2.1-кан. звучник во вид на лента со Wi-Fi/Bluetooth® технологија
Добијте повеќе чувства и возбуда од секоја сцена и песна со овој тенок звучник во вид на лента. Дигиталниот засилувач S-Master ги намалува изобличувањата за да создаде чист и детален звук, а благодарение на LDAC ќе можете да проследувате висококвалитетен звук.
Внесете реалистичност во вашата музика и филмови со јачина и јасност какви што заслужуваат, благодарение на номиналната излезна моќност од 330 W.
Вуферите на двата краја од звучникот во вид на лента создаваат громогласни ниски тонови и јасни средни тонови на широка површина за слушање.
Поврзете го безжично со домашната мрежа и услугите за проследување музика од интернет преку вградениот Wi-Fi® или користете Bluetooth® за проследување звук од вашиот паметен телефон или таблет-уред.
2-системски звучници на двата краја од звучникот во вид на лента кои создаваат балансиран звук со целосен фреквентен опсег.
Ставете го безжичниот сабвуфер од 38 см (15”) каде било за засилување на басот.
Дигиталниoт засилувач S-Master ги репродуцира реалистично сите ваши дигитални аудио датотеки со јасен звук со мало изобличување, дури и при голема јачина на звукот.
S-Force PRO преден опкружувачки звук
Нашата технологија за виртуелен опкружувачки звук ве пренесува во филмовите што ги сакате преку симулација на опкружувачки звук како во кино.
Тенкиот профил на HT-CT790 од 6,4 см (2,5”) нема да ви пречи при гледањето. Монтирањето на ѕид е, исто така, едноставно, а елегантниот црн дизајн беспрекорно се интегрира со вашиот систем за домашно кино.
Кога е монтиран на ѕид, контурите на звучникот во вид на лента го надополнуваат стилот на вашиот телевизор.
Тенкиот дизајн нема да ви пречи при гледањето и секогаш ќе ја гледате целосната слика.
LDAC пренесува приближно три пати повеќе податоци (со максимална стапка на пренос: 990 kbps) од стандардниот Bluetooth® звук, за врвно уживање во безжичното слушање.
Уживајте во звук со поголем квалитет благодарение на HDMI и USB приклучоците, компатибилност за идните заштити од копирање, HDR сигнал и аудио кодеци без загуби.
HDR сигналот нуди исклучителни детали, бои и контраст, со многу поголем опсег на светлина од другите видео формати.
HT-CT790 е компатибилен со заштитата од копирање HDCP 2.2, така што ќе бидете подготвени за идните 4K формати.
HDMI ARC (повратен аудио канал) ви овозможува да се поврзете со вашиот телевизор користејќи само еден кабел за полесна контрола и помалку кабли, а 3x HDMI влезови ви нудат слобода за поврзување повеќе уреди.
Уживајте во стабилна врска со паметни телефони, таблет-уреди и USB уреди, за да можете да го полните вашиот уред или да репродуцирате MP3 датотеки.
Внесете реалистичност во филмовите и музиката со динамичен опкружувачки звук благодарение на форматот DTS-HD.
Уживајте во јасен и реалистичен звук со форматот за компресија без загуби Dolby® TrueHD.
Проследувајте музика низ целиот дом со SongPal Link
Слушајте ја истата прекрасна песна низ целиот дом со опцијата за слушање во повеќе простории, контролирана преку апликацијата SongPal. Користете SongPal Link за да групирате одредени звучници во вид на лента и звучници од Sony, а потоа проследувајте музика во повеќе простории.
Добијте лесен пристап до богат избор на музика и многу повеќе, благодарение на Chromecast built-in (претходно Google Cast™) и Spotify Connect.
Проследувајте музика, онлајн радио и podcast содржини од вашиот паметен телефон, таблет-уред или лаптоп кон вашиот аудио уред. Само допрете го копчето за проследување.
Репродуцирајте од Spotify преку вашиот аудио уред, користејќи ја апликацијата Spotify како далечински управувач.
Проследувајте музика, podcast-содржини и радио преку повеќе од 100 апликации за музика, како YouTube Music и многу други.
Спецификации и функции
- Излезна моќност (вкупна)
- 330W
- Канали на засилувач
- 2.1кан.
- Влезни и излезни приклучоци
- Bluetooth® пренос, Bluetooth® прием, HDMI влез x3, USB, Аналоген аудио влез, Етернет, Оптички влез
- ГОЛЕМИНА НА ГЛАВЕН УРЕД - САМО КУЌИШТЕ (Ш X В X Д)
- 103 x 5,2 x 12,6 см
- ГОЛЕМИНА НА САБВУФЕР (Ш X В X Д)
- 19 × 38,2 × 38,6 см
Што има во пакетот
HDMI кабел, Носач за монтажа на ѕид, Batteries