ИД на напис : 00275451 / Последна промена : 09.03.2022

Достапно е ново ажурирање за софтверот: решение за заматена или пикселизирана слика на телевизорот (февруари 2022 година)

    Поправен е проблемот со повремена пикселизација или заматување

    Во февруари 2022 година, Sony започна да објавува ново ажурирање на софтверот што ја поправа повремената пикселизација или заматување (познато и како макроблокирање) при гледање телевизија преку модулот CI+. Ако понекогаш можете да видите поединечни квадратни пиксели на екранот од вашиот телевизор, следете ги чекорите во овој напис за да го добиете новото софтверско ажурирање.

    Забелешка: Ажурирањето на софтверот се објавува постепено и неговото точно време може да се разликува во зависност од моделот на телевизорот.


    Чекор 1: Проверете ги опфатените модели на телевизори

    Проблемот со пикселизацијата може да се појави кај следните модели на телевизори, особено ако користите паметна картичка со модул CI+ за гледање телевизија. Проверете дали вашата серија на телевизор е вклучена во листата подолу:

    • Телевизори со Android од Sony од 2021 година: серии X80J, X81J, X82J, X85J, X89J, X90J, X92J, X93J, X94J, X95J, A80J, A83J, A84J, A90J и Z9J
    • Телевизори со Android од Sony од 2020 година: серии XH90 и XH92

    Како да знам дали користам модул CI+?


    Чекор 2: Ажурирајте го софтверот на вашиот телевизор

    Ако поставката Automatically check for update (Автоматска проверка за ажурирања) е овозможена на вашиот телевизор, ќе го добиете ажурирањето автоматски.

    СОВЕТ: Ова ажурирање на софтверот може да го добиете веднаш штом ќе биде достапно за вашиот модел, следејќи ги долунаведените чекори на вашиот телевизор:

    Одете во Settings (Поставки) → System (Систем) → About (Повеќе информации) → System Software update (Ажурирање на системскиот софтвер) → Software update (Ажурирање на софтверот).
     

    Или, пак, можете да го преземете ажурирањето користејќи USB-флеш уред.