HT-ZF9
Почувствувајте ја возбудата од филмскиот звук со 3.1-кан. звучник во вид на лента со Dolby Atmos / DTS:X што се одликува со Vertical Surround Engine и дизајн што совршено ќе се вклопи во вашиот дом.
HT-ZF9
Почувствувајте ја возбудата од филмскиот звук со 3.1-кан. звучник во вид на лента со Dolby Atmos / DTS:X што се одликува со Vertical Surround Engine и дизајн што совршено ќе се вклопи во вашиот дом.
Нашата најнова технологија за опкружувачки звук Vertical Surround Engine ви овозможува да уживате во возбудливиот звук на најновите формати на звук како во кино, како што се Dolby Atmos и DTS:X, преку тенок уред. Независно од видот на просторијата, неговите три предни звучници создаваат „вертикален“ звук со што се добива виртуелен опкружувачки звук што доаѓа кон вас од сите страни.
Благодарение на технологијата за виртуелен опкружувачки звук на Sony, звучникот во вид на лента може да го позиционира звукот вертикално за да може да уживате во 3D звук без потреба од звучници во таванот или звучници насочени нагоре. Како и Dolby Atmos и DTS:X, технологијата Vertical Surround Engine нуди пореален, повеќедимензионален звук и за другите формати.
Со помош само на предните звучници, уникатната дигитална технологија за обработка на звучно поле на Sony виртуелно го репродуцира звучното поле на опкружувачкиот звук, при што звукот излегува од двете страни. Нема потреба да додавате задни звучници, што значи дека може да уживате во богат опкружувачки звук како во кино сала, без да правите неред во вашата соба.
Spider-Man™: Homecoming сега е достапен во 4K Ultra HD™
Отсега ќе можете да уживате во сите содржини што ги гледате со звук со макс. 7.1.2 канали. Нашата напредна дигитална обработка на сигнали ги претвора сите звуци со прекрасен опкружувачки звук со притиснување на само едно копче на далечинскиот управувач.
Копче за секој звук - изберете го тоа што е соодветно за содржините што ги гледате или слушате.
The Dark Tower сега е достапен во 4K Ultra HD™.
Одликувајќи се со најнова технологија за проследување во 4K HDR со 18 Gbps и HDCP 2.2, HT-ZF9 е подготвен за најновите формати за домашно кино.
Поврзете го преку HDMI, Wi-Fi, USB и други приклучоци за да уживате во музика и филмови од различни извори.
Поврзете се безжично со услуги за проследување музика од интернет преку вградениот Wi-Fi.
Проследувајте музика безжично преку технологијата Bluetooth®.
Уживајте во звук со поголем квалитет од CD дисковите, благодарение на звукот со висока резолуција. Страста за музика ги обединува сите компоненти, од сигналот па сè до звучникот, а вие ќе помислите дека изведувачот настапува пред вас.
DSEE HX™ ја подобрува вашата постоечка музика до квалитет сличен со звукот со висока резолуција.
Искористете ја апликацијата Sony | Music Center (претходно нарекувана SongPal) за да групирате одредени звучници во вид на лента и звучници од Sony, а потоа проследувајте музика во повеќе простории.
Надополнете го вашиот систем за опкружувачки звук со безжични задни звучници.