецизно прилагодена хардверска обработка.
Проследувајте музика со NW-A50 преку Bluetooth® и врска со паметен телефон за да ја подобрите вашата музика со NW-A50. Вашите омилени песни ќе станат поквалитетни со S-Master HX и DSEE HX, а достапен е и процесор и еквалајзер за грамофонски плочи.