Сите спецификации и функции
Големина и тежина
- ГОЛЕМИНА НА ГЛАВЕН УРЕД - САМО КУЌИШТЕ (Ш x В x Д)
- 90,1 x 5,2 x 8,4 см
- ТЕЖИНА НА ГЛАВЕН УРЕД - САМО КУЌИШТЕ
- 2 кг
- ГОЛЕМИНА НА САБВУФЕР (Ш X В X Д)
- 16,5 x 24,3 x 29,6 см
- ТЕЖИНА НА САБВУФЕР
- 2,7 кг
Што има во пакетот
- Оптички кабел
- Ознака во боја за картонската кутија
- Упатство за употреба

Засилувач
- Канали на засилувач
- 2.1кан.
- S-Force PRO Front Surround
- Виртуелен опкружувачки звук
- Излезна моќност (вкупна)
- 80 W
Сабвуфер
- Вид на сабвуфер
- Жичен сабвуфер
- Вид на куќиште
- Акустична суспензија
- Систем на звучници
- Вуфер + твитер
- Звучник на сабвуфер
- Конус од 130 мм
Интерфејс
- Влезни и излезни приклучоци
- Bluetooth® прием (NFC), USB (wma, mp3, aac, wav), Аналоген аудио влез (1 мини приклучок), Оптички влез/излез/ТВ (CEC)
- Аналогни аудио влезови
- 1
- Влезни и излезни приклучоци
- 1
Аудио формати
- Dolby® Dual моно
- Да
- Dolby®
- Dolby® Digital, Dolby® Dual моно
Функција за звук
- Режим на звук
- ClearAudio +
- Звучен ефект
- Да
Видео карактеристики
- 1080 / 24p
- Не
- 1080p
- Не
Детали
- ПОТРОШУВАЧКА НА ЕНЕРГИЈА *ПРИБЛ
- 21 W
- Далечински управувач
- RMT-AH103U
- Режим на подготвеност
- 0.5W
Функции
2.1-канален систем кој извлекува максимум од вашите филмови
Почувствувајте ја целата моќ на звуците од секој филм со овој 2.1-канален звучник во вид на лента. Двата звучника се внимателно дизајнирани да обезбедат балансиран одзив на звукот низ целиот фреквентен опсег, а жичниот сабвуфер го засилува басот, така што секоја експлозија и динамична сцена ќе биде помоќна од кога било досега.
Виртуелен опкружувачки звук за врвно кино доживување
Компактниот звучник во вид на лента надополнет со жичен сабвуфер создава виртуелен опкружувачки звук кој ја исполнува просторијата и овозможува потполно ново доживување на филмовите, ТВ емисиите и спортот. Виртуелниот опкружувачки звук го имитира начинот на кој мозокот ги поврзува звучните извори за да создаде реалистично тридимензионално звучно поле користејќи ги само левиот и десниот канал за звучници.
Дигитален засилувач S-Master: беспрекорно чист звук
Уживајте во најдоброто од дигиталниот звук со дигиталниот засилувач S-Master. Користејќи едноставна и целосно дигитална патека за сигнали, засилувачот S-Master ги репродуцира аудио сигналите без бројните аналогни процеси кои ги вршат стандардните засилувачи. Како резултат не се добива само поголема моќ, туку и значително помалку изобличувања предизвикани од загревањето.
ClearAudio+ ја збогатува вашата музика
Ексклузивно за Sony, ClearAudio+ автоматски ги прилагодува поставките за звук за збогатено аудио доживување. Обединувајќи ги технологиите за дигитална обработка на сигнали, ClearAudio+ може да ги оптимизира аудио форматите за да обезбеди непроменлив, јасен и висококвалитетен звук - без разлика каква музика ви се допаѓа.
Тенок дизајн за секоја просторија
Дизајниран за моќен звук за телевизорите со голем екран, овој тенок звучник во вид на лента е висок само 5,1 см (2") и нема да ви пречи при гледањето. Неговиот минималистички стил ќе одговара на вашата просторија, поставен и на маса и на ѕид.
Безжично проследување со Bluetooth®
Безжично проследување на вашите омилени песни и апликации за музика со Bluetooth®. Впарете го вашиот паметен телефон или таблет-уред со овој звучник во вид на лента кој поддржува Bluetooth®, а потоа уживајте во музиката и контролирајте ги листите за репродукција и јачината на звукот преку вашиот уред.
Слушање со еден допир за моментално репродуцирање музика
Технологијата NFC (поле за комуникации во близина) ја елиминира потребата од поврзување со кабли и сложените постапки за поставување. Само допрете го вашиот паметен телефон или друг уред* со NFC до ознаката N на куќиштето и почнете да слушате музика. Немате NFC? Нема проблем. Уредите можете да ги впарите и рачно во поставките за Bluetooth®. *Погледнете компатибилни уреди
Повеќе влезови за едноставно поврзување
Големиот број приклучоци ви овозможува да уживате во домашната забава на едноставен начин. Користете оптички кабел за да го поврзете вашиот телевизор, DVD или Blu-ray Disc™ плеер или, пак, поврзете музички плеер по ваш избор преку аналогниот влез и уживајте во одличен звук. Можете да приклучите дури и USB мемориски уред и да ги репродуцирате сите омилени песни преку USB.