СПОРТСКИ БЕЗЖИЧНИ СЛУШАЛКИ WF-SP900

Сите спецификации и функции

WF-SP900

Големина и тежина

Тежина
Прибл. 7,3 гр. x 2 (без заоблените прицврстувачи)

Општи карактеристики

Вид на слушалки
Затворена балансирана арматура
Звучник
Балансирана арматура
Фреквентен одзив(комуникација преку Bluetooth®)
20 Hz - 20.000 Hz (семплирање со 44,1 kHz)
Контрола на јачина на звук
Да (сензор за допир)
Отпорност на вода
IPX5 / IPX8 (само слушалките)
NFC
Да (торбичка за полнење)
ГОЛЕМИНА НА МЕМОРИЈА
4 GB
РЕЖИМ НА МУЗИЧКА РЕПРОДУКЦИЈА
Нормално / повторување / мешано / мешање на сите / повторување на 1 песна / папка / листи за репродукција / албум
РЕПРОДУКЦИЈА НА ЗВУК
MP3 ( .mp3) WMA ( .wma) FLAC ( .flac) WAV ( .wav) AAC ( .mp4, .m4a, .3gp)
РЕЖИМ ЗА АМБИЕНТАЛЕН ЗВУК
Да

Батерија

Време на полнење на батеријата
Прибл. 2,5 часа (целосно полнење)
Метод за полнење на батеријата
Полнење преку USB (со торбичката за полнење)
Траење на батеријата(континуирано време за репродукција на музика)
Макс. 3 часа репродукција (со ИСКЛУЧЕН режим за амбиентален звук) *преку Bluetooth®
ТРАЕЊЕ НА БАТЕРИЈАТА(КОНТИНУИРАНО ВРЕМЕ ЗА РЕПРОДУКЦИЈА НА МУЗИКА СО ВНАТРЕШНА МЕМОРИЈА)
Макс. 6 часа репродукција (со ИСКЛУЧЕН режим за амбиентален звук) *репродукција од внатрешната меморија
ТРАЕЊЕ НА БАТЕРИЈАТА(ВРЕМЕ НА КОНТИНУИРАНА КОМУНИКАЦИЈА)
Макс. 2,5 часа

Bluetooth® спецификации

Верзија на Bluetooth®
Bluetooth® Specification верзија 4.0
Ефективен опсег
Прибл. опсег на видливост 30ft (10м)
Фреквентен опсег
2.4 GHz појас (2.4000GHz-2.4835GHz)
Профил
A2DP (Advanced Audio Distribution Profile) ,AVRCP (Audio Video Remote Control Profile) ,HFP (Hands-free Profile) ,HSP (Headset Profile)
Поддржан(и) аудио формат(и)
SBC, AAC
Поддршка за заштита на содржини
SCMS-T

Торбичка за полнење

Време на полнење на батеријата
(Прибл.) 3,5 часа
Тежина
75 гр. (Прибл.)
Димензии
Прибл. 71,5 x 61,5 x 38,4 мм

Опции на бои

yellowwhiteblack

Што има во пакетот

  • Торбичка за полнење: 1, USB-кабел: USB Type-C™-кабел (15 м), ушни влошки: Хибридни силиконски гумени ушни влошки (1 пар) , ушни влошки (1 пар)
  • Заоблените прицврстувачи (1 пар), врвка: 1
Placeholder

Функции

Слика од Спортски безжични слушалки WF-SP900

Проследувајте преку технологијата BLUETOOTH®

Поврзете рачно преку технологијата BLUETOOTH® или со допир со вградената функција за NFC™ на торбичката.

Слика од Спортски безжични слушалки WF-SP900

4GB вградена меморија за складирање

Има доволно простор за 920 песни во вградената меморија од 4 GB.

Слика од Спортски безжични слушалки WF-SP900

Водоотпорни дури и во океан

Слушалките WF-SP900 имаат рејтинг за водоотпорност IPX5/8 и се погодни за користење во слатка и солена вода, а ви овозможуваат да нурнете до длабочина од 2 м.

Слика од Спортски безжични слушалки WF-SP900

Ушни влошки за пливање

Користете ги водоотпорните ушни влошки за пливање кога ќе посакате да влезете во водата.

Слика од Спортски безжични слушалки WF-SP900

Врвка за околу врат

Слушалките WF-SP900 се испорачуваат со врвка за околу врат за да бидете сосема спокојни во водата.

Слика од Спортски безжични слушалки WF-SP900

Отпорност на прав

Со дизајн отпорен на прав со рејтинг IP6X, слушалките WF-SP900 се подготвени за сè.

Слика од Спортски безжични слушалки WF-SP900

Поместете ја ушната влошка за најдобро вметнување

Ушите на секој човек се разликуваат, така што ушните влошки на WF-SP900 одлично се прилагодуваат до соодветната длабочина на вметнување.

Слика од Спортски безжични слушалки WF-SP900

Заоблените прицврстувачи не дозволуваат поместување на ушните влошки

Благодарение на одново дизајнираниот заоблен прицврстувач, ушните влошки нема да се поместат, без разлика колку интензивни движења правите.

Слика од Спортски безжични слушалки WF-SP900

Бидете свесни за опкружувањето со режимот за амбиентален звук и режимот за гласови 

Со режимот за амбиентален звук ќе бидете свесни за опкружувањето додека сте во движење. Спојте ја музиката што ја сакате со звуците од вашето опкружување за да уживате во омилените песни, а сепак да слушате што се случува околу вас. Или, пак, изберете го режимот за гласови, кој ви овозможува да ги слушате соопштенијата и другите гласови.  

Слика од Спортски безжични слушалки WF-SP900

Траење на батеријата до 12 часа преку BLUETOOTH®-врска со торбичка за полнење

Кога слушалките се наполнети целосно, може да репродуцираат музика до 3 часа преку BLUETOOTH®-врска. Торбичката за носење содржи енергија за уште три целосни полнења и ви овозможува до 12 часа репродукција.

Слика од Спортски безжични слушалки WF-SP900

Траење на батеријата до 21 часа при слушање од вградената меморија со торбичка за полнење

Ако слушате музика зачувана на вградената меморија од 4 GB, може да слушате до 6 часа со едно полнење. Торбичката за носење содржи енергија за уште три целосни полнења и ви овозможува до 21 часа репродукција.

Слика од Спортски безжични слушалки WF-SP900

Ракување со помош на допир и копчиња

Ако допрете двапати на левата страна од слушалките, јачината на звукот се намалува, а ако допрете двапати на десната страна, јачината на звукот се зголемува. Притиснете го левото копче еднаш за да го вклучите или исклучите режимот за амбиентален звук или двапати за да ги вклучите или исклучите поставките за брзо прилагодување на звукот. Со десното копче може да репродуцирате и да паузирате, да се префрлувате на следната песна, да премотувате, да одговарате на повици, долго да притиснете за да го стартувате вашиот гласовен помошник и многу повеќе.

Слика од Спортски безжични слушалки WF-SP900

Апликација Sony Headphones | Connect

Со апликацијата Sony | Headphones Connect може да го вклучите или исклучите режимот за амбиентален звук, да се префрлувате помеѓу нормалниот и гласовниот режим, да го поставите еквалајзерот за поставките за брзо прилагодување и многу повеќе.

Слика од Спортски безжични слушалки WF-SP900

Апликација Sony Music | Center

Апликацијата Sony | Music Center за мобилни уреди ви овозможува да видите која песна се репродуцира, без разлика дали ја проследувате или таа е складирана во меморијата на слушалките. Можете и да ја контролирате репродукцијата на музика – репродуцирајте, паузирајте или менувајте ги режимите на репродукција. Со Sony | Music Center за компјутер може да ги пренесете песните преку режимот на складирање.

Слика од Спортски безжични слушалки WF-SP900

Стартувајте го вашиот гласовен помошник

Стартувајте ја апликацијата Google™ или активирајте ја Siri така што долго ќе го притиснете копчето на слушалките.