HT-ST5000
Нова димензија на звукот
Откријте ново ниво на прекрасен кино звук во домот. Со Dolby Atmos ќе уживате во тродимензионален опкружувачки звук што ќе ве воодушеви.
Откријте ново ниво на прекрасен кино звук во домот. Со Dolby Atmos ќе уживате во тродимензионален опкружувачки звук што ќе ве воодушеви.
Уживајте во најситните детали од звукот со поголем квалитет од CD дисковите, благодарение на звукот со висока резолуција. Страста за музика ги обединува сите компоненти, па затоа ќе помислите дека изведувачот настапува пред вас.
Нашиот виртуелен опкружувачки звук ги комбинира дигиталната обработка на сигнали и S-Force PRO Front Surround со технологијата за контрола на бранови за да симулира природно тридимензионално звучно поле само со звучникот во вид на лента и сабвуферот.
Dolby Atmos нуди неверојатна реалистичност со опкружувачки звук од 360° и прецизно го позиционира звукот во вашето опкружување за да може 7.1.2-каналниот звучник да ве обвитка во звук - дури и одозгора.
Дизајнирани и произведени со висококвалитетни компоненти за беспрекорен звук.
Гледајте и слушајте прецизни детали со репродукцијата на звук со висока резолуција и високиот динамички опсег кои создаваат моќни перформанси за филмови и музика.
Сигналот со висок динамички опсег нуди исклучителни детали, бои и контраст, со многу поголем опсег на светлина од другите формати на видео.
Надополнете го вашиот систем за домашно кино со 3x HDMI влезови компатибилни со HDCP 2.2, 1x HDMI ARC излез, оптички SPDIF, аналоген AUX и USB приклучок.
Приклучете ја вашата опрема на едноставен начин со 3 HDMI влезови и 1 HDMI ARC излез.
Само поврзете го вашиот USB уред и уживајте во звук со висока резолуција.
Дигиталниот засилувач S-Master HX ги намалува изобличувањата за добивање прецизни резултати со високи фреквенции (над 40 kHz).
Технологијата за подобрување DSEE HX користи алгоритам за анализа на вашата музика и обновување на изгубените тонови, при што ги обновува аудио сигналите речиси до квалитетот со висока резолуција.
Од режим за игри до режим за филмови или музика - ClearAudio+ автоматски ги прилагодува поставките за звук за да одговараат на содржините кои ги гледате или слушате.
Уживајте во едноставна и моментална репродукција на музика со NFC и Bluetooth® безжична технологија.
LDAC е технологија за звук од Sony која ви овозможува да уживате во висококвалитетен безжичен звук преку Bluetooth®. Со пренос на три пати повеќе податоци, LDAC овозможува подобро безжично слушање на сета ваша музика.
Воспоставете врска со еден допир преку NFC и веднаш започнете да проследувате музика од одредени паметни телефони, преку вашиот приемник.
Проследувајте музика безжично од вашиот паметен телефон, таблет-уред или лаптоп преку технологијата Bluetooth®.
Поврзете се на интернет преку вградениот Wi-Fi и веднаш добијте пристап до услуги за музика како Spotify и многу други преку Chromecast built-in и проследувајте музика од уреди на вашата домашна мрежа.
Продолжете да ги слушате омилените песни без да чекате. Наменското копче за услуги за музика ќе ви овозможи да продолжите да слушате таму каде што сте прекинале на друг уред со Spotify .
Добијте лесен пристап до богат избор на музика и многу повеќе, благодарение на Chromecast built-in (претходно Google Cast™) и Spotify Connect.
Проследувајте музика, онлајн радио и podcast содржини од вашиот паметен телефон, таблет-уред или лаптоп кон вашиот аудио уред. Само допрете го копчето за проследување.
Репродуцирајте од Spotify преку вашиот аудио уред, користејќи ја апликацијата Spotify како далечински управувач.
Проследувајте музика, podcast содржини и радио преку повеќе од 100 аудио апликации, вклучувајќи го Google Play™ Music и многу повеќе.
Погледнете го во акција
Слушајте ја истата прекрасна песна низ целиот дом со опцијата за слушање во повеќе простории, контролирана преку апликацијата Sony | Music Center (претходно наречена SongPal). Користете ја апликацијата Sony | Music Center за да групирате одредени звучници во вид на лента и безжични звучници од Sony, а потоа проследувајте од омилената услуга за музика или од телевизорот преку HDMI, оптички или аналоген приклучок.
The first Dolby Atmos soundbar that we'd have no hesitation in recommending.