Функции

2.1-канален систем кој извлекува максимум од вашите филмови 

Почувствувајте ја целата моќ на звуците од секој филм со овој 2.1-канален звучник во вид на лента. Двата звучника се внимателно дизајнирани да обезбедат балансиран одзив на звукот низ целиот фреквентен опсег, а жичниот сабвуфер го засилува басот, така што секоја експлозија и динамична сцена ќе биде помоќна од кога било досега. 

Виртуелен опкружувачки звук за врвно кино доживување 

Компактниот звучник во вид на лента надополнет со жичен сабвуфер создава виртуелен опкружувачки звук кој ја исполнува просторијата и овозможува потполно ново доживување на филмовите, ТВ емисиите и спортот. Виртуелниот опкружувачки звук го имитира начинот на кој мозокот ги поврзува звучните извори за да создаде реалистично тридимензионално звучно поле користејќи ги само левиот и десниот канал за звучници. 

Дигитален засилувач S-Master: беспрекорно чист звук

Уживајте во најдоброто од дигиталниот звук со дигиталниот засилувач S-Master. Користејќи едноставна и целосно дигитална патека за сигнали, засилувачот S-Master ги репродуцира аудио сигналите без бројните аналогни процеси кои ги вршат стандардните засилувачи. Како резултат не се добива само поголема моќ, туку и значително помалку изобличувања предизвикани од загревањето. 

ClearAudio+ ја збогатува вашата музика 

Ексклузивно за Sony, ClearAudio+ автоматски ги прилагодува поставките за звук за збогатено аудио доживување. Обединувајќи ги технологиите за дигитална обработка на сигнали, ClearAudio+ може да ги оптимизира аудио форматите за да обезбеди непроменлив, јасен и висококвалитетен звук - без разлика каква музика ви се допаѓа. 

Тенок дизајн за секоја просторија 

Дизајниран за моќен звук за телевизорите со голем екран, овој тенок звучник во вид на лента е висок само 5,1 см (2") и нема да ви пречи при гледањето. Неговиот минималистички стил ќе одговара на вашата просторија, поставен и на маса и на ѕид. 

Безжично проследување со Bluetooth® 

Безжично проследување на вашите омилени песни и апликации за музика со Bluetooth®. Впарете го вашиот паметен телефон или таблет-уред со овој звучник во вид на лента кој поддржува Bluetooth®, а потоа уживајте во музиката и контролирајте ги листите за репродукција и јачината на звукот преку вашиот уред. 

Слушање со еден допир за моментално репродуцирање музика

Технологијата NFC (поле за комуникации во близина) ја елиминира потребата од поврзување со кабли и сложените постапки за поставување. Само допрете го вашиот паметен телефон или друг уред* со NFC до ознаката N на куќиштето и почнете да слушате музика. Немате NFC? Нема проблем. Уредите можете да ги впарите и рачно во поставките за Bluetooth®. *Погледнете компатибилни уреди

Пронајдете компатибилни уреди

Повеќе влезови за едноставно поврзување 

Големиот број приклучоци ви овозможува да уживате во домашната забава на едноставен начин. Користете оптички кабел за да го поврзете вашиот телевизор, DVD или Blu-ray Disc™ плеер или, пак, поврзете музички плеер по ваш избор преку аналогниот влез и уживајте во одличен звук. Можете да приклучите дури и USB мемориски уред и да ги репродуцирате сите омилени песни преку USB. 

Спецификации

Извлечете повеќе од вашите филмови со звучникот во вид на лента HT-CT80. 2.1-кан. опкружувачки звук, дигитален засилувач S-Master и жичен сабвуфер е сè што ви е потребно за да ги направите филмовите и музиката реалистични. Ставете го звучникот во вид на лента пред телевизорот и поврзете го преку еден од многуте влезови за прекрансо доживување при гледањето. 
  • S-Master дигитален засилувач за чист и квалитетен звук

  • Музика со одличен звук во еден чекор со ClearAudio+ 

  • Лесно поврзување преку Bluetooth® со NFC со еден допир 

  • Виртуелниот опкружувачки звук создава звук како во кино 

  • Репродукција на музика преку USB 

Излезна моќност (вкупна)
80 W
Канали на засилувач
2.1кан.
Влезни и излезни приклучоци
Bluetooth® прием (NFC), USB (wma, mp3, aac, wav), Аналоген аудио влез (1 мини приклучок), Оптички влез/излез/ТВ (CEC)
ГОЛЕМИНА НА ГЛАВЕН УРЕД - САМО КУЌИШТЕ (Ш x В x Д)
90,1 x 5,2 x 8,4 см
ГОЛЕМИНА НА САБВУФЕР (Ш X В X Д) (ММ)
16,5 x 24,3 x 29,6 см
Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина