WF-SP900
На патека, во базен или во океан, слушалките WF-SP900 ви нудат сè што ви е потребно за да се надминете себеси. Потполно безжичниот дизајн и вградената меморија од 4 GB ви овозможуваат да слушате каде и да сте.
WF-SP900
На патека, во базен или во океан, слушалките WF-SP900 ви нудат сè што ви е потребно за да се надминете себеси. Потполно безжичниот дизајн и вградената меморија од 4 GB ви овозможуваат да слушате каде и да сте.
Слушалките WF-SP900 имаат рејтинг за водоотпорност IPX5/8 и се погодни за користење во слатка и солена вода, а ви овозможуваат да нурнете до длабочина од 2 м.
Поврзете рачно преку технологијата BLUETOOTH® или со допир со вградената функција за NFC™ на торбичката.
Има доволно простор за 920 песни во вградената меморија од 4 GB.
Користете ги водоотпорните ушни влошки за пливање кога ќе посакате да влезете во водата.
Слушалките WF-SP900 се испорачуваат со врвка за околу врат за да бидете сосема спокојни во водата.
Со дизајн отпорен на прав со рејтинг IP6X, слушалките WF-SP900 се подготвени за сè.
Ушите на секој човек се разликуваат, така што ушните влошки на WF-SP900 одлично се прилагодуваат до соодветната длабочина на вметнување.
Благодарение на одново дизајнираниот заоблен прицврстувач, ушните влошки нема да се поместат, без разлика колку интензивни движења правите.
Со режимот за амбиентален звук ќе бидете свесни за опкружувањето додека сте во движење. Уживајте во омилените песни, а истовремено слушајте ги звуците од околината. Или, пак, изберете го режимот за гласови, кој ви овозможува да ги слушате соопштенијата и другите гласови.
Кога слушалките се наполнети, може да репродуцираат музика до 3 часа преку BLUETOOTH®-врска. Торбичката за носење нуди неколку целосни полнења и овозможува до 12 часа репродукција.
Ако слушате музика од вградената меморија од 4 GB, може да слушате до 6 часа со едно полнење. Торбичката за носење нуди неколку целосни полнења и овозможува до 21 часа репродукција.
Репродукција до 12 часа или до 21 час со торбичка за носење
Ако допрете двапати на левата страна од слушалките, јачината на звукот се намалува, а ако допрете двапати на десната страна, јачината на звукот се зголемува. Притиснете го левото копче еднаш за да го вклучите или исклучите режимот за амбиентален звук или двапати за да ги вклучите или исклучите поставките за брзо прилагодување на звукот. Со десното копче може да репродуцирате и да паузирате, да се префрлувате на следната песна, да премотувате, да одговарате на повици, долго да притиснете за да го стартувате вашиот гласовен помошник и многу повеќе.
Со апликацијата Sony | Headphones Connect може да го вклучите или исклучите режимот за амбиентален звук, да се префрлувате помеѓу нормалниот и гласовниот режим, да го поставите еквалајзерот за поставките за брзо прилагодување и многу повеќе.
Апликацијата Sony | Music Center за мобилни уреди ви овозможува да видите која песна се репродуцира, без разлика дали ја проследувате или таа е складирана во меморијата на слушалките. Можете и да ја контролирате репродукцијата на музика – репродуцирајте, паузирајте или менувајте ги режимите на репродукција. Со Sony | Music Center за компјутер може да ги пренесете песните преку режимот на складирање.
Стартувајте ја апликацијата Google™ или активирајте ја Siri така што долго ќе го притиснете копчето на слушалките.
Што има во пакетот
Торбичка за полнење: 1, USB-кабел: USB Type-C™-кабел (15 м), ушни влошки: Хибридни силиконски гумени ушни влошки (1 пар) , ушни влошки (1 пар), Заоблените прицврстувачи (1 пар), врвка: 1