HT-ST9
Прекрасен опкружувачки звук како во кино во комбинација со звук со висока резолуција. Со HT-ST9, ќе уживате во совршен звук независно дали гледате, слушате или играте.
HT-ST9
Прекрасен опкружувачки звук како во кино во комбинација со звук со висока резолуција. Со HT-ST9, ќе уживате во совршен звук независно дали гледате, слушате или играте.
Уживајте во најситните детали од звукот со поголем квалитет отколку кај CD дисковите, благодарение на звукот со висока резолуција. Страста за музика ги обединува сите компоненти, па затоа ќе помислите дека изведувачот настапува пред вас.
Технологија за 7.1-кан. S-Force PRO Front Surround
Нашиот виртуелен опкружувачки звук ги комбинира дигиталната обработка на сигнали со технологијата за контрола на бранови за да симулира природно тридимензионално звучно поле само со звучникот во вид на лента и сабвуферот.
Погледнете го одблиску HT-ST9 и дознајте како функционира 7.1-каналниот опкружувачки звук кај овој звучник во вид на лента што поддржува звук со висока резолуција.
Уживајте во јасен и реалистичен звук со форматот за компресија без загуби Dolby® TrueHD.
Внесете реалистичност во филмовите и музиката со динамичен опкружувачки звук благодарение на форматот DTS-HD.
Лесно е да го проширите вашето домашно кино. Со 3 HDMI влезови, 1 HDMI ARC излез, USB влез и оптички дигитални и аналогни приклучоци, има место за целата ваша опрема.
Задржете го 4K квалитетот од изворот до екранот - функцијата за проследување на 4K овозможува пренесување податоци низ звучникот во вид на лента без намалување на квалитетот на сликата и е компатибилна со HDCP 2.2.
Звукот со висока резолуција се однесува на група дигитални процеси кои овозможуваат кодирање и репродукција на музика со повисоки стапки на семплирање од оние кај CD дисковите.
Нашиот засилувач S-Master HX е дигитален и ги елиминира аналогните компоненти за намалување на нивоата на шум во повратната фаза, за да овозможи беспрекорна јасност.
Дури и музиката од услугите за проследување од интернет може да се подобри со помош на DSEE HX™ за да се добие богат звук со квалитет поблизок до оној на звукот со висока резолуција.
Од режим за игри до режим за филмови или музика - ClearAudio+ автоматски ги прилагодува поставките за звук за да одговараат на содржините кои ги гледате или слушате.
Од конструкцијата на звучниците до прецизните аудио технологии, секој елемент на HT-ST9 е прилагоден да го обезбеди најдобриот можен квалитет на звук.
Проследувањето на вашата омилена музика со детали и јасност каква што заслужува е едноставно, благодарение на комбинацијата на безжични технологии и висококвалитетни аудио кодеци.
Издигнете го проследувањето музика на ново ниво. Создаден од Sony, LDAC кодекот поддржува до три пати поголема бит-стапка од обичното проследување преку Bluetooth®. Со ефикасното кодирање во комбинација со стапката на семплирање од 96kHz, LDAC доловува повеќе детали за слушање со квалитет кој го надминува CD квалитетот.
Поддршка за LDAC кодек
Почист звук од стандардното проследување преку Bluetooth®.
Уживајте во безжичен звук без да им пречите на другите
Проследувајте музика од звучникот во вид на лента до кој било безжичен уред со Bluetooth®, вклучувајќи ги и најновите слушалки за звук со висока резолуција компатибилни со LDAC.
Извршете брзо поврзување меѓу одредени паметни телефони и звучникот во вид на лента со помош на NFC со еден допир.
Проследувајте музика безжично од вашиот паметен телефон, таблет-уред или лаптоп преку Bluetooth®.
Поврзете се на интернет со вградениот Wi-Fi® за да проследувате звук од вашиот лаптоп или мобилен уред.
Добијте лесен пристап до богат избор на музика и многу повеќе, благодарение на Chromecast built-in (претходно Google Cast™) и Spotify Connect.
Проследувајте музика, онлајн радио и podcast содржини од вашиот паметен телефон, таблет-уред или лаптоп кон вашиот аудио уред. Само допрете го копчето за проследување.
Репродуцирајте од Spotify преку вашиот аудио уред, користејќи ја апликацијата Spotify како далечински управувач.
Проследувајте музика, podcast-содржини и радио преку повеќе од 100 апликации за музика, како YouTube Music и многу други.
Едноставна контрола на проследувањето со новата апликација SongPal
SongPal нуди лесно и интуитивно управување на слушањето. Инсталирајте ја апликацијата SongPal на одредени паметни телефони и преземете ја контролата врз репродукција на музика, поставувањата на уредот и многу повеќе - сето тоа преку една апликација.
SongPal
Достапно за iOS и Android
Без разлика дали го гледате омилениот филм, ја играте најновата игра или слушате класичен албум, HT-ST9 го подобрува звукот за врвно забавно доживување.
Секој елемент на дизајнот на HT-ST9 е внимателно обмислен и изработен само од материјали со највисок квалитет. Во елегантниот надворешен дел од алуминиум се сместени 7 звучници од карбонски влакна и 3 коаксијални звучници, за да добиете звучник во вид на лента кој го комбинира богатиот звук со врвна завршна обработка.
Симфонија на аудиовизуелни елементи и елементи од ентериер. Дознајте ги ексклузивните приказни за инспирацијата на дизајнот.