ИД на напис : 00173121 / Последна промена : 30.03.2017

Како да префрлите DV или Digital8-видеозаписи на компјутерот

    Префрлањето видеоснимки од Sony Handycam на компјутер може да биде корисно за уредување, чување и споделување. Меѓутоа, Microsoft Windows Vista, Windows 7 и Windows 8 не ја поддржуваат функцијата на Sony за УСБ-пренос, па затоа ви предлагаме две алтернативи за да ги зачувате видеоснимките на DV или Digital8 на компјутер.


    Опција 1: Со помош на PlayMemories Home

    Опција 2: Со помош на Windows Live Photo Gallery


    Опција 1: Со помош на PlayMemories Home

    Може да увезувате видеозаписи со апликацијата на Sony, PlayMemories Home, компјутерска апликација што ви овозможува лесно увезување, организирање и уредување фотографии и видеозаписи. Потоа, тие може да се гледаат на телевизор со голем екран или друг уред, да се споделуваат на интернет и да се зачуваат на дискот. Доколку веќе ја немате оваа апликација, може да ја најдете овде: Преземи ја PlayMemories Home.

    1. Поврзете ја камерата на струја - користете го адаптерот
    2. Изберете го режимот Play/Edit (Репродуцирај/уреди) со притискање на копчето-преклопник (погледнете во упатството за корисникот за повеќе информации)
    3. Одберете HD (Висока дефиниција) или стандардна дефиниција доколку камерата располага со квалитет на слика со ВД (висока дефиниција). Поставките во менито ќе зависат од форматот на снимените видеозаписи и форматот што сакате да го користите за увезување. Доколку не сте сигурни како да ги промените поставките, погледнете во упатството за корисникот. Видеозаписите ќе се увезуваат со квалитет во HD (висока дефиниција) кога увезувате видеозаписи во HDV-формат и со квалитет во STD (стандардна дефиниција) кога увезувате видеозаписи во DV-формат. Еве една погодна табела:


      record import table

    4. Ставете снимана касета во камерата
    5. Отворете го софтверот PlayMemories Home на компјутерот
    6. Приклучете ја камерата во компјутерот со поврзување на приклучокот HDV/DV или DV на камерата со влезот i.LINK на компјутерот со помош на соодветен кабел. За да се избегнат статички потреси од кои би се оштетила камерата, прво приклучете го кабелот во компјутерот. (Забелешка: влезот i.LINK е исто познат како Firewire или IEEE 1394; доколку вашиот компјутер нема еден од овие влезови, на располагање има голем број адаптери и картички со приклучоци)

      i.Link cable
      Кабел i.LINK

      i.LINK port
      Порта i.LINK

    7. Започнете со увезувањето. На екранот од компјутерот треба да се прикаже прозорецот Import from Tape (Увези од лента).

      За да увезете автоматски:
      Потврдете дека е штиклирано радиокопчето Import from the beginning of the tape (Увези од почетокот на лентата), а потоа кликнете Import (Увези).

      За да увезете рачно:
      1. Прикажете ја сцената од каде што сакате да го започнете увезувањето на прозорецот на мониторот со помош на копчињата Device Control (Контрола на уредот)
      2. Уверете се дека е штиклирано радиокопчето Import from the current tape position (Увези од тековната позиција на лентата), а потоа кликнете Import (Увези)

    8. За да го запрете процесот на увезување, кликнете на копчето Stop Import (Запри увоз). Доколку има повеќе од 10 минути слободен простор на лентата, увезувањето ќе запре автоматски


    РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ

    Доколку компјутерот замрзне или не може да ја препознае камерата, откачете ја камерата, престартувајте го компјутерот и повторете го процесот погоре од Чекор 5. Проблемот може да се предизвика во следниве случаи:

    • променување на поставките за VCR HDV/DV и i.LINK CONV во менито STANDARD SET (Стандарден сет) на камерата додека е поврзана со кабел i.LINK
    • променување на поставката за REC FORMAT (Формат за снимање) во менито STANDARD SET (Стандарден сет) на камерата додека е поврзана со кабел i.LINK, а копчето за вклучување е поставено на CAMERA-TAPE (Фотоапарат-лента)
    • нагодување на копчето за вклучување од камерата додека е поврзана со кабел i.LINK cable
    • обидот да се користи компјутер иако нема поддршка за формати за видеосигнали на ЛЦД-екранот од камерата (HDV or DV)

    Опција 2: Со помош на Windows Live Photo Gallery

    Може да увезувате видеозаписи со помош на Windows Live Photo Gallery. Потоа може да ги уредите, зачувате и да ги споделите со помош на Windows Live Movie Maker.

    Напомена: Видеозаписите не може да се увезат директно од аналогна камера (како што е Video8 или Hi8) на компјутер кога се користи Windows Live Photo Gallery. За да го направите тоа, ќе ви треба уред за аналоген прием на компјутерот. Ваквите уреди може да се најдат насекаде и ги конвертираат аналогните аудио и видеозаписи во дигитален формат и така може да се увезат на компјутер.

    1. Поврзете ја камерата на струја - користете го адаптерот
    2. Приклучете ја камерата во компјутерот со поврзување на приклучокот HDV/DV или DV на камерата со влезот i.LINK на компјутерот со помош на соодветен кабел. За да се избегнат статички потреси од кои би се оштетила камерата, прво приклучете го кабелот во компјутерот.
      (Забелешка: влезот i.LINK е исто познат како Firewire или IEEE 1394; доколку вашиот компјутер нема еден од овие влезови, на располагање има голем број адаптери и картички со приклучоци)

      i.Link cable
      Кабел i.LINK

      i.LINK port
      Порта i.LINK

    3. Ако работите во Windows 7, инсталирајте справилен двигател . Ако на компјутерот има инсталирано Windows Vista или Windows 8, продолжете на следниот чекор
    4. Вклучете ја камерата и ставете ја видеолентата што сакате да ја префрлите
    5. Изберете го режимот Play/Edit (Репродуцирај/уреди) со притискање на копчето-преклопник (погледнете во упатството за корисникот за повеќе информации)
    6. Доколку се појави дијалог-рамката Autoplay (Автоматска репродукција) откако ќе ја вклучите камерата, изберете Import video using Windows Live Photo Gallery (Увези видео со помош на Windows Live Photo Gallery). Ако наместо тоа се отвори Import Video (Увези видео), одете на следниот чекор
    7. На страницата за Import Video (Увези видео) внесете го името за новата видеодатотека во полето Name (Име). Изберете Choose the parts of the video to import (Одбери ги деловите од видеото за увоз), а потоа изберете Next (Следно)
    8. Користете ги контролите на камерата (или од нејзиниот далечински управувач) за да означите од каде сакате да започнете со увезување видеозаписи, а потоа притиснете го копчето за репродукција за да се пушти лентата
    9. На страницата каде што пишува Use the camcorder controls to find the scene you want, and click Import [Користете ги контролите на камерата за да ја најдете саканата сцена и кликнете Import (Увези)], кликнете Import (Увези)
    10. За да запрете со увезување видеозаписи, кликнете Stop (Запри)
      Повторете ги чекорите од 5 до 7 за секој дел од видеолентата што сакате да го увезете
    11. Кога ќе завршите со увезување видеозаписи, кликнете Finish (Заврши). Увезениот видеозапис ќе се зачува како една видеодатотека на компјутерот и ќе се појави во Windows Live Photo Gallery
    12. За да додадете видеозапис во Windows Live Movie Maker со цел да го уредите, кликнете на видеодатотеката во Windows Live Photo Gallery, кликнете Make (Направи), а потоа кликнете Make a movie (Направи филм)


    Напомена: Исто така, може да увезувате видеозаписи директно во Windows Live Movie Maker без да користите Windows Live Photo Gallery. Откако ќе ја поврзете камерата, отворете ја Windows Live Movie Maker, кликнете на копчето Movie Maker, а потоа кликнете на Import from device (Увези од уред)

    Инсталирање на правилниот двигател (само за Windows 7)

    Напомена: ако на компјутерот има инсталирано Windows Vista или Windows 8, не треба да го правите ова.
    Откако ќе ја поврзете камерата, ќе треба да проверите дали Windows 7 избрал правилен двигател.

    Windows 7 доаѓа со два двигатела i.LINK/IEEE 1394; еден нов и еден од претходно. За снимање видеозаписи ќе треба да го користите претходниот двигател. Само следете ги деталните упатства за да се уверите дека е инсталиран правилен двигател.

    • Кликнете Start (Старт)
    • Кликнете на Control Panel (Контролен панел).
    • Кликнете на Device Manager (Управител со уреди).
      (Забелешка: Доколку не го гледате Device Manager (Управител со уреди) на листата, кликнете на View By (Види според): Category (Категорија) на горната десна страна од прозорецот за Control Panel (Контролен панел). Потоа кликнете на Large Icons (Големи икони). Сега треба да имате листа на ставки во контролниот панел. Кликнете на Device Manager (Управител со уреди).

      device manager

    • Во Device Manager (Управител со уреди), погледнете подолу на листата дали има IEEE 1394 Bus Host Controllers и кликнете двапати на ставката. Треба да се прикаже нешто како 1394 OHCI Compliant Host Controller. Доколку го содржи зборот (Legacy) (Наследен) по неа, веќе е завршено; само излезете и одете на Чекор 4 во Опција 2: Со помош на Windows Live Photo Gallery
    • Потоа, кликнете двапати на 1394 OHCI Compliant Host Controller. Ќе се појави скок-прозорец со натпис 1394 OHCI Compliant Host Controller Properties
    • Кликнете на картичката Driver (Двигател), а потоа кликнете на Update Driver (Ажурирај двигател)
    • Изберете Browse my computer for driver software (Разгледај во компјутерот за софтвер за двигател) и изберете select Let me pick from a list of device drivers on my computer (избери Да одберам од листата од двигатели на компјутерот) Ќе се појави листа од двигатели
    • Кликнете на 1394 OHCI Compliant Host Controller (Legacy), а потоа кликнете Next (Следно). Изберете го тој со зборот (Legacy) (Наследен) по него.
    • Ќе го инсталира 1394 OHCI Compliant Host Controller (Legacy), а потоа ќе се појави Windows успешно го ажурирал софтверот за двигател.
    • Кликнете на копчето Close (Затвори) и затворете го сите други отворени прозорци.

    Престартувајте го компјутерот. Сега ќе можете да увезете видео преку портата i.LINK/FireWire/IEEE 1394. Продолжете со Чекор 4 во Опција 2: Со помош на Windows Live Photo Gallery


    РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ

    • Одвреме-навреме (на пример по инсталацијата на ажурирањата) Windows 7 може да се префрли на оригиналниот двигател 1394 OHCI Compliant Host Controller. Ако забележите дека уредот IEEE 1394 префрла бавно и/или не може да биде препознаен повеќе, повторете ги чекорите наведени погоре и повторно инсталирајте го (Legacy) наследениот двигател.
    • Доколку сè уште не можете да увезувате видеозаписи, иако сте се префрлиле на наследениот двигател (Legacy), можно е проблемот да биде поврзан со хардверот. Проблемот може да биде и со самата порта на камерата или компјутерот, или пак неисправен кабел. Заменете ги жиците или обидете се преку друга порта, ако е можно.