Сите спецификации и функции
Големина и тежина
- ГОЛЕМИНА НА ГЛАВЕН УРЕД - САМО КУЌИШТЕ (Ш x В x Д)
- 1030x52x126
- ТЕЖИНА НА ГЛАВЕН УРЕД - САМО КУЌИШТЕ
- 2,8
- ГОЛЕМИНА НА САБВУФЕР (Ш X В X Д) (ММ)
- 190x382x386
- ТЕЖИНА НА САБВУФЕР (КГ)
- 7.8
Засилувач
- A / V синхронизација
- Да (0-300 msec, 25 msec / чекор)
- Канали на засилувач
- 2.1-кан.
- S-Force PRO Front Surround
- Да
- LPCM (2-КАН. / 5.1-КАН. / 7.1-КАН.) преку HDMI®
- Да / Да / Да
- Излезна моќност (вкупна)
- 330W
Сабвуфер
- Вид на сабвуфер
- Безжичен сабвуфер
Интерфејс
- Влезни и излезни приклучоци
- Оптички влез, аналоген влез, USB, етернет
- Bluetooth®
- LDAC; AAC; SBC
- HDMI влезови
- 3
- HDMI излез(ARC)
- 1
- HDCP2.2
- Да
Аудио формати
- LPCM
- Да
- PCM
- Да
- DTS®
- DTS-ES™ (MATRIX6.1 / DISCRETE6.1), DTS 96 / 24, DTS HD, DTS®, DTS®-HD HR, DTS®-HD LBR
- Dolby®
- Dolby® Digital, Dolby® Digital+, Dolby® Dual моно, Dolby® TrueHD
Функција за звук
- Режим на звук
- ClearAudio+, Музика, Стандардно, Студио за игри, спорт, Филм
- Звучен ефект
- Да
Видео карактеристики
- Проследување на 4K HDR преку HDMI
- Да
- 1080 / 24p
- Да
- 1080p
- Да
- BRAVIA Sync (CEC контрола)
- Да
Безжични функции
- Безжичен опкружувачки звук
- Да
- Вграден Wi-Fi®
- Да
- Безжично слушање во повеќе соби
- Да
- Услуги за музика
- Chromecast built-in; Spotify Connect
Детали
- ПОТРОШУВАЧКА НА ЕНЕРГИЈА *ПРИБЛ
- ЗВУЧНИК 42 W / САБВУФЕР 25 W
- Далечински управувач
- Да
- Поставување на ѕид
- Да
Еколошки, заштеда на енергија
- Потрошувачка на енергија (исклучен режим)
- недостапно
- ПОТРОШУВАЧКА НА ЕНЕРГИЈА (РЕЖИМ НА ПОДГОТВЕНОСТ / РЕЖИМ ЗА МАЛА ПОТРОШУВАЧКА НА ЕНЕРГИЈА)
- 0,5 W
- АКТИВИРАН Е ИСКЛУЧЕН РЕЖИМ / РЕЖИМ НА ПОДГОТВЕНОСТ / РЕЖИМ ЗА МАЛА ПОТРОШУВАЧКА НА ЕНЕРГИЈА
- По 20 минути
- Потрошувачка на енергија (режим на подготвеност во мрежа) - приклучоци
- 7,0 W ( етернет ) / 7,0 W ( WiFi® ) / 3,0 W ( Bluetooth® ) / 7,0 W (сите приклучоци и мрежи поврзани*) *Жичните врски автоматски ги деактивираат безжичните врски. Wi-Fi® приклучокот и етернет приклучокот се одликуваат со функција за рутер со која може да се проследуваат аудио податоци до друг аудио производ од Sony.
- Режимот на подготвеност во мрежа е активиран – приклучоци
- По 20 минути (етернет, Wi-Fi®, Bluetooth®)
- Преклопник за вклучување/исклучување на безжична(и) мрежа(и)
- За да исклучите Wi-Fi®, погледнете во „Заштеда на енергија во режимот на подготвеност“ и „Користење на екранот за поставување“ во рачен режим, притиснете HOME, изберете [Setup] -> [System Settings] -> [Quick Start / Network Standby] -> [Off] За вклучување/исклучување на Bluetooth®, притиснете HOME, изберете [Setup] -> [Bluetooth Settings] -> [Bluetooth Mode] -> Изберете [Off ] / [Receiver] / [Transmitter]
Еквалајзер
- Функција Voice Up
- Да
Што има во пакетот
- Оптички кабел
- Носач за монтажа на ѕид
- Batteries

Функции
2.1-канален систем кој извлекува максимум од вашите филмови
Почувствувајте ја целата моќ на звуците од секој филм со овој 2.1-канален звучник во вид на лента. Двата звучника се внимателно дизајнирани да обезбедат балансиран одзив на звукот низ целиот фреквентен опсег, а безжичниот сабвуфер го засилува басот, така што секоја експлозија и динамична сцена ќе биде помоќна од кога било досега.
Дигитален засилувач S-Master: беспрекорно чист звук
Уживајте во најдоброто од дигиталниот звук со дигиталниот засилувач S-Master. Користејќи едноставна и целосно дигитална патека за сигнали, засилувачот S-Master ги репродуцира аудио сигналите без бројните аналогни процеси кои ги вршат стандардните засилувачи. Како резултат не се добива само поголема моќ, туку и значително помалку изобличувања предизвикани од загревањето.
S-Force Pro Front Surround како во кино
Прекрасно доживување со виртуелен опкружувачки звук. S-Force PRO Front Surround го имитира начинот на кој мозокот ги поврзува звучните извори, заради создавање соодветна јачина на звук, доцнење и бранов спектар на звукот – со користење само на левиот и десниот канал за звучници. Со симулирање природни тродимензионални звучни полиња, ќе можете да уживате во богат звук со голема верност низ поширока површина за слушање.
ClearAudio+ ја збогатува вашата музика
Ексклузивно за Sony, ClearAudio+ автоматски ги прилагодува поставките за звук за збогатено аудио доживување. Обединувајќи ги технологиите за дигитална обработка на сигнали, ClearAudio+ може да ги оптимизира аудио форматите за да обезбеди непроменлив, јасен и висококвалитетен звук, без разлика каква музика ви се допаѓа.
Безжичен вуфер за флексибилно поставување
Надополнете ги филмовите со богат и моќен бас. Позиционирајте го безжичниот сабвуфер од 38 см (15”) каде било во просторијата за да уживате во богат и извонреден бас со прецизни ниски тонови, благодарение на цевката за рефлективен бас. Компактен и стилски црн уред кој се вклопува во секој ентериер.
Обединете ја вашата музика со SongPal
Преземете ја апликацијата SongPal за вашиот паметен телефон или таблет-уред и преземете ја контролата врз вашата музичка збирка. Поврзете се лесно преку Bluetooth® или Wi-Fi® и добијте непречен пристап до сите омилени песни, без разлика дали се зачувани во вашиот компјутер, сервер или омилена онлајн услуга за музика. Исто така, апликацијата може да се користи за прилагодување на поставувањата за звукот за да се обезбеди одличен и балансиран звук.
Поврзете го на вашата домашна мрежа со DLNA
DLNA (Digital Living Network Alliance) претставува индустриски стандард за споделување податоци низ домашните мрежи. Оваа технологија го олеснува проследувањето и префрлувањето музика, филмови и слики помеѓу вашите уреди кои поддржуваат DLNA — вклучувајќи телевизори, компјутери, преносливи сервери и конзоли за игри.
DSEE врши обновување на деталите на вашата дигитална музика
Зголемете го квалитетот на вашите компресирани музички фајлови. Кога оригиналниот музички извор е компресиран, се губат делови од високите фреквенции кои ги збогатуваат вашите омилени песни и им додаваат детали. Процесорот за подобрување на дигитален звук (DSEE) верно ги обновува истите за да создаде звук со висок квалитет кој е поблиску до оригиналната снимка.
Слушање со еден допир за моментална репродукција на музика
Технологијата NFC (поле за комуникации во близина) ја елиминира потребата од поврзување со кабли и сложените постапки за поставување. Само допрете го вашиот паметен телефон или друг уред со NFC до ознаката N на куќиштето и почнете да слушате музика. Немате NFC? Нема проблем. Уредите можете да ги впарите и рачно во поставките за Bluetooth®.
Ослободете ја вашата музика со можноста за слушање во повеќе простории
Исполнете го домот со звукот од омилените песни, благодарение на можноста за слушање во повеќе простории. Користете ја апликацијата SongPal за да групирате заедно одредени звучници во вид на лента и звучници од Sony, а потоа проследувајте музика од компјутер или од вашата домашна мрежа во повеќе простории од вашиот дом. Ова е совршен начин да уживате во вашите омилени песни без да се ограничувате на една просторија.
Едноставен начин за испраќање музика кон вашите звучници
Chromecast built-in ви овозможува да ги проследувате омилените апликации за музика од личниот уред кон звучниците. Само допрете го копчето за проследување во апликацијата за музика во вашиот телефон или таблет-уред со Android, iPhone, iPad, Mac®, лаптоп со Windows или Chromebook и изберете звучник или група звучници за да започнете.
Компатибилност со HDCP 2.2 заштита од копирање
HDCP (High-bandwidth Digital Content Protection) е најновата генерација за заштита од копирање. Дизајнирана првенствено за Ultra HD 4K уреди, таа применува напредни техники за кодирање за да создаде стабилна врска помеѓу изворот и приказот, спречувајќи неовластено копирање на содржини заштитени со авторски права.
Безжично проследување на звук со повисок квалитет
LDAC емитува приближно три пати повеќе податоци (со максимална брзина на пренос: 990 kbps) од стандардниот Bluetooth® звук, за врвно уживање во безжичното слушање
Проследување преку Bluetooth® за лично слушање
Проследувајте звук директно од звучникот во вид на лента до вашите слушалки преку Bluetooth® за практично безжично слушање. Компатибилен со висококвалитетните кодеци LDAC и AAC, HT-CT790 е дизајниран за лично гледање, така што треба само да ги ставите слушалките и да уживате во филмови на големиот екран без да вознемирувате никого.
Висок динамички опсег (HDR)
Со поддршката за проследување сигнали со висок динамички опсег (HDR) можете да уживате во неверојатното подобрување на светлината и контрастот на сликата што ја нуди таа, а дополнителните сенки и осветлените делови уште повеќе ги подобруваат деталите на сликата и внесуваат реалистичност во боите.
4K проследување на 4K содржини
Задржете го 4K квалитетот од изворот до екранот. Функцијата за проследување на 4K овозможува пренесување 4K податоци кои потоа се прикажуваат на 4K телевизор или проектор, без намалување на квалитетот на сликата. Овозможувајќи ви вистинско 4K доживување, овој звучник во вид на лента е совршен партнер за 4K телевизорите и плеерите и солидна основа за вашиот систем за домашна забава за во иднина.