Сите спецификации и функции
Големина и тежина
- ГОЛЕМИНА НА ГЛАВЕН УРЕД - САМО КУЌИШТЕ (Ш x В x Д)
- 113 x 8,8 x 13,3 см
- ТЕЖИНА НА ГЛАВЕН УРЕД - САМО КУЌИШТЕ
- 7,2 кг
- ГОЛЕМИНА НА САБВУФЕР (Ш X В X Д) (ММ)
- 24,9 x 40,3 x 42,6 см
- ТЕЖИНА НА САБВУФЕР (КГ)
- 16 кг
Што има во пакетот
- Подножје
- Оптички кабел
- Ознака во боја за картонската кутија (3 парчиња)
- Batteries
- Картичка за регистрација на потрошувачи
- Гарантен лист
- Водич за брзо поставување
- Упатство за употреба

Засилувач
- A / V синхронизација
- ДА
- Канали на засилувач
- 7.1 канали
- S-Force PRO Front Surround
- S-Force PRO преден опкружувачки звук
- LPCM (2-КАН. / 5.1-КАН. / 7.1-КАН.) преку HDMI®
- ДА
- Излезна моќност (вкупна)
- 800 W
Сабвуфер
- Вид на сабвуфер
- Безжичен сабвуфер
- Систем на звучници
- Пасивен радијатор
- Звучник на сабвуфер
- Конус од 180 мм
Интерфејс
- Влезни и излезни приклучоци
- Bluetooth® пренос, Bluetooth® прием, USB-A, Аналоген аудио влез (вкл. TV CEC), Етернет
- Аналогни аудио влезови
- 1
- HDMI влезови
- 3
- HDMI излез(ARC)
- 1
- Влезни и излезни приклучоци
- 1
Аудио формати
- Dolby® TrueHD/Dolby Digital+
- ДА / ДА
- Систем на USB фајлови (FAT32, NTFS)
- Да (FAT32, NTFS, exFAT)
- LPCM
- LPCM – 2 канали, LPCM – 5.1 канали, LPCM – 7.1 канали
- PCM
- 96k/24 бита PCM
- DTS®
- DTS 96/24™, DTS®, DTS®-HD
- DTS HD Master Audio
- ДА
- Dolby®
- Dolby® Digital, Dolby® Digital+, Dolby® Dual моно, Dolby® TrueHD
Функција за звук
- Режим на звук
- ClearAudio+, Музика, Стандардно, Филм, Фудбал
Видео карактеристики
- BRAVIA Sync (CEC контрола)
- ДА
- HDMI® проследување со можност за 3D
- ДА
- Deep Color
- ДА
Безжични функции
- Вграден Wi-Fi®
- Да (2,4 GHz/5 GHz) 11a/b/g/n
Детали
- ПОТРОШУВАЧКА НА ЕНЕРГИЈА *ПРИБЛ
- ЗВУЧНИК ВО ВИД НА ЛЕНТА: 60 W, САБВУФЕР: 30 W
- Далечински управувач
- RMT-AH111E
Еколошки, заштеда на енергија
- Потрошувачка на енергија (исклучен режим)
- 0,1 W
- ПОТРОШУВАЧКА НА ЕНЕРГИЈА (РЕЖИМ НА ПОДГОТВЕНОСТ / РЕЖИМ ЗА МАЛА ПОТРОШУВАЧКА НА ЕНЕРГИЈА)
- 0,5 W
- АКТИВИРАН Е ИСКЛУЧЕН РЕЖИМ / РЕЖИМ НА ПОДГОТВЕНОСТ / РЕЖИМ ЗА МАЛА ПОТРОШУВАЧКА НА ЕНЕРГИЈА
- По 20 минути
- Потрошувачка на енергија (режим на подготвеност во мрежа) - приклучоци
- 5,4 W (етернет) / 2,3 W (HDMI CEC) / 5,2 W (Wi-Fi®) / 1,1 W (Bluetooth®) / 7,3 W (сите приклучоци и мрежи поврзани)
- Режимот на подготвеност во мрежа е активиран – приклучоци
- По 20 минути (етернет, HDMI CEC, Wi-Fi®, Bluetooth®)
- Преклопник за вклучување/исклучување на безжична(и) мрежа(и)
- За Wi-Fi®: HOME (ПОЧЕТЕН ЕКРАН) -> Setup (Поставување) -> Network Settings (Мрежни поставки) -> Internet Setting (Поставки за интернет) -> Wired Setup (Жично поставување) -> … /For Bluetooth (за Bluetooth®): HOME (ПОЧЕТЕН ЕКРАН) -> Setup (Поставување) -> Bluetooth Settings (Поставки за Bluetooth®) -> Bluetooth Mode (Bluetooth® режим) -> Исклучено
Функции
7.1-канален систем за прекрасен опкружувачки звук
Опкружете се со богат и детален 7.1-канален опкружувачки звук. Трите коаксијални звучници – од кои два содржат супер високотонци – репродуцираат прецизен звук со среден до висок фреквентен опсег, дизајнирани за репродукција на звук со висока резолуција. Нашата технологија за синтеза на бранови користи звучници од секоја категорија за прецизно позиционирање на звукот во просторијата, создавајќи прекрасен звук со неверојатна прецизност.
S-Force Pro Front Surround како во кино
Уживајте во прекрасно доживување со виртуелен опкружувачки звук. S-Force PRO Front Surround го имитира начинот на кој мозокот ги поврзува звучните извори, заради создавање соодветна јачина на звук, доцнење и бранов спектар на звукот – со користење само на левиот и десниот канал за звучници. Со симулирање природни тродимензионални звучни полиња, ќе можете да уживате во богат звук со голема верност низ поширока површина за слушање.
Dolby® TrueHD за звук како што замислил режисерот
Уживајте во беспрекорен аудио квалитет со Dolby® TrueHD, кој нуди звук без загуби за сите филмови и песни. Репродуцирајќи звук кој е идентичен на оригиналните снимки, тој нуди ненадмината реалистичност на звук за Blu-ray Disc™ и преземени содржини.
DTS-HD™ за прецизност како кај оригиналните снимки
Уживајте во прецизен и детален звук во домот. Со DTS-HD Master Audio ќе уживате во оригинален и некомпресиран звук од вашите омилени Blu-ray Disc филмови на преземени филмови – така како што замислил режисерот. DTS-HD звукот со висока резолуција нуди и детална репродукција на музички изведби, овозможувајќи подобрување на секоја нота со квалитет речиси како во студио.
Повеќе HDMI приклучоци за едноставно поврзување
Со три HDMI влезови и еден HDMI излез можете да поврзете приемник за интернет телевизија, Blu-ray Disc™ плеер, конзоли за игри и многу повеќе. Можете да уживате во домашното кино на едно место, без потреба од посебен ресивер.
USB приклучок за репродукција на звук со висока резолуција
Уживајте во јасна и детална репродукција на звук со висока резолуција. USB приклучокот овозможува стабилна врска за звук без загуби, вклучувајќи DSD и аудио кодеци со висока бит-стапка од 24 бита/192 kHz. Само поврзете го вашиот USB уред или пренослив музички уред за да уживате во оптимална репродукција на звук со висока резолуција. Можете да репродуцирате и разни дополнителни кодеци, вклучувајќи MP3, AAC и WMA.
4K проследување на 4K содржини
Задржете го 4K квалитетот од изворот до екранот. Функцијата за проследување на 4K овозможува пренесување 4K податоци кои потоа се прикажуваат на 4K телевизор или проектор, без намалување на квалитетот на сликата. Овозможувајќи ви вистинско 4K доживување, овој звучник во вид на лента е совршен партнер за 4K телевизорите и плеерите и солидна основа за вашиот систем за домашна забава за во иднина.
Звук со висока резолуција за беспрекорен звук
Извлечете максимум од дигиталната музика со звукот со висока резолуција. Снимајќи ја музиката со повисока стапка отколку кај CD дисковите, поради што се зголемуваат аудио примероците во секунда и прецизноста на бит-стапката на секој примерок, звукот со висока резолуција создава беспрекорни снимки од музиката која се изведува. Уживајте во секој здив и дискретно движење за навистина емотивно доживување.
Дигитален засилувач S-Master HX: беспрекорна чистота на звукот
Уживајте во најдобриот звук со висока резолуција со дигиталниот засилувач S-master HX. Користејќи едноставна и целосно дигитална патека на сигналот и намалување на шумот со висока фреквенција, S-Master HX ги репродуцира деталите и фреквентниот опсег кои се потребни за музиката и филмовите. Тука се опфатени најновите аудио формати со висока резолуција, така што ќе можете да уживате во музиката како што замислил изведувачот.
DSEE HX ги обновува вашите музички фајлови
Надминете го CD квалитетот. DSEE HX ја користи нашата технологија DSEE за да ги подобри компресираните аудио фајлови на ниво кое е поблиску до звукот со висока резолуција. Со обновување на деталите од оригиналната снимка кои се губат при процесот на компресија, DSEE HX нуди богато аудио доживување со неверојатен квалитет.
ClearAudio+ ја збогатува вашата музика
Ексклузивно за Sony, ClearAudio+ автоматски ги прилагодува поставките за звук за збогатено аудио доживување. Обединувајќи ги технологиите за дигитална обработка на сигнали, ClearAudio+ може да ги оптимизира аудио форматите за да обезбеди непроменлив, јасен и висококвалитетен звук, независно дали играте игри или уживате во музика и филмови.
Коаксијални звучници за звук со целосен опсег
Нашите новосоздадени коаксијални звучници овозможуваат исклучителни аудио перформанси со тенок и компактен дизајн на звучник во вид на лента. Со комбинирањето на вуфер и високотонец во една целина со два звучника може да се репродуцира поширок фреквентен опсег. Ова го спречува губењето на деталите и создава впечаток дека слушате изведба во живо.
Супер високотонци за неверојатно високи тонови
Уживајте во беспрекорни високи тонови, без разлика дали слушате музика или дијалози. Со поставување на супер високотонци со широка дисперзија на предната страна од секој звучник се создава широко звучно поле кое го задржува својот квалитет низ целата просторија. Нотите со висока фреквенција се репродуцираат со јасен и детален звук со висока резолуција, за да можете да уживате во реалистичен и прекрасен звук без разлика каде седите.
Мембрана од карбонски влакна за звучници со цврста конструкција
Мембраната од карбонски влакна му овозможува на секој звучник да репродуцира звук со минимално изобличување низ целиот фреквентен опсег. Тврдите и цврсти својства на карбонските влакна овозможуваат добивање на извонредно цврст материјал кој е идеален за конуси на звучници. На овој начин воздухот може да се движи при ниски фреквенции без изобличување, за репродукција на звук кој е јасен и детален.
Magnetic Fluid звучници: голема моќ, мали димензии
Заменувајќи ги стандардните придушувачи на звучниците со технологија на Magnetic Fluid звучници, големината на звучникот значително се намалува без намалување на прецизноста и деталите. Технологијата Magnetic Fluid, првично создадена за NASA, овозможува поставување на звучници кои нудат одличен звук во помал простор – идеално за тенки телевизори и други компактни врвни звучници.
Уживајте со висококвалитетно проследување преку Bluetooth® со LDAC
LDAC е нов кодек развиен од Sony за проследување звук преку Bluetooth® со највисок квалитет. Тој поддржува до три пати поголема бит-стапка од обичното проследување преку Bluetooth®, стапки на семплирање до 96kHz и поефикасен начин на кодирање. Резултатот? Врвен звук со помала компресија за да овозможи безжичен звук со подобар квалитет од звукот со CD квалитет.
Проследување преку Bluetooth® за лично слушање
Проследувајте звук директно од звучникот во вид на лента до вашите слушалки преку Bluetooth® за практично безжично слушање. Компатибилна со висококвалитетните кодеци LDAC, SBC и AAC, оваа функција е дизајнирана за лично гледање, при што треба само да ги ставите слушалките и да уживате во филмови на големиот екран без да вознемирувате никого.
Слушање со еден допир за моментално репродуцирање музика
Технологијата NFC (поле за комуникации во близина) ја елиминира потребата од поврзување со кабли и сложените постапки за поставување. Само допрете го вашиот паметен телефон или друг уред* со NFC до ознаката N на куќиштето и почнете да слушате музика. Немате NFC? Нема проблем. Уредите можете да ги впарите и рачно во поставките за Bluetooth®. *Погледнете компатибилни уреди
Безжично проследување со Bluetooth®
Безжично проследување на вашите омилени песни и апликации со Bluetooth®. Впарете го вашиот паметен телефон или таблет-уред со овој звучник во вид на лента кој поддржува Bluetooth® и ќе можете да уживате во музиката и да ги контролирате листите за репродукција и јачината на звукот преку вашиот уред.
Вграден Wi-Fi® за едноставно проследување
Со вградениот Wi-Fi® може да пребарувате и да репродуцирате музика и филмови од вашиот паметен телефон, таблет-уред и лаптоп. Поврзете се на вашата домашна мрежа и слушајте ја сопствената збирка или, пак, проследувајте звук од популарни услуги за онлајн музика директно кон звучникот во вид на лента.
Едноставен начин за испраќање музика кон вашите звучници
Chromecast built-in ви овозможува да ги проследувате омилените апликации за музика од личниот уред кон звучниците. Само допрете го копчето за проследување во апликацијата за музика во вашиот телефон или таблет-уред со Android, iPhone, iPad, Mac®, лаптоп со Windows или Chromebook и изберете звучник или група звучници за да започнете.
Обединете ја вашата музика со SongPal
Преземете ја апликацијата SongPal за вашиот паметен телефон или таблет-уред и преземете ја контролата врз вашата музичка збирка. Поврзете се лесно преку Bluetooth® или Wi-Fi® и добијте непречен пристап до сите омилени песни, без разлика дали се зачувани во вашиот компјутер, сервер или омилена онлајн услуга за музика. Исто така, апликацијата може да се користи за прилагодување на поставувањата за звукот за да се обезбеди одличен и балансиран звук.
Ослободете ја вашата музика со можноста за слушање во повеќе простории
Исполнете го домот со звукот од омилените песни, благодарение на можноста за слушање во повеќе простории. Користете ја апликацијата SongPal за да групирате заедно одредени звучници во вид на лента и звучници од Sony, а потоа проследувајте музика од компјутер или од вашата домашна мрежа во повеќе простории од вашиот дом. Ова е совршен начин да уживате во вашите омилени песни без да се ограничувате на една просторија.
Режим за игри за прекрасно доживување
Пренесете ги игрите на следното ниво со режимот за игри, создаден во соработка со програмерите на игри за PlayStation®. Овој наменски режим за звук е детално прилагоден да го подобри секој звук, истрел и експлозија за да ве пренесе во центарот на случувањата и да го обезбеди најдоброто доживување при играњето.
Режимот за фудбал ве носи на стадион
Прекрасната игра никогаш не звучела толку добро. Користејќи ги акустичките податоци снимени на фудбалски стадион во Бразил, овој наменски режим го подобрува природниот амбиентален звук кај спортските настани, со цел да се чувствувате како да сте дел од публиката.
Дигитална музичка арена за симулација на музика во живо
Слушајте гласна музика со Digital Music Arena и уживајте во препознатливата акустика на лондонската арена O2 во вашиот дом. Нашите инженери користеа временски издолжени импулси за мерење на акустичките карактеристики на арената со микрофон со 8 точки, а потоа прецизно го реконструираа нејзиното звучно поле. Резултатот? Уникатно аудио доживување во стил на арена во вашата дневна соба.
Висококвалитетна изработка и врвна завршна обработка
Секој елемент на HT-ST9 е внимателно обмислен, за да се добие комбинација од остри и чисти линии и врвна завршна обработка. Во обликуваното алуминиумско куќиште, изработено само од материјали со највисок квалитет, се сместени седум звучници од карбонски влакна меѓу кои и три коаксијални звучници за да се добие богат звук со стилски дизајн. Заштитете ги звучниците или изложете ги со отстранливата решетка.
Безжичен сабвуфер за флексибилно поставување
Надополнете ги филмовите со богат и моќен бас. Позиционирајте го безжичниот сабвуфер од 18 см (7,1”) каде било во просторијата за да уживате во богат и извонреден бас со подобрени ниски тонови, благодарение на пасивниот радијатор. Компактната и стилски изработена кутија се вклопува во секој ентериер.
Пресликување на слика со еден допир за приказ на екранот од паметниот телефон на телевизорот
Технологијата NFC (поле за комуникации во близина) ја елиминира потребата од поврзување со кабли и сложените постапки за поставување. Само допрете го вашиот паметен телефон или таблет-уред Xperia™ кој поддржува NFC до ознаката N на куќиштето и безжично пресликувајте го екранот од вашиот мобилен уред на големиот екран што е поврзан со вашиот уред за видео. Подобрете ја забавата со семејството и пријателите преку заедничко гледање видеоснимки, пребарување на интернет или избирање на следната дестинација за одмор на мапа. Немате NFC? Нема проблем. Уредите можете да ги впарите и рачно.